Регионална депонија – ќе се гради!

Градоначалниците на Охрид, Струга и Кичево ги дефинираа деталите за регионалната депонија која треба да се гради.

 |  Татјана Маленкова  | 
deponija
deponija

Градоначалниците на Охрид, Струга и Кичево ги дефинираа деталите за регионалната депонија која треба да се гради.

deponijaИнвеститорот за јавноста сеуште тајна, но како можни опции се спомнуваат компании од  Швајцарија, Германија или Италија. Претставници од Локалните самоуправи во понеделник ќе одат во Крагуевац на отворањето на регионалана депонија, со цел практично да се запознаеат со реализираниот проект.

За краток период општините ќе се отарасат од депониите. За проблемите со постоечките депонии, поради кои граѓаните се гушат и дишат загаден воздух, се почесто разговараат градоначалниците, а проблемите со депониите се приоритет и на Министерството за животна средина.

„ За финансиски да се оправда изградба на современа депонија, треба минимум 250 000 жители“, вели градоначалникот Петрески и додава:

„ Ние треба да изградиме депонија сите заедно, за истата да биде исплатлива. На работниот состанок во четвртокот, заедно со градоначалниците на Струга и Кичево, дефиниравме каков вид на современа депонија ќе изградиме и  кој ќе ја гради. Најверотно депонијата ќе биде инвестиција од Швајцарија, Германија или Италија“.

И Министерот за животна средина Неџати Јакупи, вели дека стратегијата и планот за управување со отпад се првите работи  кои  треба да ги реши ресорното министерство како и Владата на Р.Македонија.  Министерот истакна дека за решавање на оваа проблематика, во постојани контакти се со општините и верува дека за скоро време ќе се изнајде решение.
„Секако дека за Охридско-струшкиот регион е предвидена една регионална депонија. Штом се прибават сите потребни документи, ќе се изгради депонија која би била за потребите на двете општини“- истакна Неџати Јакупи..

Бидејќи  проблемот со депонии  ги засегнува речиси сите градови во Македонија, од Владата на Р. Македонија најавија  дека  предвидени се 5 до 6 регионални депонии низ целата држава.   Сеуште не се знае на кои места ќе се носи сметот, собран од општините во Охридско-струшкиот регион..

Дека работите кај нас мрднаа од мртва точка, барем во поглед на планирањето, говори претстојната посета на Крагуевац. Тимови од Локалните самоуправи од Охрид, Дебарца, Струга и Кичево, како и заинтересирани граѓани од овие општини, во понеделник ќе отпатуваат кај нашиот сосед со цел да присуствуваат на свеченото отворање на регионална депонија во Србија. Искуствата од таму, сигурно ќе бидат добредојдени за што поскорешно реализирање на најавите за отварање на регионална депонија и кај нас.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top