Мар 20, 2014

Предизборната политичка клима во Струга се вжештува

Политичката предизборна клима во Струга се вжештува. Во партиските  штабови  листите на кандидати за пратеници  деновиве треба да ја добијат конечната форма. Општинските партиски организации на своите централи, како по правило, ќе им понудат списоци, за да можат луѓето од партискиот врв да ја направат најдобрата селекција. Додека пак во општинските комитети имаат поинаква процедура, нивните кандидати за пратеници ќе се знаат два дена пред истекот на рокот за доставивање до ДИК кој  е до 29 ти март до 12 часот. Во струшката чаршија веќе се спомнуваат имињата на некои од предложените кандидат…

Мар 20, 2014

Ден на реката Дрим

Денес во  канцеларијата на Билатералниот Секретаријат за сливот на Охридско Езеро во Салата на СРЦ Атина Бојаџи Охрид, официјално ќе ја презентира заложбата за одбележување на  Ден на реката Дрим. Имено започнувајќи од оваа година Денот на реката Дрим ќе почне истовремено да се одбележува во 5- те  држави од Басенот на реката Дрим.{loadposition content9}

Мар 18, 2014

Стоп за инцидентите во струшките гимназии за време на изборите

Нема да дозволиме политичките тензии на партиите во предизборието да создадат проблеми меѓу средношколците во Струга, велат првите луѓе на струшките средношколски установи. За време на изминатите изборни циклуси имаше голем број инциденти меѓу средношколците со политичка конотација, токму затоа ТВМ се обиде да дознае дали превентивно се делува и што се превзема во очи на двојните избори пролетва. Марија Коваческа директорката на „Нико Нестор“, вели дека непопуларната етикета која ја носи училиштето мора да се тргне. Додава дека за тоа ангажиран е  целиот наставен кадар во двете гимназии.„Ве…

Мар 17, 2014

Пронајден хероин во куќа во Струга

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ полициската станица од Струга против Д.У. (67)  поднесе кривична пријава. На 14-ти овој месец, при претрес извршен во неговиот дом во Струга, полициските инспектори пронајдоа 53 грама опојна дрога хероин. Пријавениот Д.У. хероинот го спакувал во помали опаковки и ги сокрил на различни места во куќата. Четири алуминиумски фолии и една дигитална вага се пронајдени во пластична кутија засолната во висечки елементи во кујна на приземјето о…

Мар 14, 2014

Полицијата и невладиниот сектор ја официјализираа соработката

Невладиниот сектор и полицијата продолжуваат и понатаму во борба против секаков вид насилство. Таа соработка денес и официјално беше ставена на  хартија, односно беше потпишан договор за регионално поврзување на невладините организации од Охрид и Струга и СВР Охрид. „Тоа всушност значи зголемување на степенот на меѓусебната доверба и градење на партнерски однос во решавањето на безбедносните проблеми на граѓаните, заеднички ќе градиме постабилно и побезбедно општество“- вели Димовски.Началникот на одделение на полицијата, Велко Спространов, нагласи дека законитоста во работењето, професиона…

Мар 14, 2014

Посета на ученици во струшкиот Совет

Учениците од ОУ. „Браќа Миладиновци“, го посетија Советот на општина Струга. 60 етина деца од четврто одделение имаа можност да се запознаат со работата на струшкиот Совет и практично да видат како се донесуваат одлуки кои влијаат за живеењето во нивниот град. Кај дел од нив веќе постојат амбиции да седнат во советничките клупи и да бидат идни градски избраници, а речиси сите беа запознати која е улогата на Советот. „Дојдовме за да видиме како работат во Советот. Совет е група на граѓани кои му помагаат на градоначалникот да донесе некоја одлука“. Јас научив дека сите таму работаат, избираа…

Мар 14, 2014

5000 денари за првото новороденче во Општина Дебрца годинава

Новороденчето е девојче Славица Мувческа од село Требеништа, која се роди на 01 февруари годинава.Согласно програмата, како општина Охрид, така и општина Дебарца доделува по 5000 денари финансиска помош за секое новороденче. Стојче и Маријана Мувчески се родителите на малечката Славица , кои добија парична помош од општината во вредност од 5000 денари.{loadposition content9}

Мар 13, 2014

Потпишан Меморандум за поддршка на соживотот во Струга

Во Струга денес беше потпишан меморандум за соработка помеѓу општина Струга и Мисијата на ОБСЕ за проектот „Медијација за промена“. Потпис стави струшкиот градоначалник Зијадин Села и амбасадорот на мисијата на ОБСЕ во Р. Макеоднија Ралф Брет. Во Струга пронајдовме партнери со кои може да се зборува за соживот и да се работи за општо добро на луѓето од оваа мултиетничка средина, нагласи амбасадорот Брет.„Дел од нашиот мандат е од една страна да го имаме овој мониторинг, разговараме со многу луѓе во општинитие, во однос на пшревенцијата, што значи тренирање и обучување на луѓето, особено млд…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top