Вратите на манастирот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Калишта беа претесни за да ги соберат многубројните верници, кои го посетија овој храм на празникот Мала Богородица. За верниците овој ден е еден од најзначајните и најголеми празници. Тие полни со верба, се поклонија пред иконата на оваа светица, запалија свеќа, добија парче нафора, понесоа крстена вода за здравје.
„Многу важен празник за христијанството. Ние освен мајка Богородица дуга мајка немаме. Јас сум христијанин и верувам, во Бога во цркват, доаѓам од Долно Коњско.Ова е најголемото богатство во светот и дел од него пом…
„Екоферт“ е единствената струшка фабрика која во земјава произведува органско ѓубриво. Во фабриката се преработува и произведува нов производ на македонскиот пазар пелетрирано органско ѓубриво. Започнале скормно пред три години со преработка и пелетирање на органското ѓубре кое досега завршувало неискористено и при тоа ја загадувало животната средина. Во производниот процес на органското ѓубриво вклучиле експерти од повеќе области за да дојдат до домашен конкурентен производ. „Долги години на искуство и релации и комуникации со професори , агрономи и технолози. Постигнавме ниво каде што…
За нецела година во нашиот регион треба да се воведе систем за интегрирано управување со отпад. Како што за ТВМ открива Мирјана Лозаноска од Југозападниот плански регион, прикрај била подготовката на потребна техничка планска документација за воведување на овој современ систем кој би требало да се практицира согласно Европските нормативи. Документите треба да се готови до 2017 година, па после тоа треба да се бараат средства за имплементација на овој значаен проект, додава таа. Лозаноска информира дека проектот покрај Југозападниот плански регион ги вклучува и скопскиот, пелагонискиот и …
Најмладите стружанчиња од предшколска возраст, на 1 ви септември ја започнуваат годината во енергетски ефикасен објект. Финишираат работите околу замената на дограмата во детската градинка „8 ми Март“, клон „Сонце“, проект кој го реализира Центарот за развој на Југозападниот плански регион. Мирјана Лозаноска, задоволна е од динамиката со која се изведувале сите зафати во објектот. Таа нагласува дека целта е создавање на попријатни услови за работа, учење и престој во детската градинка. „Овде конкретно интервениравме на замена на столаријата, односно ги заменивме старите прозорци и врати …
Канадската романсиерка, поетеса, книжевна критичарка и активистка, Маргарет Атвуд, пристигна во Струга. Вели поезијата е интересен и многу важен дел од нејзиното творештво, објаснувајќи дека ако пишувањето на прозата бара од неа целосен ангажман како писател, пишувањето на поезијата е она кое ја прави да се чуствува убаво. За канадската писателка, добивањето на ова признание е огромна чест.
„Прво бев многу изненадена, ми беше чест и задоволство затоа што, бидејќи предходните 55 поети и јас сочинуваме една долга листа на високо рангирани творци. Некои ги знаете, некои не се веќе меѓу нас, п…
Дел од Кејот на реката Црн Дрим, во близина на мостот на поезијата пропаднат. Стружани велат дека ваквата слика која настанала пред неколку месеци не е само срам за градот, туку и за цела држава, која сака да развива туризам привлекувајќи гости од цел свет, а посебно за одржувањето на меѓународната поетска манифестација СВП.
„Ова е жив срам за Струшките вечери.Овој мост има заслужено да биде уште поубав од тие во Скопје што се изградени, бидејќи тука од цел свет народ доаѓа и не претставува како Македонија“
Треба да се постави бариера и да се заштити преминот да биде како што треба. …
Поезијата и понатаму останува еден од најважните уметнички и духовни изрази на човековото постоење. Вечева стартува јубилејното педесет и петто издание на интернационалната манифестација „Струшки вечери на поезијата“. Оваа година лауреатот е едно планетарно име, познатата романсиерка, поетеса, книжевна критичарка и активистка Маргарет Атвуд од Канада. Опстојувањето на фестивалот во овие пет децении секогаш било детерминирано од квалитетот и бројноста на содржините кои тој ги нуди на светската културна јавност.
„Досега на него учествувале околу 5000 поети кои своите поетски пораки ги испрат…
Во периодот од 16 до 19 Август Вевчани e домаќин на 6 по ред фестивал на народна култура „Пображење“ во организација на Културно Уметничкото Друштво „Дримкол“ од Вевчани.
Целта на овој фестивал е да ја презентира Македонската духовна култура и традиција, да овозможи запознавање на културата и традицијата од други земји низ светот, да ја збогати туристичката понуда на Вевчани. Вевчани одсекогаш бил достоен чувар на Македонската традиција, со векови го негува и презентира фолклорното творештво на својот народ, па токму затоа и овој фестивал е само уште една потврда за нашиот однос кон култур…