Авг 22, 2013

Општина Струга ги бојкотира Струшките вечери на поезијата

Општина Струга оваа година ќе ги бојкотира Струшките вечери на поезијата. Причината, како што вели Градоначалникот Зијадин Села е непочитување на Законот за употреба на јазиците од страна на раководството и директорот на СВП. Села барал освен на македонски и англиски оваа манифестација да биде преведувана и на албански јазик. Тоа негово барање било одбиено со едно за него нелогично објаснување, а тоа е дека манифестацијата ќе била пренесувана во живо на првиот канал на националниот сервис. Струга е мултиетничка општина каде повеќе од 60% од населението е албанско па на локално ниво покрај м…

Авг 14, 2013

Струга во знакот на врвниот ракомет

Bо очи на големиот меѓународен ракометен турнир „Струга 2013“ организаторите уште еднаш потсетија на големината на оваа врвна ракометна манифестација. „Ланската година славевме јубилеј 40 години и тогаш ветивме на Струга и македонската јавност дека овој меѓународен ракометен турнир сакаме да го сврстиме меѓу петте најдобри европски ракометни турнири и она што сме го зацртале како цел со сигурност ќе го оствариме“.Градоначалникот на Струга Зијадин Села смета дека спортските манифестации дополнително допринесуваат во развојот на туризмот, бидејќи класичниот туризам веќе го немаме„Меѓународнио…

Авг 14, 2013

Отчет на Села за првите 100 дена

Промена на режимот на сообраќај, отстранување на паркинзите кои беа на самите сообраќајници, ослободување на шеталиштето од металните конструкции, осветлување на дрвениот мост на реката Црн Дрим со многубоен систем, редовно миење на градските улици, уредување и ставање на функција на фонтаната на градскиот плоштад, се само дел од реализираните активности на градоначалникот Зијадин Села, кој успеал да ги спроведе за 30 дена а не за 100 дена како што ветил во предизборната кампања. Но Села на денешната прес конференција по повод 100 дена од неговото делување посебен акцент стави на извештајот…

Дек 5, 2021

Рамиз Мерко избран за претседател на новиот состав на Југозападниот плански регион

На првата конститутивна седница на Советот за развој на југозападниот плански регион, градоначалникот на Општина Струга, Рамиз Мерко беше избран за претседател на новиот состав. Центарот на југозападен плански регион опфаќа 9 општини и за следната година се планирани околу 126 милиони денари за подобрување на условите на сите овие општини. Мерко нагласи дека очекува континуитет во регионалниот развој и поголема поддршка во реализацијата на проектите. Прво на агендата ќе биде воспоставување на систем за управување со отпад за овие региони. За таа цел се одржа средба со градоначалниците н…

Авг 13, 2013

Утре во Струга започнува ракометниот турнир

  Струга се наоѓа пред големо ракометно уживање. Утре на Женска плажа започнува 41 от меѓународен ракометен турнир „Струга 2013“.  Подготовките околу годинешното издание на меѓународниот турнир се одвивале речиси 8 месеци, со цел оваа традиционална ракометна манифестација да биде организирана во најдобро светло, изјави претседателот на турнирот Лилјана Затуроска.„На ова отворено ракометно игралиште покрај охридското езеро како што забележувате сеуште сме во припрема за утрешниот настан кој што ќе се случи, припремите се при крај значи имаме ново асфалтирано игралиште со потребните подлоги у…

Јул 31, 2013

Струшкиот Совет конечно живна

Струшкиот Совет конечно живна. Денес на продолжението од втората седница беа избрани Комисиите од советници како и Управните одбори на Јавните претпријатија. Мал револт покажаа двајцата советниците од ПЕИ, кои сметаат дека се недоволно застапени во Комисиите како припадници на торбшката заедница.„Ни е битно затоа што ние сме избрани од таа заедница и ја претставиваме таа заедница во Советот на општина Струга. Тоа е дискриминација“. Даме Ложанкоски советникот на струшките социјалдемократи рече дека работите во струшкиот Совет конечно почнале да се придвижуваат и дека не очекуваат во иднина п…

Јул 26, 2013

Криза во струшкиот Совет

Криза во струшкиот Совет. Само што почна втората седница, на Советот на општина Струга советниците на ВМРО – ДПМНЕ ја напуштија. Според координаторот на советничката група Перо Петкоски, предлог точките на дневен ред биле обемни и тие немале време да се подготват за истите.  „Исто така Комисиите не беа формирани точките не беа разгледани па прво беше даден предлог да се формираат комисиите, а ние сметаме дека не треба да се избрзува околу формирањето на комисиите. Изненади тоа што советниците на СДСМ кои се во коалиција со ВМРО – ДПМНЕ останаа на седницата. Ставот на координаторот на СДСМ Р…

Јул 16, 2013

Над 890 уметници на Вевчанско културно лето

  Вевчани со забрзани чекори оди кон развој на туризмот. Oпштината културно ќе се издигнува преку организација на ВЕКУЛ, Вевчанското културно лето, кое започна на 14.07 и ќе трае до 08 ми септември годинава. „Ме радува силната поддршка од членството на културната манифестација „Печалбарски денови“ како и на членовите на КУД „Дримкол“ од Вевчани, кои своите програми ги обединија и за прв пат ќе ги презентираат на ВЕКУЛ“, истакана Цветомир Угриноски – градоначалникот на Вевчани.„Нашата општина Вевчани е прва и единствена од помалите општини во Р. Македонија, која организира ваква автентична м…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top