Охрид и Струга да се нудат во пакет

Охрид и Струга треба да се нудат во пакет и целото крајбрежје од Радожда до Св Наум да биде една поголема дестинација која ќе се промовира пред тур операторите, смета претседателот на ХОТАМ, Крсте Блажески. Во моментов Струга како туристички центар со мал број хотелски капацитети и само 1000 легла е доволно промовиран на туристичкиот пазар, смета претседателот на ХОТАМ.

 |  Николоска Биљана  | 

Охрид, Струга, Пештани односно  цело крајбрежје од Радожада до Св Наум на туристите треба да им се нудат во пакет. Само со една таква промоција на големите тур оператори ќе им дадеме до знаење дека сме значајна туристичка дестинација која нуди над 10 000 легла. Вакви се размислувањата првиот човек на ХОТАМ Крсте Блажески, околу промоцијата на туристичките капацитети на Охридското крајбрежје. Конкретно за Струга Блажески смета дека градот е  застапен онолку колку што заслужува да се промовира со постоечките хотелско угостителски капацитети.

„Ако треба да се троши време и средства за 4 хотели тоа би било апсурд. Има една тука едно прекрасно крајбрежје и еден ден во следниве десет години сакам да има десеттина хотели од типот на 250 соби, каде би имале 2500 соби, 5000 легла и уште 1000 сегашни што постојат значи едно 7-8 000 легла. Кога се зборува со некои поголеми туристички оператори без 10 000 евра не сме доволно интересни како туристичка дестинација – објаснува Блажески.

Размислувањата на Блажески се дека никогаш не е на одмет поголема промоција на саемите за Струга и струшкото крајбрежје но нагласи дека во изминатите неколку години направени биле повеќе рекламни спотови и зголемено учество на меѓунароните собири за туризам, како и одобрување субвенции за странски туристи. Тој вели дека се тоа влијаело на зголемување на интересот кај туристите за нашата држава и подобрување на имиџот на земјата.

„Не можам д нападнам некого да кажам дека не е тоа доволно. Јас би бил посреќен доколку општината среди паркови и зеленила во градот, ако градот ни биде многу почист, осветлен, ако е решен паркинот, одморалиште за автобуси застанување, тука блиску имаме граничен премин за да не се случува автобусите на граница да чекаат со саати. Тоа се некои проблеми кои многу лесно се решаваат но не разбирам зошто секоја година се провлекуваат никако да се решат“ – вели претседателот на ХОТАМ.

Според Блажески Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот си го одработува своето, но конкретно за Струга потребни се големи вложувања и влез на крупни инвеститори кои ќе изградат големи хотелско угоститески капацитети. Но за жал тоа сеуште не е возможно бидејќи крајбрежниот појас на струшкиот дел од Охридскот Езеро сеуште не е урбанизиран.

{loadpsoition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top