Преставници од МПЦ се сретнаа со градоначалникот Села

 Преставници од МПЦ се сретнаа со градоначалникот  Села.

 |  Валентина Неловска  | 
Зијадин Села
Зијадин Села

Струшкиот градоначалник д-р Зијадин Села прими делегација  од Македонската православна црква. Тројца свештеници од струшката епархија при посетата му ја честитаа градоначалничката функција на д-р Села.  Градоначалникот Села кусо изјави дека со преставниците од МПЦ разговарале за проблемите кои постојат во општина Струга.

mpcГрадоначалникот при тоа не прецизираше некој конкретен проблем.  

„ Разговаравме за тоа да се има соживот во Струга од етнички aспект. Станa збор и за добриот придонес што може да го дадат и верските службеници за да се постигне целта да имаме мирен и развиен град со перспектива“, соопшти  Села.

Свештениците на МПЦ не сакаа да ја коментираат целта на посетата.

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top