На Струга и се случува институционално деградирање и пренесување на институционалните ингеренции од Струга во Охрид. На ова денес реагираа од Движењето на реформи на ДПА од Струга. Како што нагласи претседателот на оваа политичка опција Сурија Рашити оваа појава ги вознемирува граѓаните на Струга и посочи каде тоа најмногу доаѓа до израз.„Последно време сме сведоци на вработувања без никаков критериум и без конкурс на активисти на ВМРО – ДПМНЕ во МВР Струга. Нашите информации зборуваат за 5 такви вработувања. Со одлука на дирекцијата на Пазарна инспекција се разрешува началникот на овој инс…
Едно лице го загуби животот во сообраќајната незгода што вчера во 17 часот и 10 минути се случи на кеј „8 ноември“ во Струга во близина на реката Црн Дри, информираат од СВР Охрид.На лице место починал Невзат М. (48) од Струга. Незгодата се случила во момент кога сега починатиот, управувајќи моторно возило марка „Даеву Нексија“ со струшки регистарски таблици, на кејот започнал да го придвижува возилото наназад. Притоа, се приближил до реката по што возилото излетало и паднало во водите на Црн Дрим. Поради брзината на водата во реката, возилото веднаш било завлечено по течението. Подоцна во…
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Злоупотреба на службена положба и овластувања“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 35- годишен стружанец.- Пријавениот, во периодот од јуни до септември оваа година, во својство на директор на МЈП „Проаква“-Струга во неколку наврати, со неизвршување на својата службена должност, не организирал благовремена набавка на хлор и други заштитни хемиски препарати за тековното чистење на водите од изворите што се користат за градскиот водовод за Струга и околните населби. Во текот на август годинава, во по…
Во скриените депоа на црквата „Св Ѓорги“ во Струга, пронајден фрагмент од фреската на Успение на Богородица. Станува збор за поголем фрагмент од средновековна фреска, која, како што информираше проф Сашо Цветковски од Центар за проучување на културно наследство при МАНУ, најверојатно припаѓала на најстарата црква што постоела тука уште од 13 век. Цветкоски вели дека тоа за науката претставува големо откритие за кое допрва ќе се подготвуваат сите научни анализи.„Во наредните денови следува нејзино конзервирање, комплетно санирање и за извесно време ќе биде изложена во галеријата на Св Ѓорги….
До крај на годинава треба да бидат готови елаборатите за валоризација и ревалозризација на старите струшки куќи, кои треба да бидат под зашита. Директорката на НУ „Завод и Музеј“, Охрид, Тања Паскали Бунташеска открива дека има повеќе објекти во Струга кои веќе не постојат, односно ги изгубиле својствата како заштитнички споменички добра. Додава дека голем број од нив биле отпишани, бидејќи објектите не постоеле односно биле срушени. Тоа било последица на законските измени со кои на институциите од областа на заштитата на културното наследство од 1999 до 2005 година им биле одземени одре…
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело “кражба“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против М.Д. (40) од струшкото село Октиси. Со намера да изврши кражба, на10-ти октомври оваа година околу 14 часот, пријавениот се упатил во џамијата-Теќе „Алвети Хасан Баба,“ во Струга. Најнапред направил обиколка на џамијата по што, искористил погоден момент и со тргање, насилно извадил две камери поставени на sидовите од џамијата со што предизвикал материјална штета од 18.000,оо денари. Потоа брзо избегал од местото по што со украдените камери се упатил према селото…
Во Струга е неопходна изградба на социјални станови. Бројот на лицата кои немаат покрив над глава или пак живеат во лоши услови од ден на ден расте. Од Агенцијата за стопанисување со стамбен и деловен простор велат дека тие уште пред неколку години сакале да започнат со изградба на социјална зграда. Дури била позната и локацијата каде требало да се гради. Тоа е на патот за Ќафасан, наспроти Бау Центарот Набизи. Но, сето останало само на идеја бидејќи не наишле на заеднички јазик со градоначалникот на Струга, Зијадин Села.
Комуникацијата со градоначалникот ни е на ниско ниво. Без негова …
Советот на Европската Асоцијација на Универзитети на состанокот одржан во Брисел на 23.10.2015, ја прифати апликацијата на МУС, за полноправно членство во ЕУА. Со тоа МУС стана првиот приватен универзитет на Балканот кој е официјално примен како полноправна членка на Европската Асоцијација на Универзитети – ЕУА.Приемот на еден универзитет во ЕУА е едно од најголемите признанија кои може да се добијат, со оглед на тоа што ЕУА прави строга контрола и селекција на апликациите за членство, на неколку нивоа. Со тоа, членки на ЕУА може да станат само оние универзитети кои стриктно ги почитуваат и…