Превработеност во струшката Локална самоуправа

Од општината признаваат дека бројот е преголем, но пари има за сите.

 |  Колоска Билјана  | 

Општина Струга со вишок  вработени. Во администрацијата моментално работно се ангажирани 117 лица. Само петнаесетина од нив се со договор на дело додека останатите се во постојан работен одност. Навистина на прв поглед оваа бројка е преголема за вработени во Локалната самоуправа, признава  секретарот Зоран Гулицоски.

shalterНо тоа е така, додава тој,  од неколку  причини. Повеќе надлежности повеќе вработени, дополни секретарот. По законот за територијална поделба сакале или не, покрај повеќето надлежности моравме да ги прибереме и вработените од поранешните општини, изјави Гулицоски.
Покрај оваа причина,  Гулицоски нагласи дека и секој нов закон отвара барем уште по едно работно место во Локалната Самоуправа.
„Доколку се придржуваме на сите законски одредби и вработуаме лица, тогаш бројот би би уште поголем. Кај нас, дури едно лице ја врши работата за тројца“-
истакна Гулицоски.
При вработувањето, максимално е запазена процентуалната застапеност на етничките заедници кои живеат во општината. Од актуелните вработени, 45 % се македонци, 47 % албанци и останатите се од другите заедници.
И покрај големиот број вработени во администрацијата, сепак општината имам доволно голем буџет за месечни примања на вработените.
секретарот, потенцира дека  преголем број вработени нема само општина Струга туки и останатите Локални Самоуправи во државата, но малку од нив тоа јавно го признаваат.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top