Апр 17, 2012

Автобус во Струга се чека под отворено

И да врне и да вее и сонце да пече, стружани на одредени места автобус си чекаат на отворено. Крајно неаздоволни се од состојбата во која се наоѓаат автобуските постојки во градот и околните струшки села.„Не, порано имаше постојки да се сокриеш од дождот, сега и тие ги откорнаа, не е во ред, треба да бидат подобри. Ние граѓаните сме виновни ние ги кршиме“, револтирани се граѓаните.Доколку сакаме некаде да ја лоцираме вината, не треба далеку да бараме. Самите ние сме виновни за ваквата состојба, потврдуваат граѓаните. Не често овој вид на урбана опрема е мета на крадците и вандалите. Истите …

Апр 12, 2012

Детонаторот одекна и во Струга

Близу 40 покер и флипер апарати, маса за рулет и платформи за играње карти и „блек џек“, се пронајдени и одземени во синоќешната акција, која во рамките на акцијата „Детонатор„ беше спроведена во Струга, Велешта,Вевчани и Лабуништа. Акцијата беше реализирана во координација на полициските службеници со инспектори од Управата за јавни приходи во вкупно шест објекти, од каде беа пронајдени и одземени и рулет механизми, материјали за кладилници, 52 специменти-пластични жетони со парична вредност, 33 шпилови карти, 29 клучеви за покер апарати, 6 читачи за покер апарати, 9 коцки за играње, како …

Апр 12, 2012

Главен претрес за случајот „Пливалиште“

Одржан главниот претрес за повторениот судски процес за шанкот убиец, на струшкото Пливалиште.  Пред судијата денес повторно свои изјави дадоа тројцата обвинети, Цвете Вранишкоски, Климе Миладиноски и Гоце Јанески. Вранишкоски остана на претходно дадената изјава, потенцирајќи дека тогаш сметал дека не е потребно да направи проверка на електричната инсталација на објектот, додавјаќи дека од оваа дистанца тоа било погрешно. Миладиноски пак, во својот исказ потенцира дека не бил сопственик или ортак на објектот и дека немал никаква врска со поставувањето на фенерите или електричната инсталациј…

Апр 4, 2012

Висока цена за договор

Паднаа првите високи глоби за одлагање на медицинскиот отпад. ЈП Комунално од Струга треба да плати глоба од 3000 евра, додека пак Центарот за нефрологија 2000 евра. Според претходно направен увид и утврдување на фактичка состојба од страна на државниот инспектор за животна средина Игор Трајкоски, констатирано е дека на посоченото место, јавната депонија на струшкото комунално претпријатие, има одлагање на медицински отпад. Телевизија ТВМ за овој проблем ја информираше јавноста пред околу 10 тина дена при што побара да се посочи виновникот и истиот да се санкционира. Согласно дојавата на ка…

Апр 3, 2012

Струга заплеткана во пајакова мрежа

Под тежината на километри кабел од кабелските оператори, паѓаат столбовите за улично осветлување во Струга. Во близина на пливалиштето, кај кафе барот „Адмирал“ веќе две недели стои срушен еден ваков столб. Тажгур Сулејмани – соработник за јавно осветлување О.Струга, вети дека во најскоро време истиот ќе биде подигнат.„Тој столб досега требаше да биде подигнат од страна на приватна фирма „Сити Лајт“, но не знам зошто досега не е извршена таа услуга, па денес, најдоцна до утре и тој проблем ќе биде решен“, вели Сулејмани.Сулејмани кажа дека кабелските оператори од Струга одамна биле информир…

Мар 30, 2012

Жута го бара ветеното

Ади Жута од Велешта, живее шест месеци во неизвесност. Откако до темел му изгоре краварската фарма во струшкото село Добовјани, со што претрпел штета од 210 000 илјади евра, тој чека помош од државата. Досега во пресрет му излегла Локалната од Струга, со кој гест тој е задоволен.„Од државата после два три дена од трагедијата што се случи на фармата, ми ветија дека ќе ми помогнат и од Министерството и Владата и сега чекам реализација. Инаку од општина Струга она што Советот го изгласа да ми помогнат со 300 000 илјади денари пола ми дадоа, но секој ден чекам да рестартирам и да почнам да рабо…

Мар 30, 2012

Голем ден за студентите

Оливера Спироска и   Марија Стефаноска се дипломирани економисти, а сега студенти на постидпломски студии на Економскиот факултет, при Универзитетот ФОН од Струга. И двете презадоволни од начинот на кој се стекнале со потребните знаења и секако професионалниот однос на професорскиот кадар од оваа високо-образовна институција. Сега за нив иднината и не е толку голема непознаница.„Сега како дипломирани економсти се надеваме дека ФОН Универзитето ќе ни ги отвори вратите и се надеваме на добри работни места, на добро платени работни места, иако уште немам конкретна визија, се определив за сфера…

Мар 29, 2012

Пеликанот и чапјата одлетаа во Преспа

Проблемот со палењето на трската не е нов. Таа се обновува, но исчезнуваат ретките видови на птици. Тоа посебно е изразено на езерскиот појас од Струга кон Калишта. Дали треба на тоа да останеме неми или да прашуваме и да не се откажуваме се додека не добиеме одговор…. Кој ја пали трската? Дали сторителите се свесни за нејзиното огромно значење за езерскиот биодиверзитет? И како е можно тоа дивеење и насилство на поединци да се толерира? Познато е ама добро е да се истакне. Последниве десет години крајбрежниот појас на Охридското Езеро е подложен на силна агресија од страна на човекот.„Ст…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top