Мар 23, 2009

Изборниот процес во Струга помина во фер и демократска атмосфера

Изборниот процес во Струга заврши онака како и што беше очекувано. Локалните и претседателски избори во струшкиот регион иако малку комплицирани при пребројувањето на гласовите, сепак поминаа мирно.Право на глас имаа 53 371 гласач. Во текот на вчерашниот ден, се гласаше на 76 избирачки места бидејќи изборниот процес не се реализира во 2 села, поради непристапноста на патиштата. Според првичните информации кои денес ги објави општинската изборна комисија, од претседателските кандидати најмногу гласови има Имер Селмани 9 999, Мируше Хоџа има 2 689, Нано Ружин 532, Ѓорѓе Иванов 5 233, Љубе Бош…

Мар 21, 2009

„Јахја Кемал“ домаќин на регионална еколошка олимпијада

Презентирани беа 19 проекти од повеќе училишта од Македонија.„Доколку добиеме дозвола од управата на Јахја Кемал, сакаме оваа олимпијада да ја направиме балканска или меѓународна, вели дирекроторот на Јахја Кемал , Струга, Јусуф Шари.ПСУ,Јахја Кемал по трет пат,организира  регионална олимпијада по екологија.Учениците од повеќе училишта,од Демир Хисар,Битола,Расен,Охрид,Струга,Дебар претсавивија 19 проеки. Секоја екипа,имаше најмалку по двајца ученици кои ја бранеа својата тема од областа- екологија. О.У Св. Климент Охридски, од Охрид на годинешната олимпијада се претатви со макета на Стакле…

Мар 20, 2009

Струшките социјалдемократи ги повикаа партиите на фер избори

Струшките социјалдемократи ги повикаа партиите заеднички да се потрудат изборите во градот да поминат во фер и демократска атмосфера. Апелираат до граѓаните масовно да излезат на гласање и да помогнат во создавањато на европска Македонија.Тие ги повикаа политичките партии да покажат зрелост и на овие избори интересите на граѓаните да бидат пред интересите на партиите. Носителот на листата за советници на СДСМ, Александар Попоски, рече дека неговата партија не е во целост задоволна од начинот на кој се одвивале изборните кампањи на политичките опоненти.Имајќи го предвид фактот дека овие избо…

Мар 20, 2009

ВМРО ДПМНЕ водеше кампања на многу високо и културно ниво

„ВМРО ДПМНЕ водеше кампања на многу високо и културно ниво, во ниту една прилика не се обиде да влијае гласачите да гласаат за нив, а не за конкурентите од другата вера“-рече Славко Котески, кандидат за градоначалник на Струга од оваа партија. „Во нашата партија нема делби по верска основа…доказ за тоа е кандидатот од исламска вероисповед кој е дел од советничката листа на партијата“ – додава КотескиНа денешната прес конференција, Славко Котески ги демантираше, како што рече „шпекулациите изнесени на вчерашната прес конференција на ПЕИ“. „Ние не сме против никого, единствено сме за себе, …

Мар 19, 2009

ДПА реагира на обструкциите од АЦВП

Струшкиот огранок на ДПА реагира на обструкциите од Агенцијата за цивилно воздухопловство на Македонија. Од таму тврдат дека од 3  им била дозволен да реализираат само еден чартер лет од Швајцарија, наменет за транспорт на гласачите од дијаспората.Струшката ДПА реагира на обструкциите од страна на АЦВП.. Од таму велат оти коалицијата на власта спречила слободни фер и декократски избори. Тврдат оти горе наведената агенција  не дозволила реализирање на два чартер летови од Швајцарија,  наменети за транспорт на гласачите од дијаспората. Од планираните 3 им одобриле само еден, кажуваат од таму….

Мар 19, 2009

Фијат Цаноски реагира на изборните прекршувања

Кандидатот за градоначалник од ПЕИ, Фијат Цаноски реагира на изборните прекршувања од страна на противничките партии. Обвини дека партиите од куќа во куќа нуделе пари за да купат гласови од граѓаните. Се оделе до таа крајност злоупотребувајќи ја верата.Партијата за Европска иднина реагира на неправилностите кои се правеле за време на изборната кампања,  од страна на другите партии. Кандидатот за градоначалик од оваа партија вели дека деновиве интензивно се прават манипулации и се шират различни дезинформации со еднинстевна цел, да му се наштети токму него како кокнурент за градоначалничката…

Мар 19, 2009

Време е да го вратиме достоинството на Струга

Време е да го вратиме достоинството на Струга, од овој град да направиме туристичка метропола. Со ваша подршака ќе го реализираме тоа, истакна кандидатот за градоначалник на Струга, Славко Котески на синоќешниот митинг на ВМРО ДПМНЕ. Претседателскиот кандидат рече дека сега е вистински момент да ја подржиме Македонија да продолжи по вистинскиот пат за влез во ЕУ. Овие избори се голема шанса за Струга. Некогаш Струга зависеше од СДСМ и од нивните и одлуките на претседателот на оваа партија, а  денес зависи од гласот на стружани. Сега е вистинскиот момент да го вратиме достоинството на градот…

Мар 19, 2009

Избирачкото ливче малку збунувачко за граѓаните

Бидејќи за прв пат досега во исти ден се гласа за градоначалнички и претседателски кандидат, на граѓаните  ќе им треба време, добро да го разгледаат гласачкото ливче,  и да видат  кој број треба да го заокружат.  Експертите велат периодот превиден за гласање е доволен за сите граѓани да го искористат тоа право.Избирачкото ливче, збунувачко за граѓаните. Бидејќи за прв пат досега во исти ден се гласа за градоначалнички и претседателски кандидат, на граѓаните  ќе им треба време, добро да го разгледаат гласачкото ливче и да видат  кој број треба да го заокружат.  Доколку граѓаните претходно не…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top