Верскиот објект на светите Кузман и Дамјан ќе биде со поголеми димензии. Во Враништа се гради нова црква на местото од претходнота црквичка на светите Дамјан и Кузман. Вчера, свечено се фрлија темелите на верскиот објект, кај мештаните викан Св. Врача. Се трудиме од ова село да направиме мал Ерусалим, велат од црковниот одбор. „Ние на сите седници на Црковен Одбор го информиравме населението дека во план ни е да ги осветиме и другите цркви. Вкупно има 6, ова е трета која ја осветуваме“-вели Ѓорѓи Митрески, секретар на Црковен Одбор-Враништа.Малата црквичка се наоѓа на североисточниот дел од…
Бесплатниот превоз во изминатата учебна година важеше само за неколку месеци. Учениците кои плаќаа за превоз до училиштето сега неможат да си ги повратат парите. „Штом на наша сметка, ресорното министерството ни ги префрли парите,тогаш ние ќе им ги вратиме на учениците“, велат превозниците.Никако да се решат проблемите со училишниот превоз. Иако сега, некако стивнаа маките на превозниците, сепак дел од учениците во втора година, бараат да им се вратат парите од претходната учебна година. Додека се бараше начин на кој би се изведувал бесплатниот училишен превоз, средношколците плаќаа билет, …
Во Струга, веќе втор ден како децата го внесуваат флуорот во организмот преку млеко.Децата почнаа да го конзумираат флуорираното млеко. Веќе втор ден, во градинките во Струга, за доручек децата во одредени количини го пијат млеко збогатено со флуор. Родителите, иако на почетокот не сакаа да ја прифатат стратегијата на Министерството за Здравство, сепак сега поголем број од родителите имаат поинаков став од оној првичниот, вели директорката на детската установа „Сонце“.„На почетокот имаше дилеми, се вршеа и различни анкети и на почекоток имаше отпор за се се дава флуорирано млеко во градин…
„Порака Нова“-ова е новото име на Центарот за лица со интелектуална попреченост од Струга.Центарот за лица со интелектуална попреченост во Струга, побуди голем интерес кај многу родители.Се повеќе се зголемува бројот на заинтересирани за упис во овој центар. Уписите се во тек.Новиот назив е Центар за подобрување на квалитетот на животот на лицата со интелектуална попреченост и нивните фамилии. Освен името, претрпе и други организациони промени.„Во склоп на Центарот работи „Дневен“ каде се сместени неколку групи; детска, школска и возрасна група“-кажува Анита Гаговска, од „Порака Нова“, Це…
Ќе се бара решение, но до изготвување на сообраќајната студија има многу работа, велат од О. СтругаСобраќаен метеж во Струга. Ниту се знае кој каде паркира, ниту пак кој и што треба да почитува во сообраќајот. Поради тоа, во градот се создава револт и нетрпеливост и кај пешаците и кај возачите. Граѓаните се едногласни дека во собраќајот владее општ хаос.Од општина Струга пак признаваат дека во собраќајот се случува да настане метеж, но тоа не е како резултат на нестручно изработена сообраќајна студија, потенцираат од Локалната Самоуправа.Сообраќајот е регулиран по студијата изгласана на Се…
На почетокот на седницата од страна на советниците, упатени беа низа забелешки и критики кон општинската администрација. Правилно толкувани изјави во записник, навремено известување за седниците и состаноците на комисиите, беа дел од забелешките.Со кварталниот извештај за извршување на буџетот на општина Струга за квартал трети 2009 год, како прва точка на дневниот ред отпочна седницата. Oваа точка предизвика бурна реакција кај советниците. Посебно впечатливи беа контрадикторните изјави и ставови на разните политички опции. Тие до детали бараа образложение од градоначалникот Рамиз Мерко и …
Струшките гимназии „Нико Нестор“ и „Ибраим Темо“со нови членови претставници во Управните одбори. Оваа точка беше наметната во дневниот ред на петтата седница на советот на општина Струга. Советничката група на СДСМ затекната од ова нова состојба гласаше против. Прескокната законска регулатива. Советникот од редовите на СДСМ Илија Мацески на петтата седница на советот на општина Струга, заедно со останатите претставници од неговата опција, гласаа против иницијативата на предлог решението за именување претставници членови на Управните одбори во двата средношколски центри, „Нико Нестор“ и „Иб…
Општина Струга со вишок вработени. Во администрацијата моментално работно се ангажирани 117 лица. Само петнаесетина од нив се со договор на дело додека останатите се во постојан работен одност. Навистина на прв поглед оваа бројка е преголема за вработени во Локалната самоуправа, признава секретарот Зоран Гулицоски. Но тоа е така, додава тој, од неколку причини. Повеќе надлежности повеќе вработени, дополни секретарот. По законот за територијална поделба сакале или не, покрај повеќето надлежности моравме да ги прибереме и вработените од поранешните општини, изјави Гулицоски.Покрај оваа пр…