Ристе Талески по трет пат го фати крстот во Струга

Младиот Талески, со помешани чуства на радост и возбуда, изјави дека чест му е што крстот се падна во негови раце. Тој вети дека заедно со неговата тајфа, со крстот ќе ја прошета цела Струга.

 |  Билјана Николоска  | 
Vodici
Водици

Riste taleskiРисте Талески го фати чесниот крст во Струга. Тој по трет пат го доживува овој настан, како главен носител на традиционалниот христијански ритуал. Младиот Талески, со помешани чуства на радост и возбуда, изјави дека чест му е што крстот се падна во негови раце. Тој вети дека заедно со неговата тајфа, со крстот ќе ја прошета цела Струга.

Златното ланче со крст, подарок од црквата Св. Ѓоргија од Струга, на вратот на Талески го стави митрополитот дебарско – кичевски, г-дин Тимотеј. Годинава оваа црква комплетно го поддржа фрлањето на крстот и осветувањето на водите во Струга,  обезбедувајќи финансиски средства, бидејќи како што веќе информиравме, годинава општината за Богојавление остана без кум.

Bogojavlenije

Талески и тајфата кои скокнаа по светиот крстот во водите на реката Ц. Дрим која беше само 2 степени, категорични дека скокањето по крстот е за здравје, ксмет и вера во Бога, а интересот го отфрлија. Стружани масовно излегоа. Двата кеја и чаршискиот мост на реката Ц. Дрим беа преполни. Верниците си го направија своето, се измија и напија од осветената вода и ја потенцираа важноста на христијанскиот празник Богојавление.
BogojavlenijeКако што е добро познато, ритуалот на фрлање на крстот во водите го симболизира влегувањето на Исус Христос во реката Јордан. Дел на стружани сметаат дека нивниот град е автентично место на она каде што Јован Крстител, во тоа време го започнал крштевањето на верниците и горди се на тоа. Денеска во Струга најповеќе се офајдија кафетериите. После фрлањето на крстот, тие беа преполни од луѓе, стари и млади. Скоро и да  немаше место каде да се седне на кафе муабет. Во сите нив ечеше гласна македонска музика, а газдите на струшките кафетерии имаа подготвено и топла ракија која што се служеше бесплатно, секако за тој што сака.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top