Мај 13, 2016

Дејствувај за Дрим

  Oбединети под заедничката иницијатива „Akt 4 Drin“, група балкански студенти беа запознати со законските регулативи од петте земји кои ги поврзува сливот на реката Црн Дрим. Оваа пролетна школа за прв пат се организира, а како иницијатива ги обединува студентите од земјите од сливот на реката Црн Дрим, како што нагласи Тома Влахојани програмскиот координатор на медитеранската организација. Таа додаде дека ги хармонизираат студентите и ги учат за богатствата што ги нуди црнодримскиот регион. Влахојани истакна дека 28 студенти во текот на својот престој во нашата земја имаа можност да срет…

Мај 13, 2016

Нов повик за мали грантови на ГЕФ

  Во Струга денес за прв пат беше презентирана програмата за мали грантови на Глобалниот еколошки фонд во Македонија. Како што открива М-р. Златко Самарџиев, националниот програмски координатор на ГЕФ, постои голем интерес на струшките здруженија за овие грантови. Тој рече дека постојат прашања и проблеми на струшкиот невладин сектор кои би можеле да бидат адресирани на програмата за средства за мали грантови „Правилата на програмата за мали грантови се, дека само здруженијата на граѓани имаат права на овие средства, додека пак средните и големите грантови на ГЕФ се достапни за државите. …

Мај 12, 2016

Пријавил исчезнување на сопругата и седуммесечно бебе

На 10.05.2016 година во 22.15 часот во ПС-Струга, Е.Д. (47) од Делчево, а со привремен престој во Струга, пријавил дека истиот ден околу 17.15 часот од дома во непознат правец се оддалечила неговата невенчана сопруга В.Д. (36) од с.Радолишта, струшко, при што со неа го зела и нивното седуммесечно бебе. Од Министерството за внатрешни работи преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Мај 11, 2016

Денес граѓански протест во Струга

Под паролата „Протестирам“ која ги обединува сите граѓани кои бараат слобода, граѓани кои се здружени против криминалната власт, заплашувањата, уцените, економската мизерија, како и против аболицијата на сето тоа од страна на претседателот Иванов, денес11.05.2016 (среда) од 18:00 часот пред Паркинг на машка плажа (пред тениско игралиште) во Струга ќе се одржи граѓански протест. Стружани обединети заедно Македонци, и Албанци, и Роми, и Турци, и Власи, и Срби, и Бошњаци и Египќани и сите други утре ќе протестираат против и криминалот кој не познава ниту националност, ниту партија, ниту здруж…

Мај 4, 2016

Изградбата на регионалниот колектор во Дебрца при крај

Градоначалникот на Општина Дебрца Игор Трајкоски беше во посета на градежните активности кои се одвиваат на терен околу изградбата на Регионалниот колектор за одведување на отпадни води за селата Мешеишта, Волино, Требеништа, Горенци и Климештани, кој е пред самиот крај. Финализира изградбата на регионалниот колектор во општина Дебарца. Согласно проектната документација, целосно е трасиран цевководот во должина од 8,5 км, изградени се 200 бетонски шахти, а моментално се работи на враќање на теренот во првобитна состојба. Регионалниот колектор за одведување на отпадни води за селата Мешеишт…

Дек 26, 2021

Охриѓанец агресивно се однесувал кон полицаец во Струга

На 25.12.2021 година во Струга, приведен е Н.И. (70) од Охрид. Тој, претходно на улицата „Пабло Неруда” во Струга, го нарушил јавниот ред и мир со агресивен однос кон полициски службеник кој, извршувал работи од областа на безбедноста во сообраќајот. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава – се вели во соопштението на СВР Охрид.

Мај 3, 2016

На 5 ти Мај ќе се одбележи денот на реката Црн Дрим

  Годинава, на 5-ти мај, ќе се одбележи денот на реката Црн Дрим. Организатор на овој настан е ЕК „Грашница“, во рамки на дримскиот ГЕФ проект, „Овозможување прекугранично интегрирано управување со водите од дримскиот базсен“. Како што најави Ѓоко Зороски од ЕД „Грашница“, одбележувањето на денот ќе биде проследено со низа активности. „Настанот ќе се одвива во срцето на реката Црн Дрим, односно на неговиот извор. Почеток е во 10 и 30 минути. Настанот почнува со чистење на плажата на крајбрежниот појас од паркинг просторот па се до вливот на реката Црн Дрим, потоа имаме јавна дискусија со …

Апр 30, 2016

Лабуништани загрижени за прекумерната сеча на дрва

Немилосрдно се уништува шумската површина во Лабуништа, струшко, реагира месното население. Претседателот на Месната заедница Алија Тасими, вели дека не се против работата на ЈП „Македонски Шуми“ да стопанисува со шумите, меѓутоа боде очи начинот на кој тоа го прават, надлежните во Струга. Тој вели дека и покрај тоа што протестирале пред струшкото шумско стопанство и оствариле неколку комуникации со директорот, тоа досега не вродило со никакви резултати, па го повикуваат директорот да дојде на лице место на терен, да види што се случува и да преземе соодветни активности за спречување на, ка…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top