Во организација на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ и издавачките куќи „Матица“, „Македонска“ и „Нобел“ од Тетово, на 23.06.2021г.(среда), со почеток од 11 часот во Паркот на поезијата пред градската библиотека во Струга ќе се одржи „Мини Саем на книгата“, каде што сите љубители на пишаниот збор ќе можат да си ги набават омилените бестселери по саемски цени.
Овој настан е финансиски помогнат од Министерството за култура на РМ, а неговото одржување е во знакот на патрониот празник на Националната установата „Браќа Миладиновци“ – Струга. На 24-ти јуни е годишнината од излегувањето н…
Реката Црн Дрим блесна во неколку бои, коритото од синоќа се прелева во сина, црвена, зелена и виолетова боја. Проектот вклучува инсталацијана арматура изработена од не’рѓосувачки челик. Светилки се поставени од двете страни на коритото во должина од 1800 метри.Според градоначалникот Мерко, Дрим е нова туристичка атракција.-Заслужува Дрим да биде осветлен ноќе бидејќи тука доаѓаат гости, а тука сме и ние стружани кои се гордееме со езерото, посебно реката Црн Дрим која врви низ Струга, вели Рамиз Мерко градоналник на општина Струга.
Екологистите со експресна реакција. Обвинуваат дека ос…
Започна уривањето на платформите во Струга. На атрактивните плажи долж брегот денес започна отстранување на платформите од езерото.
Концесионерите сами ги демонтираат објектите по налог на општината. Градоначалникот, кој денес заедно со вицепремиерот Артан Груби изврши увид на крaјбрежjето, најави дека ќе се отстранат шест платформи за зачувување на статусот на регионот под Унеско.
За разлика од Охрид каде се уриваат и објектите на плажите, во Струга угостителските објекти ќе продолжат да работат.
„Сите тие плаќаат такса како што е наложено во одобренијата од 2010 година. Овде нема ди…
Потпишан е договор помеѓу Министерството за локална самоуправа – Биро за регионален развој и Општина Струга, како носител на проектот.
Станува збор за проектот – реконструкција на патот до село Подгорци.
-За овој проект се издвоени средства во износ од 6.000.000,00 денари од Бирото за регионален развој како и средства од Буџетот на Општина Струга во износ од 3.000.000,00 денари.-информираат од Општина Струга.
Огласот за тендер е во тек.
СВР Охрид трага по возачот на автомобил БМВ, со кое синоќа на магистралниот пат Охрид-Кичево во сообраќајна несреќа беше усмртена 74 годишна жена од Охрид. Несреќата се случила во 18 часот и 45 минути кај селото Горенци, кога возилото со тетовски регистарски таблички директно удрило во жената и веднаш по тоа го напуштил местото на настанот, не укажувајќи и прва помош.
„Во моментов СВР Охрид превзема интензивни мерки со цел да се најде несовесниот возач и да се најде автомобилот со кој што е извршен ударот кој што бил кобен за 74 годишната жена. Полициски екипи веднаш го направија она шт…
На 10-ти јуни 2021 година, во 22:30 часот во населбата „Плитишта“ во Струга, полициски службеници од Полициската станица Струга ги лишиле од слобода И.Р.(26) и Ј.К.(26), двајцата од Струга.
– При преглед во патничко возило „Ауди“ со струшки регистарски ознаки, во кое биле двајцата, бил пронајден и одземен кокаин. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.
Христина Митреска од Охрид е матурантка во училиштетео „Јахја Кемал“ и првенец на генерација во средно образование. Започнала како стипендист во прва година, каде приватното училиште поради освоените поени комплетно и ги покрило трошоците за образование. Денес е првенка на генерацијата, закитена со голем број регионални, државни и меѓународни награди и медали. Најмногу ја привлекуваат природните науки. „Решив моите студии да ги продолжам во Словенија на биотехнолошки факултет…. конкретно ме интересира генетиката и сум заинтересирана да ја проширам таа област во иднина во однос на генет…
Шестотини чадори во различни бои висат на шеталиштето во Струга и привлекуваат внимание на минувачите. Шарената туристичка атракција, која обезбедува и убава сенка во топлите денови ја има во повеќе европски метрополи.
Чадорите се поставени од страна на Јавното Комунално претпријатие.
-„Со овој декоративен проект , сакавме да направиме уште едно привлечно катче во Струга. Тука цел булевар се анместени околу шестотини чадори инцестиција која целосно чини 120 000 денари. Финансирана од нашето претпријатие“, вели Икмет Ислами директор на Јавното Комунално претпријатие Струга.
Во текот на л…