Јун 23, 2015

Пожар кај некогашниот базен во Струга

Некогашниот струшки затворен пливачки базен кој е во склоп на ОУ „Браќа Миладиновци“, покрај тоа што се распаѓа и е оставен на забот на времето, вчера го зафати уште една катастрофа. Околу 19 и 40 минути избувнал пожар. Пламените јазици и густиот чад предизвикале паника и вознемиреност кај граѓаните бидејќи пожарот бил во близина на нафтените резервоари на објектот.  Како што не информира командирот на струшката единица за противпожарна заштита Минир Мамуди, дојавата за пожарот до нив стигнала од струшката полиција. Две екипи со три противпожарни возила веднаш излегле на терен и со брза ин…

Јун 23, 2015

Охридското Езеро и неговите демони

Најголемиот проблем со кој се соочува Охридското Езеро е урбанизацијата, којашто навлегува во природните реткости кои се строго заштитени, нагласуваат екологистите од охридско – струшкиот регион. Вчера во организација на Центарот на заедницата Струга се одржа панел дискусија на тема „Охридскот Езеро и неговите демони“. Како што нагласи Дејан Паноски, екологистите сметаат дека сите автохтони работи, трската, блатото, езерската линија и целиот жив свет треба да се сочуваат.„Политиката на туризмот во овој регион треба да се концентрира токму на искористувањето на природните богатства и реткост…

Јун 18, 2015

Струшката градска власт бара итно решение на проблемот со градската депонија

За проблемот со дивата депонија во Струга телевизија ТВМ информира години наназад.  Од проблемот со одлагање на медицински отпад, до нелегалното палење на депонијата, како и загадувањето на воздухот кое што го чуствуваат граѓаните на Струга – сето ова беа теми во нашите информативни програми. Откако минатата недела повторно известувавме за палењето на депонијата, денеска до нашата редакција со свој став се обрати и првиот човек на ЈП „Комунално“ Струга, Гарип Каба. Во телефонски разговор Каба не информираше дека, како и минатата, така и оваа година, дошло до палење или самозапалување на де…

Јун 16, 2015

Лоша состојба на струшките пешачки патеки

  Двете пешачки патеки во Струга горлив проблем за стружани. Едната се протега од Евро хотелот до одморалиштето на Црвениот Крст, Солферино, а другата пак од хангарите на струшкиот веслачки клуб до туристичката населба Калишта. Стружани сметаат дека локалната власт не води доволно грижа за одржување на истите. Тие посебно реагираа за онаа што води до Калишта, посочувајќи дека истата е обрасната со трева, со што, во овој период на зголемена појава на змии, претставува потенцијална опасност за рекреативците. Од Локалнхата самоуправа со оптимистички најави. И од таму се свесни дека пешачките …

Јун 16, 2015

АКВА: Јавното осветлување, легален грабеж на стружани

Здружението АКВА објави податоци за јавното осветлување во Струга и околината. Според резултатите од последното јавно истражување, претседателот на здружението АКВА, Димитрија Голабоски објави информации со кои тврди дека на стружани им се случува легален грабеж со уличното осветлување, како резултат на штетниот договор, кој претходната локална власт го склучи со приватниот партнер. Како што речеГолабоски, со цел да се утврди  која е потребата за склучување договор и префрлање на правата и обврските за осветлување на приватен партнер, направиле акција во која нивните волонтери светилките од…

Јун 13, 2015

Охрид и Струга да се нудат во пакет

Охрид, Струга, Пештани односно  цело крајбрежје од Радожада до Св Наум на туристите треба да им се нудат во пакет. Само со една таква промоција на големите тур оператори ќе им дадеме до знаење дека сме значајна туристичка дестинација која нуди над 10 000 легла. Вакви се размислувањата првиот човек на ХОТАМ Крсте Блажески, околу промоцијата на туристичките капацитети на Охридското крајбрежје. Конкретно за Струга Блажески смета дека градот е  застапен онолку колку што заслужува да се промовира со постоечките хотелско угостителски капацитети. „Ако треба да се троши време и средства за 4 хотели…

Јун 12, 2015

Рачна дезинсекција викендов во Струга

Општина Струга известува дека на 13.06.2015 (Сабота) и 14.06.2015 (Недела), ќе се врши дезинсекција против комарци во општина Струга. Запрашувањето ќе се врши рачно.„Дезинсекцијата ќе започне од 20:00 часот во специфични, проблематични точки на целата територија на општината. Истовремено се известуваат пчеларите да ги преземат мерките за заштита на пчелите во наведениот период.-стои во соопштението.Од општина Струга информираат дека препаратите, што ќе се користат при дезинсекцијата не се штетни за луѓето и животните.  

Јун 10, 2015

ХОТАМ: Со измени во Законот за угостителство до подобри стандарди во туризмот

Македонските угостители бараат начинот на кој се пресметува ДДВ на храната да претрпи корекции. Намалување на ДДВ од 18 на 5 проценти за храната хотелите и во рестораните, што би значело стимулации во угостителството и во хотелиерството, неодамна иницираа претставниците на Здружението на угостителството и на туризмот при Стопанската комора на Македонија. Според престедателот на ХОТАМ Крсте Блажевски, измените во Законот за угостителство би придонесле пред се да се подигнат стандардите во туризмот. Според него, доколку сите хотелско ресторански услуги би имале 5% данок, би било многу поеднос…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top