Ако не сака Охрид, сака Струга

Фестивалот „Средновековен Охрид“ стана „ Историски фестивал Струга“.

 |  Колоска Билјана  | 
grncarski proizvodi
грнчарски производи

„Ако не не сакаат надлежните во Охрид, стружани не пречекаа со раширени раце“, раскажуваат организаторите на фестивалот.

тезгиНајавите кои траеја 1 година, дека Охрид по втор пат ќе биде домаќин на оваа голема културна манифестација, паднаа во вода. Организаторите кажуваат оти до последен момент не биле информирани дека надлежните од Локалната самоуправа овој пат нема да ја подржат врвната манифестација. Три дена пред одржувањето на фестивалот ни кажаа дека општината не е финансиски моќна да го финансира  фестивалот, и дека сите трошоци треба сами да ги сносиме, раскажува Роберт Калајџи, еден од организаторите. Ни поставија услови со кои бевме приморани сами да бараме друг начин, појаснува соговорникот.

„За разлика од односот на надлежните во Општина Охрид, во Струга бевме пречекани на многу пољубезен начин, кажува Калајџи. Историскиот фестивал е од корист на било кој град, преку него ја нудиме живата историја на овој регион“, потенцира организаторот Ѕвонко Наумоски.

„Идеата на овој фестивал е да се развие и позиционира вдолж брегот на Охридското езеро, бидејќи овој регион е центар на духовната култура на средниот век“,  додаде Наумовски. Вели, овие работи општина Охрид треба да ги има во предвид, бидејќи оваа манифестација е добредојдена за развојот на туризмот.

„И ние  сакавме овој фестивал повторно да се одржеше во Охрид, но актуелната економска состојба во светот, се  почувствува и кај нас, велат од Локалната самоуправа. Организаторите ги информиравме еден месец пред најавеното одржување на фестивалот дека општината нема финансиски средства да ја подржи манифестацијата“, додаваат од таму.

И покрај проблемите со одржувањето на фестивалот, истиот се одржува но во соседниот град Струга. Учесниците на манифестацијата, голем број домашни и странски уметници и ракотворци,  на штандови пред граѓаните ќе ги презентираат своите вештини.

„Историски фестивал Струга“ е во тек и ќе трае до 8ми овој месец. Производите изложени на штандовите се од продажен карактер. Инаку, манифестацијата се одржува во летната бавча „Струшки Кепенци“, во склоп на Холет Дрим.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top