Јан 28, 2009

5 партии зад еден кандидат за градоначалник на Струга

Ова е заложбата на струшки невладини организации, спортски клубови,  месни заедници но и црковни одбори.Невладини организации, спортски клубови, месни заедници но и црковни одбори, во потрага на соодветна личност за прв човек на Струга. Тие пратија допис до Вмро-Дпмне, СДСМ, ПЕИ, ДОМ како и Вмро НП,  да се подржи еден заеднички кандидат кој би направил промени во градот. „Ситуацијата во нашата општина во последниве години наназад воопште не е мрдната од мртва точка, дури и се влошува. Струга од прекрасен туристички центар е ставена како заложник на интересите на поединици, се гуши и тоне од…

Јан 27, 2009

Вмро Дпмне ја подготви листата со потенцијални кандидати за советници

Струшкиот комитет на Вмро Дпмне ја подготви листата со потенцијални кандидати за советници. Истата се состои од мешовити кандидати членови на оваа партија. Од Вмро Дпмне ги отфрлаат шпекулациите дека ќе го подржат кандидатот на ПЕИ за градоначалник.Вмро Дпмне од Струга деновиве ја објави листата со потенцијални кандидати за советници од оваа партија. За местото во струшкиот совет ќе се борат претежно млади луѓе, Твм ќе ги презентира само десетина од кандидатите. Иако неофицијално, носител на листата за кандидати на советници е претседателот на општинскиот комитет, адвокат Славко Котески. За…

Јан 27, 2009

Подмладок на крап пуштен во Црн Дрим

Концесионерите што стопанисуваат со долниот слив на реката Црн Дрим, заедно со одговорните од ХЕЦ „Глобочица“ и Спортско-риболовниот клуб „Црн Дрим“ од Лабуништа, деновиве извршија порибување на долниот слив на реката и вештачкото езеро „Глобочица“ со подмладок на крап. Претседателот на лабунишките спортски риболовци Беадин Демиралиески рече дека со извршеното порибување рибниот фонд во реката Црн Дрим во наредните две години ќе се зголеми за околу 20 тони риба. Инаку, во тој дел на Дрим, како и во акумулацијата „Глобочица“, има и други видови риба, како што се јагула, клен, плашица, пастрм…

Јан 22, 2009

Масовна тепачка во ОУ „Нико Нестор“

Тројца ученици се полесно повредени во масовната тепачка помеѓу ученици Македонци и Албанци што се случи во Средното училиште „Нико Нестор“ во Струга.Тепачката се случила вчера попладне, кога група од околу 40 млади нападнала четворица ученици. Во тепачката повредени биле Т.П. (18) од Вевчани и Д.С. (18) од Ресен.Малку подоцна исто така поголема група ученици физички го нападнала А.Н. (18) од Охрид. Повредените биле пренесени во Градската болница во Струга, а по укажаната лекарска помош биле пуштени на домашно лекување. Полицијата соопшти дека се трага по инволвираните во инцидентот. Од стр…

Јан 19, 2009

Стружани масовно, излегоа за Водици

Ладното време не ги спречи Стружани заеднички да го прослават празникот Водици.Празникот Водици е еден од најголемите христијански празници. Познато е дека се славел уште во вториот век од христијанската ера, во спомен на Христовото крштевање.Кејот на дримот,чаршијата и балконите на околните куќи,денеска беа преполни со Стружани кои беа сведоци на осветувањето на водите во Дримотј.По светиот крст се фрлија околку 60 тина верници,со надеж,дека тој што ќе го фати чесниот крст, ќе има бериќетна година.Овој пат,среќата беше на страна на стружанецот  Томче Голабоски.На секој да го прати здравје …

Јан 16, 2009

Нова стратегија на ОВР Струга

Советодавната група  за превенција ќе започне да функционира со поинтензивно темпо. Доколку граѓаните ги пријавуваат случаите, големи се шансите да се реализираат идеите,  и да се зголеми безбедноста во местото каде живеме.Во Струга се елиминираат појавите на проблеми предизвикани од наркозависниците и алкохоличарите. Овие две работи се најчести причинители за нарушување на јавниот ред и мир во градот. Радува фактот што нивниот број во последниве години не е во пораст. Тоа пред  се е  резултат на стекнатата навика кај граѓаните да ги пријавуваат случаитеод овој вид, најчесто предизвикани од…

Јан 15, 2009

Археолошките локалитети во струшкиот регион запоставени

Истражувањата на наколната населба “Врбник“ години наназад тапкаат во место поради недостиг на финансиски средства.Струшкото подрачје е богато со големи археолошки откритија но јавноста речиси воопшто не е информирана за истите. Иако струшкиот музеј важи за прва институција во Македонија која почна да работи со подводна археологија,  сепак тоа досега не резултираше со видни резултати. Истражувањата на локалитетот  „Врбник“  години наназат стојат во место. Тоа е неолитска, наколна населба,  која има долга хронологија и располага со  интересни и вредни наоди. Овој локалитет која зафаќа голема…

Јан 13, 2009

Вевчани под маска

Со звукот на тапанот и зурлата на двете групи, „Долно“ и „Горно“ маало, започна василичарскиот вевчански карневал. Од најмало  до најстаро денеска во Вевчани беа под маска. Преку неа василичарите го покажуваа своето второ лице, и секој ги искажа  сопствените  мисли, чувства и желби. Се толкуваа политичките настани кај нас и во светот. На дефилето не изостана и сатиричното видување на спорот за името со Грција. Традициолно,први на маскенбалот продефилираа Глупавиот Август како и Зетот и Невеста од двете вевчански маала.Иако василичарите се исмеваа на случувањата во државава како и на одреден…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top