На 5 ти Мај ќе се одбележи денот на реката Црн Дрим

Денот на реката Дрим, на 5ти мај, ќе се одбележи во комплексот Св. Наум во срцето на реката Црн Дрим, односно на неговиот извор. Целта е да се подигне свеста меѓу локалните заедници за значењето на одржливото управување со сливот на реката Црн Дрим, информираат организаторите од Еколошкото Друштво „Грашница“.

 |  Николоска Биљана  | 

 

Годинава, на 5-ти мај, ќе се одбележи денот на реката Црн Дрим. Организатор на овој настан е ЕК „Грашница“, во рамки на дримскиот ГЕФ проект, „Овозможување прекугранично интегрирано управување со водите од дримскиот базсен“. Како што најави Ѓоко Зороски од ЕД „Грашница“, одбележувањето на денот ќе биде проследено со низа активности.

„Настанот ќе се одвива во срцето на реката Црн Дрим, односно на неговиот извор. Почеток е во 10 и 30 минути. Настанот почнува со чистење на плажата на крајбрежниот појас од паркинг просторот па се до вливот на реката Црн Дрим, потоа имаме јавна дискусија со учество на експерти на која ќе расправаме за зачувување на биолошката разновидност на изворите на Црн Дрим и на Охридското Езеро, проследено со дискусија. Исто така ќе се изведе едукативна прошетка со кајчина по изворот на Дрим и набљудување на водни птици“ – вели Зороски.

Во активностите по повод одбележувањето на денот на реката Црн Дрим ќе бидат вклучени голем број еколошки активисти, претставници на институции и од сите чинители кои се задолжени да го чуваат извориштето на Црн Дрим и Националниот Парк, информираше Зороски. Целта е да се подигне свеста меѓу локалните заедници за значењето на одржливото управување со сливот на реката Црн Дрим, додаде тој.

„На тој начин ќе извлечиме заклучоци и препораки за интегрирано управување со Дримскиот басен, бидејќи истиот бара што поголема вклученост на месното население во процесите на управување со сливот на Црн Дрим, идентификување на сите проблеми и начини за решавање на истите“.

На настанот поканети се и струшките еколошки друштва, како и претставници од институции, а ЕД „Енхалон“ ќе присуствва со свои претставници. Слични настани ќе бидат организирани низ целиот дримски слив, во сите негови држави.

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top