По трет пат во Струга се одржува литија со моштите на Св. Георги Победоносец во истоимената градска црква. Моштите беа донесени од истоимениот манастир од Рајчица, Дебар. На процесијата синоќа присуствуваа голем број верници. Масовноста на православните верници од година во година станува се поголема. Повозрасните стружани се потсетија на некогашните времиња кога се празнувал овој ден.
За нив овој ден е најзначаен. Прославата на овој ден не запрела, ни како што велат, во периодот на едноумието. Раскажуваат дека на Ѓурѓовден се одело в црков, попот вртел околу црквата и се враќал назад, а с…
Неодамна изгласаниот Нацрт детален урбанистички план за дел од струшкото крајбрежје, Александар Попоски го чинеше партиска фотеља. Иако денес од Општинската организација на СДСМ од Струга кажаа дека гласањето на двајцата советници на СДСМ за овој нацрт план, бил нивен личен став,а не став на партијата, сепак овој огранок на СДСМ, остана без својот претседател.„Досегашниот координатор на советничката група Александар Попоски не е повеќе ниту претседател на О.О. На експресното барање на централата од Скопје и на инсистирањето на членовите од локалната партиска организација во Струга, тој ја п…
Се ниша фотељата на Петко Кутаноски. Поголемиот дел од работниците денес прекинаа со работа и штрајкуваа барајќи ги своите права. Крајно револтирани велат дека не можат повеќе да издржат без пари и без сини картони, бидејќи сметките се таложат, а со тоа ги трпат и санкциите како што е исклучување на струја, а има и такви кои поради неплатената кирија можат да останат на улица. Дел од нив не сакаа јавно да коментираат пред нашата камера, но кажаа дека директорот лично им се јавувал и им вршел силен притисок, па дури им се заканувал дека ќе ги избрка од работа, доколку излезат на штрајк.„Екре…
Струшките гимназии мирно ја заокружуваат учебната година. Она што беше Средното Општинско Стручно Училиште „Нико Нестор“ од пред три години, извор на инциденти, веќе не е, тврди директорот Васил Максимоски. Тој смета дека со добра организација и соработка со сите кадровски структури на училиштата, скоро и да не се остава простор за инцидент.
Годинава се случиле само два помали инциденти кои благовремено биле расчистени. Максимоски вели дека како одговорни ги презеле сите мерки за безбедност но за тоа допринеле и работилниците за мултиетничка култура и медијација кои биле спроведени во сора…
ОК на ВМРО – ДПМНЕ Струга и официјално има претседател. Новото освежување е Перо Петкоски, активен партиски член, досега без ниту еден белег, како што кажа советничката Лилјана Затуроска. Како што ТВМ веќе информира претседателското место на ВМРО – ДПМНЕ, предизвика голем интерес кај партиските членови и за оваа позиција се пријавија педесетина кандидати. Петкоски е еден од петмината фаворити, Стефан Томаноси, Зорица Кленкоска, Гоце Божиноски и Марко Стрезоски, кои што нашиот медиум неодамна ги објави. Петкоски подготвен за претседателската фотеља и во краткиот телефонски разговор неофиција…
Здравјето пред профитот. 10 илјади жители на Лабуништа секојдневно голтаат прашина од каменоломите во атарот на ова струшко село. Мештаните стравуваат од последиците по нивното здравје. Велат дека надлежните се оглушиле на нивните барања, молби и апели за изнаоѓање решение за проблемот. „Во Лабуништа имаме страшен проблем со каменоломите. Прво овде никој не е дојден ниту од Министерството за животна средина да види како живее ова село 10 000 жители и имаме 3 каменоломи. Нека дојдат од министерството да видат како живееме ние во Лабуништа и да се преземат мерки. Ние ќе му дадеме потполно пра…
Саниран мостот на кејот на Вевчанска река, информираат од општина Вевчани. Мостот веќе подолго време беше во лоша состојба и истиот беше небезбеден за минувачите.
За “6” шајки и неколку дрвени даски овој мост повеќе од една година претставуваше сериозна опасност за минувачите по истиот. Овој мост го користат многу граѓани кои рекреирааат по кејот, но го користат и нашите деца кои одат по кејот до детската градинка и основното училиште. Безбедноста на нашите сограѓани е најважна! А наша обврска и должност е да се грижиме за неа и постојано да ја подобруваме, информира градоначалникот Сп…
Обид за узурпација на спортските терени во Струга. Ова е впечатокот на струшките светници од редовите на ВМРО ДПМНЕ од денешната 38-седница. Деталениот урбанистички план за уредување на крајбрежјето на 3 километарскиот потег од Еврохотелот па се до угостителскиот објект Аквариус, предвидува изградба на хотел П+6(потровје плус шест ката) и скратување на теренот кај ракометното игралиште. Доколку планот добие зелено светло ќе замре спортот во Струга, реагира координаторот на ВМРО – ДПМНЕ, Момчило Аврамоски.„Ние генерално целата промена не ја подржуваме не само патот значи и сите други делов…