Дек 29, 2021

Во Струга спроведена сообраќајно-едукативна кампања

На 28.12.2020 година на подрачјето на ОВР Струга, спроведена е сообраќајно-едукативна кампања „Безбедно патување во зима”. Притоа, полициски службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Струга на возачите и другите учесници во сообраќајот им поделија едукативен материјал со практични совети за почитување на сообраќајните правила и прописи, за задолжително носење на зимска опрема, почитување на препораките за заштита од Ковид-19 и им посакаа среќни празници – информираат од СВР Охрид.

Мај 10, 2017

Струшките борци го одбележаа 9-ти мај

На денешен ден 9-ти мај пред 72 години падна најголемото зло што се надвисна над целиот човечки род и се закануваше со неговото уништување. ПАДНА ФАШИЗМОТ КАКО СИЛА,КАКО ИДЕОЛОГИЈА.СЕ НАВРШИЈА 72 ГОДИНИ ОД ПОТПИШУВАЊЕ НА Актот за безусловна капитулација на Фашистичка Германија и завршувањето на војните операции на сојузничките сили. По силата на настаните и револуционерните движења за сопствена слобода на европскиот Континент и Македонија се најде во виорот на светската војна и тоа на страната на Анти-Хитлеровската коалиција,односно на страната на сојузничките сили. Со одпочнување на војн…

Мај 9, 2017

„Ден на Македонија“ во Италија

Новоформирано Здружение на нашинците кои живеат и работат во градот Виторио Венето и неговата околина во Италија, достоинствено го претставија нематеријалното културно богатство на нашата земја како и гастрономските специјалитети на Македонија. Здружението „Аминта“, а со поддршка на асоцијацијата на граѓански здруженија од градот, која во себе вклучува 47 организации, го организираа таканаречениот „Ден на Македонија“, настан кој имаше хуман карактер. „Секако без тавче гравче, сарма, ѓомлезе не може да се замисли претставување на нашата земја, приредивме една трпеза, за која можам дека кажа…

Мај 9, 2017

ОДБЕЛЕЖАНИ 70 ГОДИНИ ОРГАНИЗИРАН ФОЛКЛОР ВО ВЕВЧАНИ

Во домот на културата во Вевчани со спектакуларен концерт, КУД „Дримкол“ прослави значаен јубилеј за Вевчани, „70 години организиран фолклор“. На самиот почеток на програмата беше прикажан документарен филм кој преку фотографии и видео материјали, живи сведоштва на стари луѓе и изјави на сите досегашни раководители на фолклорните групи во Вевчани, предизвика силни емоции кај публиката. Покрај филмот, уште поголема возбуда кај присутните предизвика настапот на фолклорниот ансамбал ,,Дримкол,, кој на еден достоинствен, професионален начин, презентира воклани и орски изведби од западна Македо…

Мај 1, 2017

Еордија во Струга по осми пат

Во контекст на обновената традиција за струшката Еордија, која осми пат по ред е збогатена и со присуството на светите мошти на Великомаченикот Георгиј, ктиторската Вечерна богослужба ќе започне на 07 мај во 16:00 ч. во храмот посветен на Св. Вмч. Георгиј Победоносец во Струга, после што ќе следи молитва за ктиторите. На Литијата ќе ѝ претходи церемонијално полициско возило, кое на својствен начин ќе го одбележи чествувањето на Св. Георгиј како покровител на полициските сили, кои без оглед на нивната национална и верска припадност секогаш се тука да го чуваат мирот и безбедноста во нашата …

Апр 29, 2017

Ќато: Владата да свика вонредна седница за депонијата во Струга

Граѓанската иницијатива за решавање на проблемот со струшката депонија, покрај што ја мобилизира градската власт за надминување на проблемот, укажа и на големата потреба од вклучување и на централната власт. Глигор Ќато, дипломиран правник по професија смета дека постои правна празнина во Законот, поради фактот што нашата земја нема доволно легални депонии. „Во Р. Македонија според моите сознанија имаме само две легални депонии, Дрисла во Скопје и во Русино. Ние прво немаме легални депонии. Тука одма се јавува проблемот на согласности од соодветни министерства, а да не зборуваме за потреба…

Апр 26, 2017

Паднаа првите сет мерки за спас на стружани од дивата депонија

Формирана е комисија за спас на стружани од загадувањето кое го предизвикува дивата депонија на влезот од градот. Ова беше одлучено на Вонредната седница на Советот на општина Струга која беше неодамна одржана. Комисијата е составена од 5 члена, двајца од Советот, 2 од општинската јавна администрација, како и еден претставник на граѓанската иницијатива. Глигор Ќато претставникот на граѓанската иницијатива открива дека еден од првите чекори веќе бил направен, а тоа е остварување на средба со градоначалникот на Охрид, со цел заеднички пристап кон решение на проблемот. „Ние како граѓанска ини…

Апр 26, 2017

Во Струга најзастапено психичкото насилство

Психичкото е најзастапено врз жртвите на семејно насилство во Струга. Податоците кои ги пренесува Александра Лазареска од НВО Езерка Струга покажуваат дека за 2016 година на национално ниво бројот на пријави на жртви на семејно насилство изнесува 1.100. Денес во Струга се одржа работилница на тема „Родово, базирано и семејно насилство врз жените“. „Во изминативе три години жените се повеќе зборуваат за семејното насилство, не се повеќе потиштени како порано да се срамат да кажат дека се жртви на психичко или физичко семејно насилство“ Лазареска открива дека во последно време како невладин…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top