Окт 14, 2009

Уште еден вандалски чин

Од муслиманските горбишта во Струга украдени зимзелени дрвца кои вчера се зaсадени. Синоќа непознати сторители зеле вкупно 50 стебла.Нова штета на муслиманските гробишта во Струга. Синоќа засега непознати сторители  украдоа 50-тина зимзелени дрвца, засадени во текот на вчерашниот ден. Граѓаните но и иницијативниот одбор за уредување на просторот околу муслиманските гробишта, се запрепастени од ваквиот гест кој се случи во доцните вечерни часови.„Утринава само што стигнав на ова место, кога  видов дека се украдени 50-тина стебла се разочарав од ваквиот нехуман однос од страна на одредени гра…

Окт 13, 2009

Враништа сеуште лежи на септички јами

Враништани најблиску до Прочистителната станица а сеуште битка водат со септичките јами.Не изиграа надлежните,  сите околни села се приклучија на канализационата мрежа а ние и понатаму чекаме, велат граѓанитеНа еден чекор до Прочистителната станица Враништани сеуште чекаат на канализационен приклучок. Трпението попушта кај жителите. Наместо ова село уште на самиот почеток, со изградбата на Прочистителната станица „Враништа“ да добие канализација, ние и понатаму сме запоставувани, велат граѓаните. Сите околни села го решија проблемот со септичките јами, а ние сеуште сме на листата на чекање,…

Окт 12, 2009

Болницата за нефрологија значително се поднови

Болницата за нефрологија во Струга доби две одделенија за третман на болни од хепатит Б и Ц, нов рендген апарат и дел од новата болничка лабораторија. Празнувањето на 11 ти Октомври се одбележа и во Струга. Во присуство на Министерот за здравство Бујар Османи, во болницата за нефрологија, свечено беа отворени две нови одделенија за третман на 24 болни од хепатит Б и Ц, нов рендген апарат и дел од новата болничка лабораторија. Исто така се изврши промоција на три нови дијализни сали, опремени според највисоки европски и светски стандарди. „Ме радува што со секое мое наредно доаѓање во овој ц…

Окт 12, 2009

Се зголемува бројот на кучиња скитници во Струга

Ни ги носат од другите градови, вели директорот на Комунално. Наави дека во Струга ќе се гради шинтерницаКучиња скитници на сите страни низ Струга. Вообичаено, со овој проблем сружани се почесто се соочуваат. Деновиве, глутница кучиња има во дворот на основното училиште „Браќа Миладиновци“.Освен што тие преставуваат опасност за децата, се и ноќна мора и за повозрасните.Пред објективот на нашата каметра кажуваат колку многу ги има по градот, укажувајќи на опасноста од нив.Факт е дека се поголем е број на  кучиња скитници кои се движат по градот, признава директорот на Комуналното претпријати…

Окт 10, 2009

Регионална депонија – ќе се гради!

Градоначалниците на Охрид, Струга и Кичево ги дефинираа деталите за регионалната депонија која треба да се гради. Инвеститорот за јавноста сеуште тајна, но како можни опции се спомнуваат компании од  Швајцарија, Германија или Италија. Претставници од Локалните самоуправи во понеделник ќе одат во Крагуевац на отворањето на регионалана депонија, со цел практично да се запознаеат со реализираниот проект.За краток период општините ќе се отарасат од депониите. За проблемите со постоечките депонии, поради кои граѓаните се гушат и дишат загаден воздух, се почесто разговараат градоначалниците, а пр…

Окт 9, 2009

ИПА фондовите за НВО достапни или не?

Еколошките друштва од Струга конкурирале со проекти за преку гранична соработка, но повратен  одговор немаат добиеноКолку од невладините организации знаат правилно да ги искористат средствата кои гу нудат ИПА фондовите? Иако крајниот рок за аплицирање со проекти заврши кон почетокот на месец  август досега апликантите немаат добиено повратен одговор, дали тие изработиле проект по поставените критериуми. На овој повик се јавиле околу 6  невладини огранизации од Струга, меѓу кои и „Енхалон“ и „Еко-Вел“. Средствара од ИПА фондовите начално се пристапни но во пракса тешко остварливи.  „Многу од…

Окт 8, 2009

Обиена „Агенцијата за развој на земјоделство“ во Струга

Обиена струшката  канцеларија на „Агенцијата за развој на земјоделство“. Од овој простор, од засега непознати сторители, се украдени едно куќиште од компјутер и еден дигитален фото апарат. Штетата од украдените предмети не е толку голема, колку што е направена штета што многу од внесените материјали во компјутер сега ги нема. Наместо ние да се посветиме на секојдневните активности, сега мора повторно да ја средуваме целата документација, вели раководителот на Агенцијата.„Добар дел од документите мора повторно да ги внесуваме во компјутер, за тоа ќе ни е потребно доста време. Сигурно додека …

Окт 7, 2009

Во Вевчани се работи

Градоначалникот на Вевчани од ова место ќе прави мала функционална општина.Долгот кој го наследив, ќе се потрудам за кратко време да го исплатам, вели градоначалникотПолни раце работа за градоначалникот на Вевчани. Туризмот, новата училишна зграда, како и многу инфраструктурни проекти, се само дел од приоритетите ставени на агендата за  работа на првиот  човек на оваа општина. Вевчани нема блокирана сметка но има долг од 4 милиони денари, кажува градоначалникот Перо Илиески. Се надеваме дека за краток период ќе успееме да го исплатиме истиот, додава градоначалникот.Уште од моето доаѓање на …
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top