Ное 28, 2018

Небезбедна за пиење водата во градскиот водовод во Струга

Поради обилните врнежи од дожд кои деновиве го зафатија подрачјето на општина  Струга дојде до нарушување на квалитетот на водата за пиење од градската водоводна мрежа во Струга, по однос на параметарот матност. Од извршените мерења на водата за пиење од градскиот водовод во Струга, од страна на екипи на Центар за јавно здравје Охрид, претпладнево, 28ми номври, констатирана е зголемена матност во водата за пиење, со вредности значително поголеми од законски пропишаните. Поради тоа и согласно Правилникот за безбедност на вода, водата од градската водоводна мрежа во Струга и селата кои се при…

Ное 23, 2018

Се сретнаа претставниците на Црвениот крст на Република Македонија и Црвениот крст на Република Бугарија

Делегација на Бугарски Црвен крст, деновиве ја посети централната канцеларија на Црвениот крст на Република Македонија, како и Центарот за кадри и рекреации “Солферино” во Струга. Средбата е обид, долгогодишната соработка помеѓу двете национални организации да се подигне на едно повисоко ниво, преку презентација на заедничките можности за соработка на одборите од двете организации, а секако  во духот на Меѓународната организација на Црвениот Крст. Исто така соработката се состои и во размена на идеи на одредени општински организации од земјава, со општински организации од соседна Бугарија, …

Ное 7, 2018

Со денови беснеат пожари во струшко

Пламените јазици не стивнуваат во струшко Нерези.  Скоро десетина денови гори  шумата над селата  во Долни Дрмкол. На терен се само вработените од Шумското стопанство. Во телефонска изјава за ТВМ се жалат дека немаат помош од Центарот за кризи. Единствено на помош дошла Противпожарната единица, која не е во состојба да го сопре ширењето на огнот , бидејќи  теренот е непристапен. Револтирани бараат  помош!„ Сегде гори десет дена веќе овде  и да не го обвинуваат шумското стопанство само ние сме на терен. Немаме помош од никого! На телефон ни се јавуваат и се расправаме! Никој не излегува!!, в…

Окт 12, 2018

Приведени осомничените за тепачката во клубот „Оаза“

Поради постоење основи на сомнение за сторенo казнено дело  „учество во тепачка”, полициската станица од Струга, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против седум лица од Струга и струшкото село Калишта.Кривичната пријава е поднесена против О.Е.(30), А.Ѓ.(29), И.Т.(27), Р.Ш.(27), В.Т.(29), Ј.Т.(22), В.Т(21) кои кривичното дело го сториле на 16 септември оваа година, во ноќниот клуб „Оаза“ во Струга. Тука, В.Т.(29) најнапред физички го нападнал О.Е. удирајќи го со шише по главата а веднаш потоа во тепачката се приклучиле и останатите сега пријавени, кои биле нивни другари.

Сеп 20, 2018

40 години од првата хемодијализа во Струга

Заводот за нефрологија од 1978 година до денес прерасна во здравствена установа која брои 209 вработени од кои 25 специјалисти и друг високостручен кадар.Во план е воведување на нова хируршка процедура – трансплантација на бубрег, за што веќе има операциона сала, но недостига медицинска опрема.„Треба да се доопреми, инаку имаме нова операциона сала во уролошкото одделение во заводот која што може да се искористи и дури сега мислам дека сме во можност да правиме и посттрансплантациона нега. 0258 Опрема имаме, но мора да се освежи опремата со нови апарати со потребен ни е ехо апарат за ултраз…

Сеп 20, 2018

При крај е изградбата на претоварната станица на струшката депонија

При крај е изградба на претоварната станица кај струшката дива депонија. Тука отпадот од Струга и околните населени места ќе се пресира и потоа ќе се транспортира на депонијата Дрисла во Скопје или на некоја друга локација. Екипи од компанијата производител на опремата Техникс од Хрватска се на терен и забрзано работат на проектот за кој  тврдат дека е беазиран врз европски искуства и стандарди.„Нашата обврска е до крајот на реализацијата на овој проект каде ние ја монтираме , ја пуштаме во употреба опремата и ги обучуваме луѓето кои ќе бидат овде поставени од страна на општината“, рече Мус…

Авг 21, 2018

Дијабетичарите од Струга кои користат инсулин реагираат на квалитетот на терапијата

Диајбетичарите од Струга кои користат инсулинска терапија реагираат на неквалитетен инсулин и апарати за мерење на шеќер во крвта. Иво Дукоски и Минир Зиба, корисници на инсулин укажуваат на променетиот квалитет на инсулинот која ги загрижува, како и многумина дијабетичари кои се на инсулинска терапија. „И јас го имам истиот проблем, каде при боцкање мене ми покажува висока вредност. Дали е до апаратчето или нешто друго, но ми покажува висока вредност на квалитетот на инсулинот и во медицинсиот центар кога ќе давам крв. Но штом покажува висока вредност при боцкање нешто не е во ред.Треба д…

Мај 18, 2018

Нема повеќе педалинки по струшките плажи

Педалинките во Струга заминуваат во историјата. Струшките советници на последната седница едногласно ја изгласаа одлуката за забрана за издавање на педалинки долж крајбрежјето во Струга. Градоначалникот Рамиз Мерко, вели години наназад најголем број на давеници биле млади кои животот го загубиле користејќи педалинка и смета дека тоа мора да запре, и затоа оваа одлука ја прифатил и подржал со раширени раце. „Заради профит на неколку граѓани кои можеби и немаат и фирми за педалинки и досега немале никаква одговорност да и понатака работат со педалинки еве советот тоа право му го скрати“ Сво…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top