Расте бројот на дијабетичари во Струга

Во Струга и Вевчани евидентирани се 9000 дијабетичари од кои околу 2000 се на инсулин. Бројот секојдневно е во пораст и тоа на глобално ниво, што претставува една лоша тенденција на зголемување на пациентите со дијабетес од сите типови. Денес во Струга беше одбележан Светскиот ден на дијабетесот.

 |  Николоска Биљана  | 

 

Со едукативни предавања, дијабетичарите од Струга го одбележаа Светскиот ден на дијабетесот 14 ноември. Годинава активностите за одбележување на овој ден се насочени кон здравата исхрана и нејзината важност во спречување на дијабетесот и негово ефикасно контролирање, со цел да се избегнат компликациите, појасни д-р Мира Костојчиноска спец по интерна медицина.

„Во Струга исто како и во светски размери, Македонија и во Струга секој ден имаме ново дијагностицирање на пациенти. Тоа се должи на хигиено – диететски режим на живот кој што не го запазуваат пациентите, нездравиот живот и нездрава исхрана а пред се помала физичка активност“

Претседателот на Здружението на дијабетичари на Струга и Вевчани, Иво Дукоски, истакна дека до пред два месеци се соочувале со големи проблеми поради недоволните количини на инсулин, но проблемот бил надминат. Дукоски е задоволен од струшкото одделение за дијабетес, но според него проблемите потекнуваат од повисоко ниво.

„Сега е многу подобрена овие два месеци повторно имаме проблем со иглите, но мислиме дека тоа е надминливо. Поддршка од медицинскиот дел, зборувам за Струга. Го имаме потполно како од докторите така и од директорот, буквално се со нас. Проблемите се ствараат во националната Комисија за дијабет во Скопје…така мислат…така тераат..ние не сме навлезени во тендерите“.

Јавната свест за ова заболување сеуште е на ниско ниво, посебно кај младите кои најчесто се кријат и не сакаат да признаат дека имаат дијабет, вели Дукоски. Инаку денес на сите присутни во просториите на Црвениот Крст во Струга, медицински тим од општата болница Струга на пациентите им изврши беплатно контролирање на шеќер во крвта.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top