• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Струга
  • МЕЃУНАРОДНИОТ УНИВЕРЗИТЕТ ВО СТРУГА СТАНА ЧЛЕН НА ЕВРОПСКАТА АСОЦИЈАЦИЈА НА УНИВЕРЗИТЕТИ

МЕЃУНАРОДНИОТ УНИВЕРЗИТЕТ ВО СТРУГА СТАНА ЧЛЕН НА ЕВРОПСКАТА АСОЦИЈАЦИЈА НА УНИВЕРЗИТЕТИ

Советот на Европската Асоцијација на Универзитети на состанокот одржан во Брисел на 23.10.2015, ја прифати апликацијата на МУС, за полноправно членство во ЕУА. Со тоа МУС стана првиот приватен универзитет на Балканот кој е официјално примен како полноправна членка на Европската Асоцијација на Универзитети – ЕУА.

 |  Голабовски Крсте  | 
logo

Советот на Европската Асоцијација на Универзитети на состанокот одржан во Брисел на 23.10.2015, ја прифати апликацијата на МУС, за полноправно членство во ЕУА. Со тоа МУС стана првиот приватен универзитет на Балканот кој е официјално примен како полноправна членка на Европската Асоцијација на Универзитети – ЕУА.

univerzitetПриемот на еден универзитет во ЕУА е едно од најголемите признанија кои може да се добијат, со оглед на тоа што ЕУА прави строга контрола и селекција на апликациите за членство, на неколку нивоа. Со тоа, членки на ЕУА може да станат само оние универзитети кои стриктно ги почитуваат и имплементираат образовните стандарди и критериуми на Европската Унија. Всушност, фактот што ниту еден приватен универзитет од Балканот не успеал да стане дел од ЕУА, е само потврда за строгата селекција и ригорозната контрола која се прави при приемот на еден универзитет за член на ЕУА. Ваквата строга селекција на членките на ЕУА е една силна потврда за квалитетот на наставниот процес на МУС и особено за научно-истражувачкиот потенцијал со кој располага МУС.

ЕУА е најреномирана асоцијација на универзитети во Европа, во која членуваат околу 850 универзитети, на кои студираат повеќе од 17 милиони студенти, од 47 земји. Членки на ЕУА се напрестижните универзитети од Европа, кои се наоѓаат на Шангајската листа на 500-најдобри универзитети во светот. Многу е мал бројот на универзитети надвор од листата 500-најдобри во светот, кои успеале да станат дел од ЕУА, кои ги исполните ригорозните критериуми и кои ги поминале сите фази на строга селекција на кандидатите.

univerzitetЧленството во ЕУА е од непроценлива важност за МУС, за неговите студенти, но и за унапредување на образованието во Република Македонија и во регионот. Членството носи бројни придобивки, при што една од најважна е можноста да се слушне гласот на образовните институции од Македонија и регионот, при креирањето на образовните политики на ниво на Европската Унија. ЕУА има тесни врски со Европската Комисија, Европскиот Парламент и другите клучни институции на ЕУ, преку кои силно влијае на образовните политики кои се креираат во ЕУ.

Уште позначајна придобивка од членството во ЕУА е автоматското признавање на дипломите на МУС, од страна на универзитетите членки на ЕУА. Тоа значи дека нашите дипломирани студенти може без никаков проблем да го продолжат своето образование, на кој сакаат престижен универзитет во Европа, без притоа да се соочат со било каков проблем при признавањето на дипломата. Покрај тоа, ова овозможува и студирање со користање на огромните образовни фондови за стипендирање на високото образование, кои ги става на располагање ЕУ.  И тоа директно, бидејќи тие фондови за стипендирање на студии на најпрестижните Европски универзитети, се во најголем обем наменети за студентите кои доаѓаат од земјите од Источна Европа, а на овој начин нашиот универзитет ќе има непосреден пристап и влијание врз распределбата и користењето на овие средства.

студентиПокрај тоа, членството во ЕУА носи и бројни други придобивки. Тука е и можноста да се разменуваат искуства и практики со најпрестижните универзитети од ЕУ, да се реализираат заеднички проекти со најистакнатите научни работници кои работат на највисоко рангираните универзитети во Европа, да се биде непосредно информиран со најновите истражувачки резултати спроведени во врвните истражувачки центри, да се има директен пристап до најреномираните публикации, објавени од најпознатите европски научници, како и многу други придобивки.

На крај би сакале уште еднаш да го изразиме нашето силно задоволство од фактот што додека Република Македонија се соочува со бројни проблеми поврзани со членството во ЕУ, Меѓународниот Универзитет во Струга, успеа единствено благодарение на силниот квалитет да стане дел од Европската Унија – дел од најреномираната високообразовна институција во Европа. Ние, всушност веќе ги внесовме нашите студенти во Европа, и тие се сега дел од Европското семејство – дел од Европската Унија.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top