Во врска со одржувањето на културната манифестација „Струшки вечери на поезијата“, полициската станица од Струга, презема низа неопходни мерки со цел безбедно одвивање на планираните програмски активности.Безбедносните мерки се насочени кон оперативно покривање, сообраќајно и физичко обезбедување на објектите и местата каде се планирани активностите а ќе бидат во функција на непречено одвивање на овие значајни културни средби. Во таа насока, на 29-ти и 30-ти август, во централното градско подрачје ќе биде воспоставен посебен режим на сообраќајот со привремено ограничено движење на моторн…
Со прашањето за секогаш за вечнатниот конфликт помеѓу поезијата и современиот начин на живеење годинешниот добитник на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата, кинескиот поет Беи Дао им оддаде признание на Струга и на Македонија, како прекрасни домаќини на овој фестивал. Дао кажа дека прекрасно е чуството да се слушне поезијата како начин на изразување на еден фестивал, во една дамнешна земја во која се говори на јазик кој не е распространет.„Сите овие промени кои се случуваа како перење на мозокот на луѓето со што материјалното се става пред духовното, е не давање предност на слоб…
Во селото Белчишта се асфалтираше пристапниот пат до училишната зграда.Овие активности се уште еден показател за одличната соработка меѓу училиштето и Локалната самоуправа, а во насока на обезбедување посигурна средина за нашите ученици, кои секогаш се приоритет за сите во општина Дебрца. Активностите беа спроведени во соработка со Локалната самоуправа и со несебичната помош на Градоначалникот г-нот Игор Трајкоски кој обезбеди парични средства.
„Многу холандски туристи, на Охридското Езеро во Македонија, лежат болни во нивните хотелски соби, место да уживаат покрај базен или на плажа. Неколку лица се згрижени во болница.“ Вака започнува написот во холандскиот весник „Телеграф“. Во статијата во која амстердамскиот весник се повикува на извесна Рина топ Брауер, која престојува во хотелот Изгрев спа и аквапарк, пишува дека холандски туристи, се пожалиле на вирус со симптоми повраќање и дијареа. Во статијата поместена е и изјава на извршниот директор на Корендон, кој вели дека дваесет холандски туристи кои преку овој тур-оператор при…
Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ со проектот патувачкото кино, од 10-ти до 22 август ќе се одржува во Општина Дебрца, Охрид.Целта е непосредно да се влијае во процесот на децентрализација на културата во државата и да се овозможат кино проекции во мали и рурални места. Ќе се прикажуваат кино проекции во Волино, Белчишта, Издеглавје, Мешеишта, Слатино, Ботун, Злести, Оровник, Лешани и Велмеј.„МакеДокс“ шеста година по ред со своето патувачко кино ги посетува подзаборавените региони во Македонија.
Стружани собираат помош за тетовчани. Во организација на ОО на Црвениот крст од Струга, денес во струшката чаршија, отворени се собирни пунктови каде граѓаните можат да донираат финансиски средства или пак друг вид на помош. Во акцијата се вклучи и клубот на млади на струшкиот црвен крст. „Пунктовите ќе бидат поставени по плажите и по шеталиштето на градот. Акцијата ќе трае во наредните денови се додека мислиме дека од тоа ќе има потреба ние ќе бидеме тука да помогнеме. Секако дека граѓаните имаат голем интерес да помогнат во последно време има пункт и во нашата организација оставаат хиги…
Почна рушењето на времените угостителски објекти на струшката ревиера. Вчера па и денес на една од плажите издадени под концесија на влезот во градот по стариот патен правец Струга – Охрид, почна демонтирање на објектите. Концесионерот Агим Алиу револтиран е на струшкиот градоначалник Зијадин Села, дека тоа се прави во екот на туристичката сезона, кога на плажата врие од посетители.„Иако ние имаме уверение за користење односно за вршење угостителски услуги кои не се почитувани од страна на актуелниот градоначалник и неговите инспекциски служби, не би сакал ова да се случи во ова време, одно…
Стружани се жалат дека во летните месеци редовно се соочуваат со проблемот на водоснабдувањето. Од почетокот на јуни, па во текот на целиот летен период, жителите од делови на градот постојано се соочуваат со слаб притисок на вода кое трае и по неколку дена. Често се случува да немаме вода, а и кога ја има, таа е со слаб притисок, велат локалните жители, а посебно оние кои живеат од трет кат нагоре во станбените комплекси. „Многу е слаб притисокот, со пумпа вадиме вода. ова е туристичко место и не треба да има проблем, со водоснабдувањето“ Со истиот проблем се соочуваат и кафетериите и дуќа…