Авг 17, 2012

Струга во борба против педофилијата

  Насилството врз децата од ден на ден е се поголемо. Оваа појава ги загрижува од НВО „Езерка“, па токму затоа од денес влегуваат во агресивна кампања, Стоп за сите злоупотреби што се случуваат врз децата. Драгица Павлеска Попеска, претседателот на Езерка, ја поздравува одлуката на Владата за контрола на интернет провајдерите и изјави дека максимално ќе се вложат во борба против ова зло.„Сакаме да ги надминиме сите стереотипи, предрасуди и тредиции, со посебен осврт да апелираме кон сите родители, бабите, дедовците и сите оние кои што познаваат како се работи на интернет а посебно до просве…

Авг 9, 2012

Струшките социјалдемократи избираат претседател

Струшките социјалдемократи комплетно ќе се подноват. На 17 август ќе се назначи претседател на ОО, а покрај тоа ќе се избираат и органите и телата на партијата,  Извршениот и Надзорниот одбор. Секретарот на партијата Даме Ложанкоски, за ТВМ ги обелодени имињата на тројцата кандидати за претседателската позиција на СДСМ, кои ги добија симпатиите на членството на оваа партиска опција.„Тројца кандидати имавме за кандидати за претседател, значи јас сум Даме Ложанкоски, Ристе Чушкоски и Борче Мижимакоски. Интересот за оваа позиција беше голем, значи имаше околу 14 евидентирани кандидати за претс…

Авг 8, 2012

Започна Спортско лето Струга 2012

Дел од олимписките дисциплини од денес пред стружани.  Започнува Спортското лето Струга 2012. Овој проект кој го организира и помага Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија годинава се одржува за прв пат, но од таму изразија надеж дека Спортското лето ќе продолжи и во иднина. „Бевме на повеќе локации неколку пати, но ја избравме Струга. Мислам дека не згрешивме во изборот, бидејќи Струга е спортски град со голема традиција.“-рече директорот на агенцијата за млади и спорт, Лазар Попоски.„Суштината и идејата е на едно место , граѓаните на Република Македонија и посебно најмладите …

Ное 26, 2021

Се решава проблемот со водоснабдувањето во Струга

Се решава деценискиот проблем со водоснабдувањето во струшко. Започна реконструкција на водоводната мрежа и пумпната станица кај изворите во Шум. Ќе се заменуваат и азбесните цевки, а ќе биде поставен и систем за наводнување на обработливите површини, најави струшкиот градоначалник Рамиз Мерко. Со овој проект ќе се реши долгогодишниот проблем на стружани, кои постојано се соочуваат со недостиг на вода. Со пренасочување на водата која доаѓа од резервоарите кај Заграчани со тоа што Струга како град посебно ќе се приклучи на нов цевковод и веќе имаме нов цевковод со осум шахти со ФИ 600 не…

Јул 31, 2012

Се интензивираат археолошките активности на струшкиот музеј

Откриени тајните на локалитетот „Голача“ кај струшко Ташмаруништа.  Истражувањата покажале дека се работи за некропола која датира од VII, односно VI век пред нашата ера,  распространета  на сегашните приватни имоти, факт кој му даде одредена специфика на ова истражување, вели Сашо Цветкоски, директорот на НУ Музеј „Др.Никола Незлобински“. Тој објаснува дека пронајден е објект кој со тек на времето се декомпозирал, бидејќи сопствениците на приватните парцели на кои се наоѓа локалитетот ги изнесувале камењата, односно незнаејќи ги ваделе и ги фрлале. „Што ни беше главната цел, воспоставивме …

Јул 31, 2012

Струга доби индустриска зонa

За два месеци во Струга ќе никне новата индустриска зона. На потегот од река Сатеска до аеродромот, северно од магистралниот пат, на површина од 31 хектар се прават завршните подготовки за сервирање на овој плац на можните инвеститори. Раководителот на Секторот за урбанизам Натмир Неџипи, кажа до каде се подготовките околу завршната документација за трговско индустриската развојна зона на подрачјето на општина Струга.„Иначе документацијата ја работат фирми од Скопје, кај нас поднесено е барање за потребната документација, со нив е излезено на терен, целата консултација помеѓу нас и проектан…

Јул 30, 2012

Музиката е магнет кој привлекува

Музиката е магнет кој трајно привлекува. Денес постојат многу музички имиња на македонската естрада, но ретки се вистинските звезди, забележува познатиот дисџокеј Славе Ќелешоски, од Струга. Според него, кога се работи за забава, секое време си има свое обележје, но најважно од се е добро да се опипа пулсот на публиката и да заиграш во нејзин ритам. „Кога сум во улога на ди џеј, пуштам добро проверена музика, играм, пеам, зборувам со присутните, а не ретко се случува да истурам и кофа вода врз нив, се` во интерес на добра и незаборавна журка, раскажува Ќелешоски. „Да се има смисла и слух за…

Јул 24, 2012

Лабуништани загрозени од каменоломите

Проблемот со каменоломите во струшко Лабуништа наместо да се реши, дополнително се комплицира. Денес народните избраници од оваа месност на 41 та седница на струшкиот совет реагираа до надлежните, да ги преиспитаат уште еднаш нивните барања во врска издавањето на плус 3 нови концесии за каменоломи. Абдула Ќазимоски советникот на Нова демократија од Лабуништа, вели дека извештаите од инспекторите кои направиле увид биле лажни.„Инспекторите од Министерството за екологија дојдоа ми дадоа записник и лично се потпишав на записникот каде беа констатирани неправбилности во работата на концесионеро…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top