Фев 29, 2012

Мерко дециден: „Сите училишта имаа доволно нафта“

Зимава која полека изминува ќе остане запаметена по екстремно ниските температури, големите количини снег и прекините во наставата во многу училишта. Најголемиот дел од струшките училишта се соочија со недоволно затоплени училници, при што, прекинот на наставата беше неизбежен. Серија обвинувања стигнаа на адреса на градоначалникот на општина Струга, Рамиз Мерко, дека не била обезбедена доволна количина на нафта за греење поради што струшките училишта останале без затоплување во деновите со најниски температури. Градоначалникот Мерко ги демантираше ваквите обвинувања тврдејќи дека нафта има…

Фев 27, 2012

Реализацијата на ланскиот буџет на општина Струга-трн во око за советниците

Триесет и шестата седница на советот на општина Струга само што почна, заглави на втората точка. Кварталниот извештај за реализација на буџетот на општината за 2011 година доби најмногу коментари и забелешки од советниците. Пред оваа точка беше изгласана само предлог-програмата за располагање со градежно земјиште во сопственост на Република Македонија на подрачјето на општина Струга. Последниот квартал од минатата година, најсериозни забелешки доби во делот за јавното осветлување и одржувањето на локалните патишта и улици. „Кажавте за улици и патишта дека се комплет потрошени, не знаевме то…

Фев 25, 2012

„Сити лајт“, ќе ја осветли Струга

Три милиони евра за осветлување во Струга. Оваа инвестиција е во рацете на струшката компанија „Сити лајт“, единствената фирма која учествуваше на тендерот за издавање под концесија на уличното осветлување. Со ова ќе се надмине еден горлив повеќегодишен проблем вели градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко. Тој потенцира дека се завршени сите правни работи околу отпочнување со замена на старите и дотраени светилки.Градоначалникот Мерко, потенцира дека многу е важно што тендерот го доби струшка компанија како во секое време би имале увид во она што се работи а и како се изведува замената на ст…

Фев 24, 2012

Помалку средства за проекти на југозападен регион

Управувањето со цврстиот отпад ќе оди со средства на ИПАРД фондовите. Оваа одлука едногласно ја прифатија градоначалниците на југозападниот регион. Со тоа пропаѓа идејата за издавање под концесија на локација за изградба на регионална депонија. Претседателот на Советот на Југозападниот регион Рамиз Мерко вели дека иако не ги добиваат потребните средства од државата тие ќе настојуваат да дадат приоритет на оние општини кои досега воопшто не добиле проект. На денешната седница на југозападниот регион беше претставена и физибилити студијата за собирање, одведување и третман на отпадни води на …

Ное 24, 2021

Изградбата на ски центар на Јабланица ќе ја збогати туристичката понуда

Изградбата на мега проектот – современ ски центар на Јабланица е клучен за развојот на туризмот во охридско-струшкиот регион, сметаат туристичките работници. Ски центарот ќе ја збогати понудата и ќе овозможи развој на туризам во текот на целата година, а не само во летниот период. Спроти реакциите на екологистите и активистите, кои се против ваков проект и бараат заштита на планината, градоначалникот Мерко смета дека треба да се изградат скијачки патеки, но не и хотелски капацитети. Туристите ќе ги користат бројните хотели вдолж брегот на Охридското езеро. Воопшто нема да оштети ни прир…

Фев 23, 2012

Демне опасност над струшката градинка

Прокапе покривот на струшката градинка 8 ми Март. Овој проблем се јави во двата објекти кои ги поседува оваа установа, „Пеперутка“ и „Сонце“. Во моментов сите деца се во просториите на градинката Сонце, заради побезбедни услови. Но колку е таму побезбедно со сигурност неможе да се каже. Директорката на оваа установа Флора Емуш, вели дека сериозно е загрижена за одговорноста која и ја носи функцијата, бидејќи во моментов се соочуваат со големи проблеми, покривите на двата објекти капат, истите се канцерогени, паѓаат лустери на сред воспитно образовен процес и друго. Емуш вели дека од денес г…

Фев 22, 2012

Наголемо ќе се слави јубилејот за македонската химна

ОО на СДСМ од Струга побара пратениците на власта во македонскиот парламент да им кажат на нивните сограѓани каде и кога се одбележа големиот јубилеј 70 години од македонската химна „Денес над Македонија се раѓа“. Исто така тие обвинуваат, дека посебно во Струга, се помалку се придава важност на одбележување на празници кои се од исклучително национално значење. Струшките социјалдемократи велат дека години наназад од ВМРО – ДПМНЕ не најдоа време да дојдат на прославувањето на барем еден празник поврзан со НОБ и Револуцијата како и тоа дека за прв пат се појавија во 2010 година на прославува…

Фев 17, 2012

Бабата или трапот…некој лаже

Снегот во Струга не е лански. Тој оваа зима падна и подолго време се задржа на струшките улици предизвикувајќи голем број проблеми за граѓаните. Но очигледно надлежните замижуваат и ги занемаруваат своите обврски. Директорот на ЈП „Комунално“ Струга, се најде засегнат од вистината искажана на телевизија ТВМ дека Струга е окована во мраз и обвиена со дебела снежна покривка.Нашата констатација се совпадна и со анкетираните стружани, а и со многубројните гледачи кои изминативе денови интензивно се јавуваат во нашата редакција и упатуваат критики за состојбата во Струга. Директорот, наместо да …
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top