Мај 7, 2009

Нередие на струшките плажи

Во последниов период интензивно, нелегално се  уредува крајбрежјето. Педалинки има на секој чекор, времени објекти поставува кој што ќе стигне. Деновиве шанк се поставува на самото пристаниште, на машка плажа, реагираат од Хотел Дрим. Од таму велат, доколку дојдат гости кои сакаат Струга да ја посетат со брод нема каде да слезат, пристаништето е узурпирано. Бидејќи сега плажите се во споственост на Р. Македонија, како може државава да го дозволи ова? се прашуваат од Хотел Дрим.Бараат од Mинистерството за транспорт и врски што поскоро да објави конкурс за издавање на плажите под концесија, и…

Мај 6, 2009

Љубезни додека добијат пари, а потоа арогантни

Понудувачите на услугите забораваат да бидат љубезни  кон своите потрошувачи. Односот кон купувачите е на високо ниво се додека тие платат за услугата. Доколку потрошувачот е незадоволен,  веднаш  продавачите стануваат  арогантни и не ги почитуваат правата на потрошувачите.Од советодавното место за заштита на потрошувачите при општина Струга велат дека  арогантниот одност на продавачите кон потрошувачите е најчесто причина поради која реагираат тие до нив.Тие пак, како најљубезни  ги истакнуваат продавачите на пазарот. Тезгаџиите се крајно внимателни како се однесуваат кон своите муштерии.Д…

Мај 5, 2009

8 години во потрага по „киднапираниот“ Мемети

Надежта на роднините последна умира, велат ќе бидат упорни до крај додека не се расветли случајот.8 години, ни трага ни глас од исчезнатиот албанец, Султан Мемети, од село Радолишта-струшко.Неговито семејство, роднините  и сограѓанитеупорно години наназад се борат за правда.Мемети, исчезна  на 6 мај 2001 година за врема на конфликтите во Македонија. Сограѓаните тврдат дека бил приведен, односно киднапиран од страна на струшката полиција, иако како што велат  не постоела причина за тоа. Од тогаш до денес нема информации  каде е исчезнатиот Мемети.„Секое дете иам право да зане каде се неговит…

Мај 4, 2009

Сеуште нема тендер за струшките плажи

Министерството за транспорт и врски сеуште нема распишано тендер за струшките плажи да се  дадат под концесија. Поголемиот број сопственици на хотелски објекти кои се наоѓаат на самиот кеј реагираат бидејќи гостите кои ќе отседнат кај нив не можат да уживаат во благодетите на уредена плажа. ТвM во повеќе наврати се обиде да стапи во контакт со портпаролот на министерството со цел да дознаеме до каде се работите околу тендерот,но безуспешноВо наредните изданија на дневникот на ТвM ќе ја обработиме подетално темата околу сосдтојбата наструшките плажи.{loadposition content9}

Мај 1, 2009

Лековитото својство на невенот ја издигна Македонија на врвот

Средното училиште „Јахја Кемал“ се закити со сребрен медал. Двајцата учениците од ова приватно училиште, Александра и Жарко, преку проектот за лековитото својство на цвеќето  невен, во САД ја издигнаа Македонија на врвот . На собирот во Америка кој имаше натпреварувачки карактер, двајцата ученици се претставија со проект од микробилогија и биохемија „Производство на секундарни метаболити кај невенот“. Проектот е изведуван во инвитро услови, со различни концентрации на силицилна киселина.„Невенот кај нас е популарно растение. Баба ми прави масло од невен и го употребува кога има болка во уво…

Мај 1, 2009

Спотот за Македонија ќе донесе туристи

Телевизискиот спот за туристичките потенцијали и културното богатство на  Македонија побуди интерес кај странските гости. Со емитувањето на повеќето телевизии ширум светот, охридско-струшкиот регион и воопшто Македнија како земја, стана се по посакувана дестинација за посетување, информираат  од „Агенцијата за развој на Туризмот“.„Дури и туристи од Индија се заинтересирале да ја посетат  Македонија. Тоа најавува богата сезона во охридско-струшкиот регион“-вели  директорот на „Агенција за развој на туризам“, Зоран Стрезоски.Работиме со забрзано темпо на промоција на туризмот и културните бог…

Апр 30, 2009

„Туристички совет“ ќе помага во Струга

Туристичките и угостителските  работници од Струга се соединија да го втурната градот меѓу светските туристички центри. Инфраструктура, сигнализацијата, и уште поголема промоција на Струга- како атрактивно туристичко место, се приоритетите за кои ќе се залагаат инволвираните во туризмот.За да се подобри туризмот во Струга, денес по иницијатива на „Агенцијата за развој на туризмот“ се формира „Туристички совет“. Струга е првиот град во Македонија  во кој се реализира оваа идеа на агенцијата.„Целта е поврзување на туристичките работници, локлната самоуправа и Агенцијата за развој на туризмот“…

Апр 30, 2009

Комуналците од Струга зедоа 1 од 7-те плати

Вработените во Јавното Комунално претпријатие во Струга денес забрзано ги извршуваат своите обврски. По неколку дена пауза, во знак на револт поради заостанатите неисплатени 7 плати, ја бојкотираа работата. Во текот на вчерашниот ден, директорот на Ј.П Комунално, на вработените им исплатил само една плата, согласно претходно постигнатиот договор. Другата  плата вработените ќе ја добијат во текот на следната недела, кажува првиот човек на Комунално.Тој вели дека веќе има план како да се исплатат и другите заостанати плати. Единствено, излез од финасиската криза, директорот гледа само доколку…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top