Дек 24, 2021

Протест на учениците од средното училиште „Ибраим Темо“ Струга

Осумдневен притвор за професорот од струшкото „Ибраим Темо”, кој вчера со метален боксирач повреди уеник во глава. Учениците од средното струшко училиште, денеска со мирен протест пред струшкиот суд. Го изразија својот револт. Гневни и лути бараа притвор и висока казна за професорот, кој го повреди ученикот. За случајот што се случи вчера да не се повтори пак. Да добие притвор не сме сложни да биде пуштен. Нас не пуштаат на училиште за да сме слободни. Не сакаме да одиме со страв во школо – вели Сара Кадриоска ученик од средното училиште „Ибраим Темо”. На вчерашниот инцидент му прет…

Ное 28, 2015

Беса: Струга е село во споредба со олимпискиот Охрид

Некогашниот затворен струшки пливачки базен, од кој денес остана само една грда руина, собиралиште на наркозависници, тема на движењето Беса од Струга. Од таму остро се спротивставуваат на како што велат анти албанските политики спроведени од страна на владеачките партии ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ во  Струга,  кои пак од друга страна делуваат заедно кога се во прашање интересите на граѓаните на Охрид. Како што нагласи Фатмир Емуш од движењето Беса, тие немаат ништо против граѓаните на Охрид но категорично се против неспособноста на функционерите на ДУИ кога се во прашање капиталните инвестиции кои се…

Ное 26, 2015

Експерти: Соодветна опрема, а не само теоретска подготвеност на службите за заштита и спасување

Локалните капацитети за заштита и спасување освен теоретската и практична подготовка, мора да поседуваат и соодветна опрема за дејствување во случај на некоја катастрофа. Според претставникот на Данската агенција за управување со вонредни ситуации, ДЕМА, проф.д-р Шефик Мухиќ, предвидувањето на можните последици, како и оперативните акции за минимализирање на истите, е еден од најважните процеси во спречувањето на катастрофите или барем сведување на материјалните штети и загубата на човечки живот на најниско можно ниво. “Тука мора да се пронајде еден баланс, заедно со останатите сегменти ко…

Ное 26, 2015

Кривични пријави за двајца секачи од струшко

Двајца секачи на дрва од струшкиот огранок на Јавното претпријатие „Македонски шуми“ заработија кривична пријава за кражба на дрва. Двајцата, наместо за претпријатието, дрвата си ги складирале за своите домови.Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „кражба на дрва“, СВР Охрид и Регионален Центар за Гранични Работи-Запад, поднесоа кривична пријава против Е.К.(28) и Г.К.(21) двајцата од струшкото село Шум.Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид, соопшти дека во текот на септември и октомври годинава, пријавените против правно исекле 42 просторни метра необележани дрва во шум…

Ное 18, 2015

Струшките советници богато ќе ја дочекаат најлудата ноќ

Струшките советници со 10 600 евра буџетски средства ќе ја дочекаат најлудата ноќ. На последната седница на Советот на општина Струга мнозинството на советници ја донесоа Програмата за дочек на Нова година. Во оваа економска криза ќе бидат потрошени високи  суми на средства за најлудата ноќ, согласни дел од советниците од СДСМ и ВМРО – ДПМНЕ. Даме Ложанкоски категоричен дека никогаш не биле против реализација на програмата за Нова година, но смета  дека тие средства би можеле да завршат на детското одделение Струга каде состојбата во моментов била алармантна.„Но боде очи тоа за ставката на …

Ное 18, 2015

Еколошките проблеми на Струга во фокусот на трибината на МОСТ

Загадувањето на водата за пиење во Струга главна тема на синоќешната средба која ја организира граѓанската асоцијација МОСТ. Стружани изреволтирани од актуелните случувања околу квалитетот на водата побараа проблемот да се издигне на повисоко ниво и да се истакне во парламентот на РМ.Ова не е прв пат водата да е загадена. И летото имавме слична ситуација. Секаде беше кажано и реагирано но никој не превзеде ништо. Нас не не интересира од каде доаѓа проблемот туку бараме под итно да биде решен. Па до кога ќе бидеме труени пиејќи загадена вода, праша Мате Гогоски, од еколошкото друштво „Енхало…

Ное 17, 2015

ВМРО-ДПМНЕ: Колку чини здравјето на стружани?

Колку чини здравјето на граѓаните на општина Струга, прашуваат до ОК на  ВМРО – ДПМНЕ од овој град. Од таму остро реагираат во врска со состојбата со водата за пиење. Перо Петкоски претседателот на општинскиот комитет вели дека граѓаните со право реагираат бидејќи во водата за пиење утврдено било присуството на бактеријата Ешерихија коли и други колиформни бактерии. „Актуелната алармантна ситуација е преминување на сите граници и претставува еден вид биолошка војна со сопствените граѓани, господине Села! Граѓаните точно знаат дека снабдувањето со вода е исклучиво надлежност на Локалната сам…

Ное 17, 2015

Дебарското овчо бело сирење, надалеку ќе биде познато

Брендот носи повеќе пари и подобар пласман. Во списокот на 9 брендирани македонски производи се најде и Дебарското овчо бело сирење. Директорката на Центарот за развој на ЈПР Мирјана Лозаноска истакна дека нивниот досегашен труд и мерките кои ги презеле, резултирале со одреден бенефит, а во моментов работат тоа да го наметнат и на странските пазари.„Пред извесно време брендиравме дебарско сирење и резултатите од тоа се видливи, производителите ни кажаа дека откако ја направививме таа колективна трговска марка, значително е зголемена продажбата на тоа сирење и интересот за тоа сирење, тоа е …
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top