По повод неодамнешната изјава на заменик министерот за образование Линдита Ќазими дека во Струга има доволен простор за сите ученици, членството на оваа партија упати низа обвинување кон министерството за образование и комплетно до актуелната влада.Албанските ученици не се примитивци. Апсурд е во 21 век, во една паралелка да учат 40 ученици. Ова се дел од обвинувањата на ДПА од Струга по повод неодамнешната изјава на заменик министерот за образование Линдита Ќазими дадена за весникот „Коха“. На денешниот прес во целост беше цитирана изјавата на Ќазими во која стои: „Мислам дека во постоечко…
Инексово лето по 6-ти пат во хотелот „Дрим“. Оваа година, манифестацијата е со ново име -Меѓународен арт фестивал “Езерски Бисер“. Наместо како досега, настанот да се одржува на базенот „Камелија“ овој пат манифестацијата ќе се биде лоцирана во националниот ресторан „Струшки Кепенци“. Свеченото отварање ќе биде на утре, во 21 часот.„Најавено е присуство на еминентни гости. Ќе дојдат претставници од министерството за Култура како и македонскиот амбасадор во Москва“-вели Татјана Огненовска од АД.Хотел Инекст-Дрим.Организаторите најавуваат отие 6-тото издание на овој културен настан ќе биде …
Во езерото иам јагула но немаме увид кој и колку лови, велат од Институтот за Сточарство.Состојбата со фондот на јагулата во Охридското езеро не е загрижувачка. Годиниве наназад пракса било на струшкиот „Даљан“ да се ловат од 8 па до 16 тони јагула, количина регистрирана на вага, кажува Димче Тале, од Институтот за сточарство. „Последниве години, оваа количина е намалена. Можам слободно да си земам за право да кажам, откако е забранет ловот на сите видови риба во езерото, немаме увид кој и колку лови“- додава Тале.Природниот пат на мрестот на јагулата е прекинат од 1970-тата година. Од тога…
Дали по десет години ќе се прават познатите грниња? Грнчарот Митко Арсовски загрижен за иднината на оваа уметност. Грнчарството пред изумирање. Митко Арсовски, познат грнчар од Злетово, сериозно загрижен за иднината на овој занает. „Од мали нозе ја негувам традицијата на моето семејство, јас сум третата генерација која верно го негува овој занает. Ме загрижува фактот што младите се помалку се интересираат да ја негуваат оваа уметност“- вели Арсовски.И да сакаме да ги зачуваме познатите македонски занаети, во иднина ќе бидеме приморани да кренеме раце од нив, вели Ќазим Скендер, ракотворец …
Во Струга, атрактивните плажи имаат квалитетна вода за капење. На „Машка“, „Женска’, „Галеб“ и „Евро“ плажите, кои најчесто се доста посетени од капачи, водата е од втора категорија, и истата може да се користи за капење, спорт и рекреација. Резултатите од последното испитување од страна на Заводот за здравстевна заштита покажуваат дека водата од Охридското езеро на струшкото крајбрежје воглавно е чиста и истата може да се користи за капење, спорт и рекреација. Анализите од површинската вода од вкупно 13 примероци покажуваат дека водата во крајбрежниот дел е од прва и втора класа. Од трета…
Летниот период е сезона и за џепчиите но и за крадците. Граѓаните едногласни, дека ова годишно време им создава немир во поглед на безбедноста од кражби. Струга важи за туристички град, а бидејќи сезоната е во тек и фреквентноста е значително зголемена, граѓаните но и гостите, велат дека во овој град се чувствуваат безбедни од кражби.За разлика од вообичаено, во текот на летната сезона, зголемен е бројот на кражби. Ова го потврдуваат и од полициската станица во Струга. Најчесто, мета на крадците се мобилните телефони.„Постојано се крадат мобилни телефони бидејќи граѓаните додека се одмар…
Кабелските оператори не се придржуваат кон препораките на Советот за радиодифузија. Токму поради тоа, тие денеска повторно им порача да го прекинат реемитувањето на телевизиските програмски сервиси за кои немаат соодветна докумнетација. Тоа се однесува за програмите; хрватската ТВ НОВА и ОБН од Босна и Херцеговина. За спорните тв канали досега кабелските оператори не обезбедиле соодветни докумнетација односно немаат авторски права за нивно реемитување во нашава држава. Советот за радиодифузија се одлучи на ваков чекор со цел да одговори на бројните претставки на операторите, но и по ко…
„Ако не не сакаат надлежните во Охрид, стружани не пречекаа со раширени раце“, раскажуваат организаторите на фестивалот. Најавите кои траеја 1 година, дека Охрид по втор пат ќе биде домаќин на оваа голема културна манифестација, паднаа во вода. Организаторите кажуваат оти до последен момент не биле информирани дека надлежните од Локалната самоуправа овој пат нема да ја подржат врвната манифестација. Три дена пред одржувањето на фестивалот ни кажаа дека општината не е финансиски моќна да го финансира фестивалот, и дека сите трошоци треба сами да ги сносиме, раскажува Роберт Калајџи, еден од…