Стружани им помагаат на тетовчани

Општина Струга ќе им помогне на граѓаните на Тетово чии домови настрадаа во поплавите во овој град. Со свои активности се придружува и клубот на млади на струшката организација на Црвениот крст кои веќе поставија пунктови низ градот.

 |  Николоска Биљана  | 

Стружани  собираат помош за тетовчани. Во организација на ОО на Црвениот крст од Струга, денес во струшката чаршија, отворени се собирни пунктови каде граѓаните можат да донираат финансиски средства или пак друг вид на помош. Во акцијата се  вклучи и клубот на млади на струшкиот црвен крст.

„Пунктовите ќе бидат поставени по плажите и по шеталиштето на градот. Акцијата ќе трае во наредните денови се додека мислиме дека од тоа ќе има потреба ние ќе бидеме тука да помогнеме. Секако дека граѓаните имаат голем интерес да помогнат во последно време има пункт и во нашата организација оставаат хигиенски средства а сигурна сум дека и вртат на броевите“ – вели Даути.

И општина Струга, презама активности за настраданите во природната катастрофа што пред неколку дена го зафати тетовскиот регион. Од таму велат дека соочувствуваат со тетовчани за нивните загуби на најблиските како и за материјалните загуби. Тие денес испратиле три пумпи за црпење вода и една специјална машина за движење по нерамни терени заедно со противпожарната служба. Исто така од таму информираа дека за време на одржувањето на традиционалниот фестивал Кнга Јехо ќе одределе пункт за доброволно донирање на граѓаните на средства, а предвидено било и одржување на вонредна седница на Советот на општината за да се донесе одлука за испраќање на помош за граѓаните на Тетово. Од општина Охрид засега нема никаква најава дека ќе се спроведува некаква активност за помош на настраданите во тетовскиот регион. Со свој став во врска со тоа излегоа охридските социјалдемократи.

„Ние сме сведоци дека општините во кои власта локална ја има опозицијата уште во првиот момент се ставија на располагање за потребите на тетовчани. Како што знаете оштина Куманово со одлука на совет одвои половина милион денари помош и ние очекувавме од Локалната власт истото да го направи со една вонредна седница доколку оцени дека Охрид има такви можности и доколку Локалната самоуправа е моќна такво нешто да направи, до овој момент немаме“ – изјави Тунтев.

Тунтев изјави дека од советничката група на СДСМ ќе покренеле иницијатива, да се одржи седница на која со консензус би се донела одлука да се помогне во Тетово онолку колку се може.
 Инаку, Охридска банка донираше  6,5 тони вода за пиење кои беа предадени на кризниот штаб во Шипковица, селото кое беше најпогодено од поплавите во тетовски регион.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top