Струшкиот совет официјално ќе започне со работа од следната недела. Бидејќи изборниот процес во Струга заврши на 15 овој месец, согласно законот за локална самоуправа, 20 дена по завршувањето на изборите, новиот состав има за задача да се состане. Законските одредби веќе се запазија, и скоро сите членови на советот добија покани за седницата која ќе се одржи во среда, на 29 април. Нивните избрачи очекуваат дека советниците од старт ќе работата во интерес на сите граѓани.Вo анкетата која ТВМ ја направи, стружани пред се очекуваат да се решат многу проблеми од комуналната област. Велат, нов…
Сервер Шашко, како поранешен советник во струшкиот совет зборува за искуствата, на тема колку жената е вклучена во политиката. Проследете ги нејзините искуства во политиката.1. Бидејќи вие бевме дел од минатиот состав во советот на општина Струга, со кои потешкотии се соочувавте во вашето работење, дали почувствувавте полова дисктиминација?Според мене, советот работеше доследно. Ние од 27 членови бевме само 4 жени. Сметам дека и таа бројка е можеби и по некоја случајност, бидејќи обично се вели дека политиката е само за мажи со што јас воопшто не се согласувам. Во моето искуство во советот…
Во знак на револт поради одлуката на Уставен Суд, денес се протестираше и во Струга.„Народот сака веронаука“, „Верата нема да ја укинат, верата ќе остане“, „Право на верба во бога“.Со овие пароли, денес група граѓани го искажаа своето незадоволство поради одлуката на Уставниот Суд, да се укине предметот веронаука. „Денес се собравме во мултиетничка Струга, да дадеме подршка на 15 илјади деца кои имаат право на избор, и тоа право им беше насилно укинато. Во замја каде повеќе од 60% има православно население во никој случај не е правилно да се укине веронауката“, велат родителите чии деца г…
Вакцината е неопходна за да се зајакне човечкиот имунитет. Со тоа не само што ги заштиуваме децата од заразни болести туку и превентивно им делуваме за да се спречат разни заболувања, порачуваат стручните лица. Само со редовна и потполна вакцинација се обезбедува сигурна заштита, вели д-р Лилјана Дурацоска од оделението за вакцинации при ЈЗУ Здравствен дом Струга во Струга.Вакцинирањето е задолжително, законски регулирано и се спроведува според календарот на имунизација во нашата држава. Децата кои треба да примаат вакцина, вообичаено доаѓаат по претходна покана од страна на „Здравствен…
Билбордите поставени за време на локалните избори, сеуште не се отстранети. Кандидатите за градоначалник на Струга, можат да се видат насекаде по градот. Ограноците на струшките политичките партии по завршувањето на изборите заборавија на нивната обврска да ги отстранат плакатите од билбордите.Вообичаено, многу малку од партиите во градот сериозно го прифатија договорот на кој се обврзаја дека по завршувањето на изборите сами ќе ги отстранат политичките плакати. Комуналните инспектори при општина Струга велат дека овој проблем е вообичаен кога се одржуваат избори.„За ваквото не почитување н…
Со велигденските празници започна и туристичката сезона во Струга. За продолжениот празничен викенд градов е полн со гости од земјава но и странство. Хотелските капацитети во струшкиот регион се полни повеќе од половина, задоволно кажуваат угостителските работници.„Во хотел имаме гости од САД, Бугарија, Албанија и Грција. За овие неколку дена, сместувачкиот капацитет е исполнет околку 65%. За почеток сме задоволни“-вели Љурзим Бакал, менаџер во „АД.Хотел Дрим“.Од стартот на сезоната се задоволни и продавачите на сувенири по градот. Велат дека прометот направен од првите туристи, најавува…
Голем број верници постојано се упатуваат кон струшките православни храмови, негувајќи ја вековната традиција. На Велики четврток, за здравје, во црква ги носат рано изутрината вапцаните јајца и алишта. На велики петок, пак со палење свеќи го одбележуваат денот кога Исус бил распнат. Стружани потенцираат дека ова е еден од најголемите денови за целиот христијански свет, затоа што е празникот во кој се слави животот и од кој извираат љубовта и надежта. Од домашната трпеза традиционално, и независно од цената, не изостанува јагнешкото месо. Некои го купиле уште пред месец дена, некои пак тоа …
27- те избрани струшки советници денес и официјлно седнаа во советничките клупи. Од страна на членовите на Општинската изборна комисија им беа доделени решенијата за верификација на нивните мандати. Како што е познато: во советот на општина Струга, најголем број советнички места има ДУИ. „Првенствено ќе се залагаме за подобра иднина на младите“, рече Џеваир Беќири- советник од ДУИ.Втори по бројност се советниците од редовите ВМРО- ДПМНЕ со 6 советнички места. Како што потенцира советникот Момчило Аврамоски, во своето работење, приоритет ќе стават на подобрувањето на меѓунационалните однос…