Стружани започнаа да го селектираат отпадот. По целиот град, на најфрекфентните места веќе се поставени специјални контејнери наменети исклучиво за пластичен отпад. Граѓаните полека стекнуваат навика, ваквиот отпад да го излагаат на едно, а останатиот на друго место.Велат дека сметот кои состои пластичен отпад го излагаат во новите контејнери наменети за тоа.Проект-координаторот за Локален Економски Развој при општина Струга, Владислав Жупан, вели дека со новиот начин за излагање и селектирање на отпадот се надминале нивните очекување за успешно спроведување на проектот.Во Струга предвиде…
„Ако вака сакаше да победи кандидатот од ДУИ Рамиз Мерко, тогаш во Струга воопшто не требаше да се организираат избори. Ги наполнија кутиите и затоа резултатите се во негова корист“, вели против кандидатот од ПЕИ, Фијат Цаноски. Цаноски тврди, дека активисти на ДУИ, по налог на Рамиз Мерко, во вториот изборен круг масовно ги полнеле кутиите. За разлика од порано, овој пат фалсификатот бил на, како што рече културен начин, преку семејно гласање -едно лице да гласа за 30 лица, и тоа за луѓе кои се надвор од Македонија, кажува Цаноски. Овој пат своето право на глас го искористиле 32 300 глас…
Рамиз Мерко доби уште еден мандат. Оваа победа е резултат од првичните и неофицијални податоци од Општинската изборна комисија. Со речиси 2 илјади гласови, Мерко е во водство пред својот против кандидат од ПЕИ, Фијат Цаноски.„Тешка борба, но победи подобриот“ изјави Мерко. Синоќа, уште од 21 часот, симпатизерите и членови на ДУИ ја славеа подебата за уште еден мандат на Рамиз Мерко. Со веење на албанското знаме и парадирање по улиците на целиот град, ДУИ уште во 21:00ч. ја наговести победата во вториот круг. На градскиот плоштад Мерко им се заблагодари на гласачите кои довербата ја дале за…
По бројните забелешки за нерегуларности, очекуваат дека во овој регион ќе се поништи гласањето. Реагираа на многу неправилности при гласачкиот процес. Велат дека биле вршени многу нерегуларности и тоа во избирачките места каде доминира албанското население. Повеќе групи оделе по избирачките места и гласале во име на други лица, полнеле кутии – но на поинаков начин од претходните избори, тврдат од ПЕИ. Од оваа партија веќе се поднесени приговори до ОИК, за вкупно 26 избирачки места кои носат 3 илјади гласови. Најавија дека забелешките ќе ги достават и до Државната изборна комисија. „Без сомн…
На завршната прес конференција на кандидатот за градоначалник од ПЕИ, Цаноски упати сериозни обвинувања до конкурентот Рамиз Мерко. Тој обвини дека актуелниот градоначалник нагло манипулирал со средношколците во Струга.Цаноски истакна дека неговиот против кандидат во последните 10-тина дена воопшто не водел фер и демократска кампања. Вели дека кандидатот од ДУИ и неговото членство постојано предизвикувале партиски препукувања.Цаноски е задоволен од кампањата која ја водела неговата политичка партија. Фијата Цаноски потенцира оти зад неговата кандидатура застанале повеќе политички партии,…
На денешната завршна прес конференција на градоначалничкиот кандидат од ДУИ, Рамиз Мерко на пристутните им се обрати како актуелен и иден градоначалник на о.СТруга. Ова го кажувам сосигурност во себе, бидејќи имам доверба во вас, вашиот глас нема да се злоупотреби, туку ќе си го најде своето место во изградба и развој на Струга, рече Рамз Мерко. Тој на прес конференцијата потенцира дека има подршка од неколку политички партии.Актуелниот градоначалник, го повика електоратот на 5 април масовно да излези на гласање. Да го дадат својот глас за Струга, за нашата заедничка иднина и добросостојба…
Кандидатот за градоначалник од ДПА, Менди Чура денес излезе на прес конференција да обелодени дека лично не одлучува за кого ќе гласаат членовите и симпатизери на ДПА. Јас се изјаснив на 27.3 дека после првиот круг се повлекувам и освоените 5 илјади гласови ги препуштам на штабот да одлучи што понатаму. Чура првично, го пренесе ставот на Мендух Тачи, дека ДПА застанува зад кандидатот албанец, а сега ставот се промени. А за сметка на тоа, на негова адреса пристигнаа обвинувања.„Ги демантирам шпекулациите дека сум добил од ПЕИ 500 илјади евра, за возврат Цаноски да ја довбие подршката од Д…
Зад кандидатурата на Фијат Цанокси застана во моментов најголемата политичка партија од македонскиот блок, Вмро Дпмне. Официјално ова го потврди Славко Котески, првиот човек на комитетот на оваа партија. Решивме да го подржиме овој кандидат бидејќи не сме задоволни од работата на актуелниот градоначалник, Рамзи Мерко. Не сакаме јавноста ова да го свати како анти албанска коалиција, бидејќи ние застануваме зад личност а не партија, додава Котески. Додека тој и неговото членство обелоденија за подршката на Цаноски, министерот Милошоски се огради од ова прашање. „Струга е специфицен град. Речи…