Пред граѓаните беше промовиран документарниот филм „Собирај, селектирај и рециклирај-научи за ПЕТ во општина Охрид“.Охриѓани полека се одвикнуваат да фрлаат пластични отпадоци кај што ќе стигнат. Проектот за рециклирање на ПЕТ амбалажата, во овој град е воведен пред половина година. Охрид е меѓу првите градови во државата каде е воведен овој начин на селектирање отпад. Во градот се поставени контејнери и кеси специјално наменети за фрлање пластичен отпад. Проект позитивно се одразува врз заштита на животната средина и ја подигна свеста кај граѓаните, сметаат еколозите.Марија Младеноска о…
Црни точки се делот од Пештани до Св.Наум, како и од „Елен Камен“ до Радожда. Надлежните најавија дека за скоро време ќе се реши и тој проблем.Водата во Охридското езеро е чиста. Колекторскиот систем заедно со Прочистителната станица, постои веќе 20 години и непрекинато функционира а со тоа овозможува одржување на чистата вода во езеро. Анализите покажуваат дека во близина на колекторскиот систем водата е чиста од 95 до 97%. Горлив проблем се местата каде нема изградено колекторски систем за прибирање отпадни води. Во Охрид, црна точка е делот од Пештани до Св.Наум, додека во Стру…
Стружани апелираат- неодамна доселените роми да бидат протерани од градот. Стружани во паника, уште една ромска населба. Граѓаните реагираат дека наспроти сегашната таканаречено ромско маало, никнува нова. Пред неколку месеци на десната страна на магистралниот пат Охрид-Ќафасан, на државно земјиште се населени неколку семејства роми, дојдени од други градови на државата. Истите тие, на граѓаните кои живеат во непосредна близина на ромската населба, не им даваат мирен сон. Соговорникот кој сакаше да остане анонимен, во име на останатите засегнати граѓани, реагираше дека пред се групата …
На часовите не дојдоа само оние ученици кои не биле информирани оти денес се започнува со настава. Сеуште неизвесно, на кој начин струшките средношколци ќе ги надополнат изгубените часови.По десетдневникот штрајк денес во сите училишта во охридско-струшкиот регион, се оджува настава. Учениците седнаа во училишните клупи и наставата се одвиваше вообичаено. Раководителот на одделението за образвование при општина Струга, Џејми Хајредини, не информира дека денес 90% од учениците беа на училиште, останатиот дел биле отсутни бидејќи како што рече тој не биле информирани оти денес ќе се одсрж…
Цветко Блажески од село Белчишта е еден од ретките мајстори во охридско струшкиот регион познат по изработување на дувачки инструменти. Тој од мал пројавил желба да свири на гајда, следејќи го примерот на неговиот татко. Цветко првата гајда самостојно ја изработил на 20 годишна возраст а потоа следела изработката и на тапанот. Со изработка на традиционалните музички народни инструменти се занимава повеќе од 30-тина години. Како што вели, нема изведувач на народна музика, кој не поседува инструмент направен од неговите раце. „Ме ценат како добар мајстор, прикажан сум по целиот свет и и…
Учениците нема да бидат оштетени поради штрајкот во образованието. Ќе се изнајде начин да не им бидат одземени викендите ниту пак дел од зимскиот распуст, најавуваат oд СОНК.Штрајкот во образованието има реални шанси да биде прекинат, но дури во среда. Лидерот на синдикалците, Дојчин Цветановски синоќа оствари средба со владин функционер по што изјави дека преговорите се мрднале од мртва точка, но дека до решение сеуште не дошло. Раководството на СОНК одржа седница на која одлучи штрајкот да продолжи и денеска.Во меѓувреме повеќе училишта упатија апел за продолжување на наставата. И родите…
Штрајкот на СОНК сериозно ги замисли струшките средношколци, стравуваат да не им се поништи оваа учебна година.Струшките средношколци бараат од понеделник да се започне со одржување на настава. Тие ги подржуваат барањата на нивните соученици од цела држава. Бараат да им се овозможи правото на непречено одвивање на насавата. Доколку вработените во образованието го продолжат штрајкот, струшките средношколци се плашат од можните последици.Апелираат училишната настава да продолжи со несмален интензитет. Средношколците сметаат дека во оваа цела ситуација се целосно заборавени. Велат нашето место…
Новогодишни реквизити и годинава ќе се продаваат на тезги распоредени в долж на струшката чаршија. Вообичаено пред новогодишните празници тезги се поставуваат од двете страни на шеталиштето. Граѓаните на Струга велат доколку тезгите се правилно распоредени по шеталиштето на чаршијата, истите не би им сметале на стружани.Директорот на ЈП.Коминално истакна дека во соработка со комуналните инспектори при општина Струга, ќе се погрижат да не се ремети нормалниот тек по чаршијата. Додаде дека постои идеа тезги со новогодишни реквизити да се продаваат и по кејот на Дрим, но сеуште не е деф…