Мар 28, 2013

Затуроска: поддржете ја опцијата кој ви нуди дела проекти и прогрес

Лилјана Затуроска пратеничката од ВМРО – ДПМНЕ, ги пофали своите сограѓани дека на 24 март ја избрале вистинската страна и покажале дека кога се работи за нивната иднина, кога се работи за економски развој на нивниот град ја одбрале правата страна, вистинската опција, која нуди дела, проекти и прогрес.„Во ликот на докторот Кочоски пронајдоа човек кој од Струга после мртвиот период од 8 години ке направи најголемо градилиште во Македонија бидејки во Струга ништо не се изградило во изминативе години освен илјадниците диво поставени т.н урбани опреми или времени објекти кои го нагрдија и унака…

Мар 27, 2013

Победата на Владимир Кочоски во Струга е чиста

Победивме во првиот круг, ќе победиме и во вториот круг, најави Ристо Ќушкоски, носителот на заедничката советничка листа на „Сојузот за Струга“. Тој потенцираше дека само заеднички може да се надминат партиските, верските и етничките бариери, бидејќи се работи за подобра Струга, подобра иднина на нашите деца и идните поколенија.„На 24 март Струга победи, победија граѓаните на општина Струга. Близу 15 000 гласови се изброија на контото на заедничката советничка листа и исто толку и на заедничкиот кандидат Д- р Владимир Кочоски. Во градот Струга кочоски победи со над 4 000 гласови повеќе од …

Мар 23, 2013

Музејот на вода во Струга, ќе почека

Реализацијата на проектот „Изградба на музеј на вода“, во Струга ќе почека. Музејот на вода беше предвидено да се подигне на истекот од реката Црн Дрим од Охридското езеро. Како што е добро познато министерката за култура Елизабета Канчевска Милеска на почетокот на јули месец минатата година најави дека  на тоа место било предвидено да се возобнови наколната населба по примерот на онаа од Заливот на коските во Охрид, како и за археолошкиот локалитет Врбник кои датираат од железното време и во кои според направените истражувања биле пронајдени голем број артефакти. Но работите очигледно не т…

Мар 22, 2013

Чекориме кон Европска Струга

Големата коалиција „Сојуз за Струга“, на само два дена пред изборите се обратија до граѓаните на Струга. Кажаа дека подготвени се да го дадат својот максимум во формирање на една стабилна гарнитура, која ќе работи исклучиво за интересите на граѓаните на Струга без разлика на нивната партиска, верска или етничка припадност. Зголемување на обемот на инвестициите, подобрување на комуналната инфраструктура, квалитетни проекти со невладини организации и здруженија, отарање на нови работни, подобрување на условите во образованието, да се сочуваат и унапредат обичаите и другите карактеристики на м…

Мар 21, 2013

Порака Нова ги крши бариерите меѓу општеството и лицата со Даунов Синдром

Да се отстранат заблудите, граѓаните да се информираат и да знаат што е тоа Даунов синдром и кои се потребите на лицата со оваа состојба. Ова беше целта на денешните активности кои ги спроведе струшкиот центар за подобрување на квалитетот на живот на лицата со интелектуална попреченост „Порака Нова“. Анита Гаговска, проект менаџер во оваа невладина организација, вели дека се работи интензивно на информирање на јавноста дека Дауновиот синдром не е болест, туку состојба која не е пренослива, а дека лицата со оваа состојба се лица кои сакаат да се дружат, да учат, да имаат пријатели, квалитетн…

Мар 21, 2013

Струшките невладини организации повикаа на фер избори

Невладините организации од Струга, Езерка, еколошкото друштво Енхалон и Мегалополис побараа фер избори и почитување на демократските права на сите граѓани. Изразија надеж дека локалните избори закажани за во недела нема да бидат недемократски,  и потенцираа дека белегот кој ќе биде оставен по нивното завршување во секој случај ќе биде позитивна или негативна препорака за Европската унија.„Како невладина организација, јас ги повикувам на масовна излезеност сите граѓани бидејќи нашето мото е „Гласам, значи постојам“, но и гласањето  да биде поединечно, секој да си гласа сам, да го нема семејн…

Мар 20, 2013

Отворена спомен собата на др Незлобински

„Даваме силна поддршка на културното наследство и уметничкото творештво кое што го поседува градот Струга“, истакна министерката за култура Елизабета Канчевска Милеска на денешното свечено отворање на собата на Д-р Никола Незлобински.„Посебно ми е драго што еве денеска во рамките на одбележување на 85 години од постоење на музејот Д- р Никола Незлобински, имаме можнст да ја отвориме музејската поставка, која што го отсликува богатото творешто на еден од основоположниците на музеологијата д-р Никола Незлобински“- додаде Милеска.Директорот на Музејот „д-р Никола Незлобински“, Др Сашо Цветкоск…

Мар 20, 2013

Единствени и одлучни за Струга

Го добиваме мнозинството на Советот како и нашиот градоначалник Др Владо Кочовски, уште во првиот круг, сметаат од заедничката листа за кандидати за советници од коалицијата „За подобра Македонија“, како и од здружената опозиција „Сојуз за иднината“ од Струга. Дел од кандидатите за советници исто така порачаа: – сите оние кои и мислат добро на Струга масовно да излезат на 24 март на Локални извбори 2013, да го дадат својот глас за подобра и попросперитетна Струга, за да можат граѓаните да ги почуствуваат приоритетите од бројните проекти кои чекаат реализација. Впечатокот на кандидатите за с…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top