По вчерашните протести пред општина Струга, организирани од страна на Исламската верска заедница, денеска во Струга мирно. Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко кој првично беше во првите редови од неколкуте илјади граѓани од албанска националност кои протестираа во знак на револт за како што кажаа „антиисламистичките пораки и антиислмаските сцени“ прикажани на Вевчанскиот карневал 2012 год., каде се играло со верските чувства на припадниците од Исламската вероисповест., денеска повика на соживот и меѓуетничка толеранција. Тој побара извинување од вевчанци за исмејувањата на Куранот и нив…
Еден од учесниците во оружената престрелка кај струшкото Пливалиште, Михајло Нонески, синоќа ѝ се предаде на струшката полиција.Нонески, кој во инцидентот се здоби со прострелна рана, пред неколку дена избега од струшката општа болница каде беше примен на болничко лекување. Го искористил моментот кога се вршела смена на полициските службеници и побегнал преку прозорец.- Откако дознал дека полицијата му е во трага и оти е само прашање на време кога со судски налог ќе биде уапсен, сам се предаде во полициската станица во Струга, изјави портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димовски.На Нонески, зае…
Два тони нафта исчезна преку ноќ. Во понеделникот 23 јануари годинава во О.У. „Св. Климент Охридски“, Драслајца, за потребите за греење на учениците пристигнале 4 тони нафта. Оваа количина за нецели 24 часа била преполовена од засега непознати сторители. И не само тоа, од училиштето фали апарат за заварување, бормашина, гарнитура клучеви и др, за ТВМ во телефонски разговор кажа директорката, Жана Димоска. Таа рече дека настанот се случил ноќта помеѓу вторник и среда, за што е известена и полицијата. До сега од таму немале никаква повратна информација кој би можел да стои позади оваа тешка к…
Цел град заложник на насилието на еден човек. Вака претставниците на дел од струшкиот невладин сектор го окарактеризира последниот инцидент кој минатата недела се случи во Струга, каде беше инволвирана поголема група на учесници во вооружена престрелка. Помалку зачудувачки од нивна страна е тоа што сите тие како главен виновник за нарушувањето на јавниот ред и мир го посочија Александар Верушески, при тоа неиспуштајќи да ја вмешаат и политиката во целиот настан. Драгица Павлеска Попеска, од НВО Езерка вели дека крајно време е органите на прогонот да заземат вистински став и да завладее пра…
Вчера, четириесет и седумгодишниот Исмаили Минир од струшкото село Шум, пред општинската зграда во Струга го извадил македонското знаме и го запалил, а потоа избегал од местото. Полицијата го привела на информативен разговор во полициска станица во Струга, половина час откако го сторил делото. Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски информира дека сè уште се утврдуваат мотивите поради кои Минир го запалил знамето, а со подетални информации ќе излезат откако ќе ги разјаснат околностите и деталите.Настанот го пријавиле стружани, кои биле очевидци. Од полицијата потенцираат дека не се работи …
Не е малку не е многу да ја видиме судбината на МЈП „Проаква“. Истече и последниот рок за доставување на понуди за концесионирање со МЈП, 16 ти јануар. Во текот на меѓународниот конкурс кој траеше околу 5 месеци имало огромна заинтересираност на фирми., Три од нив подигнале тендерски документации, а до последниот рок за пријавување, понуда доставила само фирмата од Шпанија „Аквалија“, Мадрид. Претседателот на тендерската комисија Владо Чингоски вели дека комисијата веќе одржала состанок, на кој присуствувале и претставници од фирмата од Мадрид. Додава дека понудата на шпанците се состоела о…
Синоќа околу 21 часот и 30 минути, во Струга, случено е нарушување на јавниот ред и мир, во кое учествувале најмалку четири лица. На паркинг просторот кај женска плажа во Струга, најнапред настанала вербална расправија која за кратко време прераснала во физичка пресметка во која, употребено е огнено оружје пиштол. Притоа, лицата М.Н.(35 ) од Струга и В.Т. (31 ) од струшкото село Калишта, се здобиле со прострелни рани во пределот на долните екстремитети додека Д.К. (28) од Струга се здобил со убодни рани во пределот на стомакот. Истите, се пренесени во Општата болница во Струга, каде им …
Ристе Талески го фати чесниот крст во Струга. Тој по трет пат го доживува овој настан, како главен носител на традиционалниот христијански ритуал. Младиот Талески, со помешани чуства на радост и возбуда, изјави дека чест му е што крстот се падна во негови раце. Тој вети дека заедно со неговата тајфа, со крстот ќе ја прошета цела Струга. Златното ланче со крст, подарок од црквата Св. Ѓоргија од Струга, на вратот на Талески го стави митрополитот дебарско – кичевски, г-дин Тимотеј. Годинава оваа црква комплетно го поддржа фрлањето на крстот и осветувањето на водите во Струга, обезбедувајќи фи…