Елегантни, уредни и горди, припадничките на понежниот пол на УЖ на ОК на ВМРО – ДПМНЕ, Струга и Вевчани, синоќа се собраа во Домот на културата Браќа Миладиновци и го одржаа годишното собрание. „Вечерва го заокруживме сработеното во изминатиот период, од октомври минатата година до денес“, истакна првата дама на ОК на ВМРО ДПМНЕ-Струга Маре Бојчовска- Савеска.„УЖ работеше многу преокти организираше трибини од теми, политика, образование, социјала, економија, ги негуваше тредиционалните вредности, меѓуопштински дружења, соработуваме со многу НВО, се трудиме позитивно да влијаеме во општество…
Вевчани е населба со четири уникатни карактеристики и три нишани. Се започнува од Културно научната манифестација, „Печалбарски денови“, формирана во далечната 1973 година, од група своевремено млади поети, ентузијасти од Вевчани, со една единствена цел, развој на културата на Вевчани. Претседателот на манифестацијата Сашо Бетоски, вели дека Мишо Китаноски е човекот кој е заслужен да се врати духот на манифестацијата која 13 години стагнирала, за да годинава повторно се издигне на заслуженото ниво. Додава, дека гордост е да се работи со вевчанецот Китановски, личноста во чија што душа е вгр…
Десетици илјади верници синоќа го посетија манастирот Св. Богородица, во струшкото село Калишта, по повод 21 септември големиот христијански празни Мала Богородица или Рождество на Пресвета Богородица. И денес пред портата на манастирот можеше да се забележи река од народ кои дојдоа да запалат свеќа и да се поклонат пред светите икони за здравје и среќа. Верниците имаат голема почит кон овој празник и на овој ден доаѓаат од сите страни на земјава и надвор од неа. „Денес е еден од најголемите празници во православието. На денешен ден, сите верници мирот кој што го наоѓаат во манастирот Св. Б…
Имињата на струшките спортисти се почесто на светската мапа на шампиони. Пред нецел месец титулата светски првак во полулесна категорија до 71 кгр, во кик бокс, ја понесе стружанецот Александар Наумоски. „Животот во Америка ми ги отвори портите кон успехот во кик боксот, успех со кој денес се гордеам“. Вака ја започна својата сторија светскиот првак во кик бокс, Наумоски. „Најдов една вежбална случајно во Америка и почнав да вежбам. Тренерот многу ме инспирира и така влагов во натпреварувачките води. Јас дури бев во Македонија се бавев со ракомет секогаш сум имал желба да се бавам со спорт …
И додека секторот за туризам при Општина Струга сеуште ги обработува податоците за тоа како измина оваа туристичка сезона, хотелските работници од овој град задоволни ги тријат рацете. Хотелиерите се фалат дека од месец мај до октомври работеле со исполнетост од 80%, а 85% од гостите кои уживале на струшката ривиера биле странски гости. Ана Јанчева од „Хотел Дрим“ вели дека тајната на успехот се состои во богатата со содржини туристичка понуда, како и анимирањето на гостите за време на нивниот престој. Секако не смее да се заборави и збогатувањето на гастрономската понуда, додава Јанчева.„Д…
Струшките велосипедисти од клубот „Соларис“ организираат голем хуманитарен велосипедснки маратон насловен Бела Ди Супра.Станува збор за автентичното влашко име на селото Горна Белица. Инаку маратонот ќе биде своевидна увертира пред големата хуманитарна крводарителска акција која е во организација на О.О на Црвениот Крст од Струга, насловена како АВТОМОБОЛИТЕ БАРААТ КРВ, ВЕЛОСИПЕДИСТИТЕ ЈА ДАРУВААТ. Коста Хиохи, претседателот на В.К „Соларис“ изненаден од интересот за учество на маратонот.„Се надеваме на голем одзив, според досегашниот интерес од граѓаните, околу 10 до 150 велосипедисти се …
Градовите Струга и Поградец си подадоа рака и заеднички пристапија кон решавање на проблемот околу вработувањето на жените од овој регион. Користејќи ги европските средства од ИПА програмaта на Европската Унија, оваа иницијатива во пракса ја спроведе Локалната агенција за развој од Струга. Катерина Василеска од Локалната агенција за развој вели дека овој проект „Жените преминуваат граници за промени“ ги доведе жените од Струга и Поградец на едно место, со заедничка цел.„Проектот се имплементираше од Април 2011 до Април 2012 година. Проектот се викаше „Жените преминуваат граници за промени“ …
Скулптурата претставува спомен за минатото и чест кон починатите, а воедно и порака за иднината.
На трите плочи каскадно распоредени во вид на буквата „И“, со акростих на Венко Андоноски испишани се трите плочи така што секој стих започнува со почетната буква од имињата на настраданите.
И денес после две години од трагичниот настан тешко може да се смири болката од загубата на тројцата другари, познати во струшката јавност, кои зад себе оставија белег како добри луѓе кои стружани сеуште ги паметат и спомнуваат.
{loadposition content9}