Во Струга уште една ромска населба

Стружани апелираат- неодамна доселените роми да бидат протерани од градот.

 |   | 
romi
роми

Стружани апелираат- неодамна доселените роми да бидат протерани од градот.

Стружани во паника, уште една ромска населба. Граѓаните реагираат дека наспроти сегашната таканаречено ромско маало,  никнува нова.

Пред неколку месеци на десната страна на магистралниот пат Охрид-Ќафасан, на државно земјиште се населени неколку семејства  роми, дојдени од други градови на државата. Истите тие, на граѓаните  кои живеат во непосредна близина на ромската населба, не им даваат мирен сон. Соговорникот кој сакаше да остане анонимен,  во име на останатите засегнати граѓани,  реагираше дека пред се групата доселени роми ја загадуваат животната средина.

„Пред една година  доселените роми мртов коњ фрлија во реката. Им реков ископајте една дупка и закопајте го животното, но ништо од тоа, вели анонимниот соговорник.

romiТој кажува дека доселениците освен што ја загадуваат животната средина, даваат лош впечаток за посетителите на градот. Првата глетка кога се влегува во Струга е катастрофална а сакаме овој град да го прикажеме како светска туристичка метропола, вели стружанецот. Засегнатите граѓани случајот го пријавиле до надлежните но без некаков ефект.

„Надлежните ништо не превземаат. Кога правев јас куќа веднаш дојоа да направат увид а сега, тука се направи цела ромска населба и никој ништо не превзема“- додава соговорникот.

Од ОВР-Струга не информираад дека тие превземаат мерки. Во текот на месец октомври до нив се пријавени две кражби на граѓани кои живеат во близина на ромската населба. Во едениот  случај,  на жител од тој дел на градот му  биле украдени 22 илјади денари,  додека во другиот, биле украдени три домашни животни-коњи во вредност од 70 илјади денари. Сторителите на двете кражби веднаш биле фатени. Од ОВР Струга уште додаваат  дека доколку од нив инспекциските служби побараат, ќе биде  превзена  акција за протерување на наодамна доселените роми.

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top