Фев 12, 2015

Општина Дебрца работи транспарентно

Транспарентноста е една од најважните принципи врз кои се базира работата на Општина Дебрца. Низ двегодишниов период сведоци сме на огромен број реализирани проекти кои се од витално значење за Општина Дебрца. Таквиот принцип на работа Локалната самоуправа го продолжува и понатаму па својствено на тоа, во оваа прилика, како Градоначалник на Општина Дебрца би сакал да Ви ги најавам и следниве круцијални проекти кои ќе започнат со реализација:Прв проект-Канализација во с. Велмеј.Изградбата на системот за фекална канализација во село Велмеј ќе се состои од главен крак, колектор кој поминува ни…

Јан 21, 2015

Штрајкот на наставнците во Струга станува помасовен

Штрајкот на наставнците во Струга станува помасовен, информира претседателот на РО на Сонк  од Струга, Демирчани Реџепи. Тој посочи дека кон наставниците се приклучиле  и нивни колеги кои не се членови  на синдикалната организација. Децата инаставнците доѓаат на училиште, но нстава не се одржува. Според, најновите измени на  Законот за образование во случај на штрајк заменски наставници во општинските училишта  за оние кои ќе штрајкуваат треба да обезбеди градоначалникот, а за државните ресорното министерство.  ТВМ го контактираше директорот на најголемото струшко основно училиште Јосип Бр…

Јан 19, 2015

Стружанецот Никола Јанкоски прв до светиот крст во Струга

Еден од најголемите верски празници, Богојавление – Водици, денес масовно беше одбележан и во Струга.Илјадници верници од раните утрински часови се упатија кон најстариот храм Свети Ѓорѓија во Струга на Богојавленска  утринската литургија. Од таму, црковната поворка се упати кон мостот на реката Црн Дрим каде двете страни на реката беа претесни да ги соберат илијадниците верници. Најголема среќа годинава имаше стружанецот Никола Јанкоски кој рече дека како дете скокал пет пати, а последниве години три пати скокал со намера да го фати светиот крст и годинава, за прв пат тоа му успеало. Ова з…

Јан 13, 2015

Кулминација на карневалското лудило во Вевчани

Дефилето на маскираните групи од Горно и Долно маало од Вевчани, ќе го означи почетокот на карневалската забава.Свое обраќање на отварањето на карневалот ќе има и министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.Претходно, во 13 часот, таа во центарот на Вевчани, заедно со градоначалникот Цветомир Угриновски ќе го пуштат во употреба монтажниот објект наменет за продажба на сувенири и друг вид културно-туристички промотивен материјал.Вечерва во 21 часот ќе се одржи концерт на етногрупата „Љубојна“ со Вера Милошевска-Јосифовска и Оливер Јосифовски, а гостите на на карневалот по 23 часот ќе…

Јан 24, 2022

Кривична за лице од Велешта поради „бесправно градење“

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Н.В. (64) од струшкото село Велешта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење”. Тој на сопствена парцела на улицата „Наум Наумовски-Борче” во Струга изградил објект за домување спротивно на основниот проект и  без дозвола за градење добиена од надлежни институции – информираат од СВР Охрид.

Јан 12, 2015

Кривична за стружанец кој се заканувал со оружје

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Б.С. (45) од Струга. Основниот суд Струга него му одреди мерка притвор во траење до 30 дена.На 9-ти овој месец,  пријавениот на жител на селото Мислешево му вперил огнено оружје-пиштол во пределот на вратот и стомакот и му упатил сериозни закани дека ќе го убие него а потоа и неговиот син. Настанот се случил во 17 часот и 20 минути во дворот на оштетениот жител на струшкото село Мислешево к…

Јан 10, 2015

Струшкиот градоначалник го раскина договорот со старите и ангажира нови фирми да го чистат снегот од струшките улици

Струшкиот градоначалник, Зијадин Села бара спас од проблемите со снегот, со ангажирање на нови фирми за чистење на снегот од улиците. Неговата одлука во најголемите снегови да го раскине договорот со двете фирми кои претходно беа ангажирани да го расчистуваат снегот од струшките улици, предизвика големи контроверзии во јавноста. Ваквата одлука, тој ја правда тврдејќи дека фирмите не ги испочитувале условите во договорот кој го склучиле со општината. Во него, меѓу другото, стоел и условот, овие фирми да започнат со чистење на снегот кога истиот ќе достигне висина од 5 сантиметри или во првит…

Јан 9, 2015

Жители од струшките села протестираа пред локалната во Струга, се жалат на немање струја, вода и неисчистени патишта

Повеќе жители на Делогожда, Подгорци и дел од другите села во струшката околина денес протестираа пред зградата на локалната самоуправа во Струга. Тие го изразија својот револт поради ситуацијата во која се нашле по обемните врнежи од снег во целиот југозападен регион. Денес со транспаренти во рацете се пожалија на катастрофална состојба на патиштата, недостаток на вода, струја како и лошо менаџирање со општината. Членови од иницијативниот одбор за протестот, кои за жал немаа преведувач на македонски јазик, поставија неколку барања до градоначалникот на Струга, Зијадин Села за подобрување н…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top