Основците од Вевчани, најверојатно во второто полугодие од учебната година ќе стапнат во новата училишна зграда. При крај се работите околу изградбата на современото училиште Страшо Пинџур. Допрва треба да се изградат спортски игралишта, забавни паркови и пристапни патишта. Првиот човек на училиштето Марјан Костојчиноски, истакна дека изградбата на новиот училишен објект се должи на несебичниот ангажман на градоначалникот на Вевчани, Перо Илиевски, кој постојано лобирал до Владата на Р. Македонија поточно до ресорното министерство да одобрат средства за оваа капитална инвестиција, што сека…
Родителите многу ретко од мала возраст ги носат своите деца во библиотека за децата да стекнат читачка навика. Најмалите читатели се ретки посетители во националната библиотека, потврдува и директорката на установата, Александра Белевска. На детскиот оддел располагаат со над 30.000 книги, а ги набавиле и најновите луксузни изданија на бајки. За да стекнат читачки навики неодамна во соработка со основните училишта се обиделе да реализираат проект организирано читање на бајки, вели Белевска. Со намера да допринесеме за најмладата популација и да допреме до нивната фантазија, настојувавме…
Заедно за едно. НВО „Езерка“, Струга во соработка со наставниот кадар од образовните институции како и со нивните родители, континуирано работат на проблематиката за заштита на децата.Драгица Павлеска Попеска претседателот на Езерка вели, одбележувањето на денот на детето е само уште еден настан во низата активности кои тие ги спроведуваат во врска со децата. Ни руралните средини не се поштедени од пороците на 21 век.-додава Попеска.„Затоа мораме да бидеме будни, имаме и најавувања на вакви случаи кои се кажуваат страмежливо во едно семејство, кај комшијата, кај пријателот се случи тоа. Зат…
Неизвесна судбината на поранешната струшка канцеларија на Агенција за поддршка и развој на туризмот. Од мај 2011 со одлука на Владата седиштето на Агенцијата е префрлена во Скопје. 6-мината вработени во струшката канцеларија останаа каде што беа, додека само двајца вработени на чело со директорот Јордан Трајков се водат во скопската канцеларија. Вработените од Струга сега не знаат каков е нивниот правен статус дали станува збор за канцеларија или поддружница. Нерешениот правен стаус ја отежнува и комуникацијата и потребата од проток на информации. Никој од овие вработените во Струга не е …
По две и пол години активно функционирање под капата на УНИЦЕФ и Цивилниот мировен сервис од Германија, Младинскиот центар од Струга, од денес доби самостојност. Барем до 2015 година, за работењето на центарот ќе се грижи општина Струга. Младинскиот центар, во изминативе две и пол години работеше на унапредување на меѓуетничките односи во мултиетничка Струга.„Јас сум многу благодарен што градоначалникот Мерко се согласи да ги покрива трошоците на Центарот до 2015 година. Тоа е многу важно, тоа е одговорност на сите лидери, да направат се што можат за заедниците да се приближат едни до други…
Агроператива ќе се залага за едукација на земјоделците и нивно доусовршување. Токму оваа канцеларија ќе бидат алка која ќе ги поврзува земјоделците и министрството за земјоделство. „Канцеларијата ја отвораме за да им служи на земјоделците и фармерите за да може овде со нас да ги реализира своите цели“, вели претседателката на „Агрооператива“. „Сите заинтересирани здруженија ќе може да ја користат услугата на оваа канцерија која ќе им биде сервис на сите земјоделци и на сите оние на кои ќе им треба совет, насока, стручна литература организирани и квалитетни земјоделски производи“, вели Мон…
За градот 600 000 денари, а за советниците 800 000 денари. Советот на општина Струга на последната седница даде зелено светло за искористување на средства во висина од 1 400 000 илјади денари само за Новогодишниоте празници. Градоначалникот на Струга Рамиз Мерко уште пред да се изглсаат точките кои се однесуваа за овие средства ги поддржа советниците.„Сигурно ние сме дале предлог ќе видиме што ќе одлучи советот и што ќе побараат советниците тоа ќе го направиме се надевам дека ќе има добро расположение“-вели Мерко.Двете предлог барања беа на претседателот на Комисијата за организирање на ман…
Стружани покренаа иницијатива за обновување на Аџовата чешма. Некогаш оваа чешма постоела на почетокот на Струшката чаршија на главната раскрсница, точно на аголот каде што денес се наоѓа дуќанчето за изработка на клучеви на фамилијата Чурковци.Некогаш во Струга постоела Аџовата чешма. Денес ја нема. Но постојат сведоци кои се сеќаваат на неа, кога како деца тука се собирале да ја згаснат жедта, а и да погледнат некоја убава стружанка која од тука полни вода. Еден од нив е Абаз Цаноски, кој своите сеќавања за Аџовата чешма за да не ги заборави, ги ставил на хартија.„Што да кажам јас како де…