Промовиран Зелениот пакет за јуниори. Тоа е прирачник за екологија, кој зборува за подигање на јавната свест од рана возраст, истакна Министерот за просторно планирање и животна средина Абдулаќим Адеми. Неговата примена ќе биде во основното образование како изборен предмет со интенција да премине во училишен предмет, додаде министерот.„Ние како министерство и понатаму ќе соработуваме со канцеларијата на РЕЦ и со другите институции се со цел овој пакет да биде потполно искористен од наставниците и училиштата, вели Адеми.Зелениот пакет за јуниори е изработен во тесна соработка со Министерство…
Градоначалникот Мерко истакна дека за оваа идеја уште пред повеќе од една година формирана е комисија на ниво на Совет на Општина Струга, и е разговарано во неколку наварати со сите координатори од сите советнички групи од сите партии.„Сакаме да ги усогласиме сите ставови окоолу менување на имињата на улиците, бидејќи некои имиња и немаат повеќе смисла во Струга и оваа Македонија, затоа ние направивме анкети преку јавните пишани и електронски медиуми, побаравме од граѓаните и невладиниот сектор, значи од сите релевантни чинители во Струга, да ни дадат предлог имиња и после ние да ги вметне…
Струшките општински функционери за кратко ги соблекоа своите официјални оддела и облекоа дресови. Причина за тоа пријателскиот меч во фудбал помеѓу општината и екипата на УНДП, а повод за натпреварот реновирање на дел од општинската училишна сала на струшката гимназија „Нико Нестор“. Градоначалникот Рамиз Мерко рече дека во спортот нема пораз, само победа. Додаде дека реновирањето на салата било неопходно, за што и помошта од 700 000 денари од УНДП била добредојдена. „УНДП помогна со средаства а општината со работна рака“-вели Мерко.Екипата на УНДП, беше во добра кондиција. Нивниот претс…
Поплаките за невработеноста, најбројни во бележникот на пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Лилјана Затуроска од Струга. Од досега остварените средби помеѓу граѓаните и пратеничката, стружани најмногу од неа бараат да им го реши егзистенционалниот проблем односно вработувањето. Затуроска кажа дека нејзината пратеничка кацеларија во овој дел не може да излезе во многу во пресрет, но работи на процесуирање на нивните барања до институциите надлежни за тоа. „Во изминатиот период начинот на кој што ги решававме нивните проблеми, беше, да ги земаме нивните проблеми, идеи, да видиме кои инс…
Јапонската Агенција и Влада, како и Македонската Влада влегуваат во сериозен проект за реконструкција на колекторскиот систем на Охридското Езеро. Деновиве Јапонската мисија изврши детален преглед на колекторскиот систем на охридско-струшкото тло. Познати по прецизност, тие во двете општини ги отворија сите шахти, ги прегледаа сите пумпи и ги посетија сите места кои се во тесна врска со колекторскиот систем, за да добијат реална слика за функционирањето на овој систем. Дејан Паноски од билатералниот секретаријат вели дека завршниот извештај веќе е на маса пред јапонците, после долго време л…
Размислувањата на локалната од Струга за менување на називите на улиците плоштадите и мостовите, ја разбранува струшката јавност. Стружани генерално против. Како што велат, нив повеќе ги мачат комуналните проблеми со кои секојдневно се соочуваат.Велат дека на улиците во Струга повеќе им треба асфалт,атмосферска канализација,тротоари и решавање на хаосот.Во врска оваа идеја се огласија и политичките фактори од Струга. Перо Петкоски, претседателот на О.К на ВМРО-ДПМНЕ од Струга вели дека градоначалникот на Општина Струга нема право да ги менува имињата на улиците по негова желба затоа што не…
Струшкиот огранок на СДСМ пред две недели доживеа комплетна промена на својата раководна структура. Со одлука на делегатите на Конференцијата на ОО на СДСМ од Струга од 17-ти овој месец, од тројцата најсериозни кандидати кои беа во игра, односно Даме Ложанкоски, Борче Мижимакоски и Ристе Чушкоски, инаку сите активни партиски членови, претседателската функција ја доби Русте Ќушкоски. Тој истакна дека неговиот ангажман во целост ќе биде насочен кон подобрување на животот во Струга како и кон и решавање на наталожените комунални проблеми во овој Град.„ Рак рана е комуналниот проблем во Струга….
26ти Август 1944 година, Караорман, место Рудина. На многу од нас овие неколку податоци не ни значат ништо. Но на храбрите борци од Четвртата албанска ударна бригада им значат многу. Токму на овој датум пред точно 78 години била формирана нивната бригада.
Претседателот на сојузот на борци од Струга, Ајредин Мемеди вели дека ослободителната борба била општонародна и во неа рамо до рамо се бoреле и македонци и албанци и власи и македонци-муслимани и турци.„При заминувањето на бригадата на Сремскиот фронт, бригадата броеше 501 борец и тоа борци од Струга, Охрид и Дебар, а истовремено бригадата…