Еколошките проблеми на Струга во фокусот на трибината на МОСТ

Еколошките проблеми на Струга во фокусот на трибината која ја организира граѓанската асоцијација МОСТ. Најголема прашина се крена околу актуелната состојба со квалитетот на водата која ја пијат стружани. На средбата се побара овој проблем да биде истакнат и во парламентот на РМ.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Загадувањето на водата за пиење во Струга главна тема на синоќешната средба која ја организира граѓанската асоцијација МОСТ. Стружани изреволтирани од актуелните случувања околу квалитетот на водата побараа проблемот да се издигне на повисоко ниво и да се истакне во парламентот на РМ.

Ова не е прв пат водата да е загадена. И летото имавме слична ситуација. Секаде беше кажано и реагирано но никој не превзеде ништо. Нас не не интересира од каде доаѓа проблемот туку бараме под итно да биде решен. Па до кога ќе бидеме труени пиејќи загадена вода, праша Мате Гогоски, од еколошкото друштво „Енхалон“ од Струга.

Ваквите средби МОСТ ги организира во рамките на проектот „Мобилен парламент“. Тие се всушност линкот помеѓу граѓаните и преставниците на институциите. На средбите се канат да присуствуваат пратениците од таа општина, како и градоначалниците и преставници на локалната и ресорните министерства.

Идејата на овој проект е граѓаните да се сретнат со пратениците и преставниците на институциите за нив директно да им ги кажат своите проблеми и заеднички да најдат решенија, па тие потоа ги проследуваат до таму каде што треба, вели Теодора Поповска од граѓанската организација МОСТ.

Но на синоќешната средба освен еден пратеник од редовите на СДСМ не присуствуваше никој друг. Го немаше ниту струшкиот градоначалник ниту преставници на градските институции. Попоска вели дека досега имаат одржано 13 средби во различни општини во Македонија и најчесто на истите присуствуваат градоначалниците или новните заменици. Бенефит од ваквите средби има. Во Битола и Тетово преку нив биле решени повеќе горливи прашања кои ги тангираат граѓаните. Останува до крајот на годинава да се реализираат уште седум средби.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top