Здружението на власите од Струга изработи проект за изучување на влашкиот јазик. Станува збор за факултативен курс кој ќе можат да го следат деца од трето до деветто одделение. Како што велат од Здружението проектот бил прифатен од страна на градоначалникот Зијадин Села, така што општина Струга комплетно финансиски ќе го поддржи.
Синоќа градоначалникот Села во хотел Дрим Струга и свечено го отвори факултативниот курс по влашки јазик. Од Здружението на власите велат дека интерес за курсот на почетокот има, така што уште вчера 22 деца пројавиле интерес. Наредниот понеделник односно на 21 …
Со едукативни предавања, дијабетичарите од Струга го одбележаа Светскиот ден на дијабетесот 14 ноември. Годинава активностите за одбележување на овој ден се насочени кон здравата исхрана и нејзината важност во спречување на дијабетесот и негово ефикасно контролирање, со цел да се избегнат компликациите, појасни д-р Мира Костојчиноска спец по интерна медицина.
„Во Струга исто како и во светски размери, Македонија и во Струга секој ден имаме ново дијагностицирање на пациенти. Тоа се должи на хигиено – диететски режим на живот кој што не го запазуваат пациентите, нездравиот живот и нездрав…
Во Струга ќе се гради слободна туристичка развојна зона. На 15 хектари на потегот кај Калишта ќе „никнат” стотина туристички куќи, два хотели и базени. Потребата се должи на недостатокот на современи туристички капацитети во градот на мостовите.
Градоначалникот Мерко, вели има повеќе заинтересирани инвеститори за развојната туристичка зона.
Имаме седум инвеститори досега пријавени. На влада го имаме започнато овој проект и мислам дека ќе станеме еден од најголемите туристички центри не на Балканот, туку и пошироко – вели Рамиз Мерко градоначалник на општина Струга.
Туристичката раз…
Состојбата со каменоломите во струшко Лабуништа повторно се актуелизира. Ископот на минерални суровини од трите активни каменоломи претставува опасност по здравјето за населението од ова село, чии што мештани во неколку наврати укажаа на тоа. Пред два дена во Советот на општина Струга беше формирана комисија од инспектори по животна средина и советници кои треба да ја утврдат фактичката состојба на терен, која треба да види колку каменоломи функционираат во струшиот регион, колку од нив се со дозвола за работа и дали некои работат на диво.
„Се надевам дека ова е почеток на крајот на кам…
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „спречување службено лице во вршење службени дејствија“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Б.Ќ.(24) од струшкото село Велешта.
На 23 минатиот месец, на регионалниот пат Струга-Дебар, пријавениот бил забележан како со товарно моторно возило марка „Мерцедес“ со струшки регистарски ознаки превезува огревно дрво.
При контрола и преглед на возилото, патролата на шумската полиција констатирала дека приколката од камионот била натоварена со осум метри просторни дабово огревно дрво, за кое пријавениот Б.Ќ. не п…
Со целовечерен концерт викендов во Вилнус, Литванија, КУД „Дримкол“ од Вевчани го презентира македонскиот фолклор и традиција. Овој концерт беше дел од проектот „Денови на македонската култура во Литванија“ во организација на Европскиот универзитетот за хуманистички науки од Вилнус.
Македонскиот фолклор во Вилнус беше презентиран преку Вевчански изворни кореографии и преку сценски обработки од различни етнички предели на Македонија. Во рамките на овој проект свои настапи имаше и соло пеачот Викторија Чочороска, апсолвент на Академијата за музички уметности во Скопје која изведуваше македон…
Струга има своја социјална карта. Станува збор за локална стратегија за социјална заштита која треба да обезбеди задоволување на потребите на сите категории на граѓани и еднаквост во однос на добивање на услуги од системот на социјална заштита. Како што нагласи Ѓоко Милески од Центарот на заедницата на општина Струга, главна цел на социјалната карта на општина Струга е идентификување на актуелната демографска структура на граѓаните и мапирање на социо – економските предизвици со кои тие се соочуваат.
„Имаме вакум на простор за потреба на податоци од областа на социјалната заштита, знаем…
Познатиот струшки приватен инвеститор Менди Ќура, сопственикот на градежната компанија „Трим и Љум“ ќе донира 150 000 евра за изградба на дрвениот мост во Струга. Станува збор за мостот во централното градско подрачје кој пред пет години беше демонтиран поради безбедносни причини. Овој гест е за пофалба, но и доказ дека во градот на мостовите ќе се гради и инвестира и нема да се дозволи Струга да биде да биде заложник на актуелната политика, бидејќи имаме одговорност пред граѓаните, истакна градоначалникот Зијадин Села на денешната прес конференција.
„ За крај ќе имаме едно добро уреден…