Окт 19, 2012

Трговците со луѓе делуваат на нов начин

НВО „Езерка“- Струга активни во борбата против трговија со луѓе. Трговијата со луѓе е присутен проблем кој што не може да се искорени но мора да се ублажи, потенцира Драгица Павлеска Попеска од оваа организација. Таа додава дека загрижува фактот што Македонија од земја на транзит, стана земја на потекло, посебно, со млади личности од источниот во западниот дел на државата.„Претежно жртвите на трговија со луѓе се до 14 години, бележани случаи од околината на Велес и Кочани во западните делови на Македонија. Но има уште една појава против која Езерка се бори со превенција и едукација заедно с…

Окт 18, 2012

Коалицијата за соживот со предлог-измени на Законот за локална самоуправа

Подобри услови за функционирање и работа на комисиите за односи помеѓу заедниците е само една од целите кон која тежнее Коалицијата за соживот. Денес тие беа во Струга во обид да го слушнат мислењето на граѓаните околу предложените измени на Законот за локална самоуправа. Се работи за предлог измени на членовите 41 и 55 од овој закон, а со кои сметаат дека ќе влијаат кон подобрување на самиот закон.„Целта на овој настан организиран од Коалицијата за соживот, коалиција во која има дваесет организации предводени од организацијата Институт за развој на заедницата од Тетово, е да се соберат што…

Окт 16, 2012

Струшките невладини организации против геј бракови

Невладините организации од Струга се изјаснија против легализирањето на геј браковите, а особено против посвојувањето на деца од родители со исти пол. Едногласно членовите на невладините Езерка, Светлина, Дом за сите, Енхалон, Рурбан Култ од Струга, реагираа и на најавите од одредени невладини организации во земјава за тужба против министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски. „Ги почитуваме сите традиционални вредности бидејќи сме против сите стереотипи и предрасуди, но ги почитуваме сите вредности и човекови права. Не се мешаме во определбата на тие луѓе, особено на овие 5 нев…

Окт 2, 2012

Случајот „Пливалиште“-тапка во место

Судскиот претрес за случајот Пливалиште, Струга се одложи и денес. Причина, отсуство на бранителот Бесник Каба и неговиот клиент, обвинетиот Климе Миладиноски. На денешното рочиште не присуствуваше и вештакот Милан Чундев кој во денешниот претрес требаше да има клучна улога. Бранителот на оштетените Љубиша Мукоски вели дека тежината на предметот, за кој кој после враќањето од Апелација воопшто не се оддржа рочиште, е голема и дека не смее да се дозволи и понатаму да се одолговлекува.„Сами сте сведоци на тоа, дека после враќањето на предметот на повторно постапување од страна на Основниот су…

Ное 29, 2021

Кривична за стружанка поради злоупотреба на службената положба

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување”, ОВР Струга поднесе кривична пријава против А.К.(40) од Струга. Пријавената, како вработена во станица за технички преглед во струшкото село Мислешево, злоупотребувајќи ја својата службена положба и овластување, на физичко лице му издала одобрение за управување на туѓо моторно возило за странски државјанин. При контрола на граничен премин, било утврдено дека одобрението не е валидно и дека недостасуваат потписи од корисникот и сопственикот на возилото – информираат од СВР Охрид.

Окт 2, 2012

Бизниз денови во Струга

„Бизниз денови низ Р. Македонија“. Овој проект на Словенечко Македонскиот бизнис клуб, денес презентиран во Струга. Промовирање  на стопанствата од двете земји како и остварување на добра билатерална соработка е главна цел на средбите од ваков карактер вели извршниот директор на клубот Искра Јовановиќ. Таа истакна дека Словенија е најголемиот лобист на патот на Макеоднија кон Европската Унија. Јовановиќ додаде, дека бенефитот од соработката меѓу двете земји е тоа што, македонците учат како подобро да се работи и како побрзо да се оствари контакт за да може заедно со Словенија да настапи на …

Окт 1, 2012

Почесната конзулка од Флорида воодушевена од Струга

Почесниот конзул на македонската амбасада на Македонија во Флорида, Дејна Клејн ја посети Струга. На заедничка маса со претставниците од струшката општина разговараа за продлабочување на соработката на Струга и Корал Гејблс од Флорида. Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко вели дека овие два града имаат убава заедничка иднина преку соработки во економијата, културата и други области.„Денеска ние сме тука со тимот на секторот за Локален економски развој на општина Струга. Ќе им ги предложиме сите можни проекти кои ние ги нудиме на инвеститорите, како домашни, така и странски. Сигурно дека и…

Окт 1, 2012

ДПМНЕ Струга-Нема промена на имиња на улици без Бадентер

ВМРО-ДПМНЕ од Струга ги сефтоса просториите на новиот општински комитет. Оттаму се огласи претседателот на струшкиот огранок, Перо Петкоски. Тој им порача на стружани дека имињата на улиците нема да бидат променети. Одлуката за промена на имињата на струшките улици  ги разбранува духовите на последната седница на советот на општина Струга, но Петкоски дециден дека ВМРО-ДПМНЕ е категорично против било каква промена на имиња на улици, институции, плоштади. Велат законот и статутот на општина Струга се на нивна страна, но доколку таа промена сепак се случи, имаат и резервен план.„Ние оставаме …
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top