Јул 23, 2021

Реновирана детската градинка во Вевчани

После 40 години реновирана детската градинка „Планински цвет“ во Вевчани. Овој проект го избраа граѓаните, кои преку Форуми на заедниците одлучувајќи како да се трошат нивните пари. Со грант од 66 илјади евра од Швајцарската агенција за обнова и развој, се реализираше изврши „Адаптација и пренамена на простории во детската градинка ЈОУДДГ Планински Цвет“. Се направи замена на електричната инсталација, спуштање на плафоните, опремување на засебен и соодветен простор за индивидуална работа на логопед како и целосно уредување на надворешниот простор за игра на деца со поставување на нови детс…

Јул 21, 2021

Во Струга слаб интерес за вакцинација

Слаб одзив за вакцинација во Струга и струшко. Според официјалните информации на министерството за здравство во општина Струга само 23,1% од населението се имунизирало. Слична е состојбата и во Дебар, таму има уште помал одзив за вакцинација, само 17.3%. Струга беше еден од градовите во земјава  со најголема смртност од последици од корона вирусот. До денес битката со ковид 19 ја изгубиле 197 лица, што е највисока стапка на морталитет од 6,6%, но и покрај тоа нема голем интерес за вакцинација. -Очигледно е дека населението има некоја активност, но не е забележителна. Дали преку медиуми, п…

Јул 22, 2021

Антикорупциска Комисија побара кривично гонење на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко

Антикорупциската Комисија побара кривично гонење на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, јави VOA – Глас на Америка на македонски јазик. Според истиот извор, предметот против Мерко го води Обвинителството за гонење на организиран криминал каде што има уште една постапка против него. извор: VOA – Глас на Америка фото: VOA – Глас на Америка

Јул 14, 2021

Струшките плажи во ек на сезоната само со неколку спасители

На струшкото крајбрежје, во ек на летната сезона ангажирани се само неколку спасители. Иако има концесионери, кои имаат склучено договори со општината, мал е интересот за ангажирање на спасител на плажа. Капалиштата не се ни обележани и нема поставени табли на кои согласно правилникот треба да стои дека плажата е небезбедена. Спасителите се клучни за безбедноста на капачите, но и законска обврска за концесионерите.   -Секој од нас и кога би бил некаде на одмор, но и кога би бил граѓанин на нашиот град сака да се чувствува безбедно на плажа, без разлика во кој дел се наоѓа дали во или вон …

Јул 13, 2021

Еколозите бараат Јабланица да се прогласи за Национален парк

За поголема заштита на природното богатство, еколозите бараат Јабланица да се прогласи за Национален парк. Доколку државата не го направи тоа час поскоро, еколошките друштва во Лабуништа најавија дека сами ќе го заштитат подрачјето, каде со години се врши масакр врз шумите. Иницијативата за прогласување на Јабланица за национален парк потекнува од 2007 година, но постапката за валоризација на природните вредности сеуште не е завршена. -Во случај да се нема слух за прогласување на НП ние као еколошко друштво ќе поднесеме барање за нашиот реон да си стане заштитена зона, односно ние ќе ја пр…

Јул 10, 2021

139 семки од Канабис пронајдени кај стружанец

На 09.07.2021 година, врз основа на судска наредба, полициски службеници од ОВР Струга извршија претрес во домот на К.П.(47) од Струга, заради основано сомнение за кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” , предвидено во чл. 215 од Кривичниот законик. -Притоа, при претресот во домот на К.П пронајдени и одземени се 139 семки од растението Канабис сатива, четири стебла, две метални дробилки и други предмети со остатоци од марихуана. К.П. е лишен од слобода, предметите се одземени а по целосно документирање на настан…

Јул 10, 2021

Спречен шверц на 3 килограми марихуана кај „Ќафасан“

На 9-ти јули 2021 година, во шумски појас во близина на граничниот премин „Ќафасан“ кај Струга, полициска патрола од ОВР Струга, пронајде и одзеде најлонска кеса со околу три килограми марихуана. -Кесата ја пренесувале две лица кои, откако ја забележале полициската патрола, ја фрлиле и побегнале на албанска територија. Се работи на расчистување на случајот.-информираат од СВР Охрид.

Јул 8, 2021

Мерко негира дека нелегално гради 5 викендици во Ливадиште

Алијанса на Албанците обвинува за изградба на пет викендички во авто кампот Ливадиште, во струшкото село Радожда. Од партијата тврдат дека објектите се градат од страна на градоначалникот на Струга и неговите блиски, на земјиште во сопственост на Електрани на Северна Македонија (ЕСМ).  -Овој нов криминал во урбанизмот и животната средина се случува само после една недела откако ДУИ го објави своето ребрендирање во зелена партија. Ја повикувам јавно Владата на Северна Македонија веднаш да ја запре оваа нелегална градба,а  инспекторатот и обвинителството да преземат мерки.-повика Зијадин Сел…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top