Дек 25, 2009

2010 година плодна за стружани

Градоначалникот Мерко се пофали со 15% повисок буџет за идната година. Тој голем приоритет дава на урбаната сфера, бидејќи покрај домашните, голем интерес има и кај странските инвеститори за градба. А тука веќе е познато каде се инкасираат средствата.Буџетот на општина Струга за 2010 год тежок над 14 милиони евра. Во споредба со годинава тој е за 15 % повисок. Првиот човек на општина Струга Рамиз Мерко вели, дека иако се соочуваат со последиците на економската криза, зголемувањето на буџетот за 2010 год се темели пред се на донесувањето на деталните урбанистички планови. Тука се инкасираат …

Дек 24, 2009

Владата на чекор до одлука

Kаде ќе биде регионалната депонија за југозападниот регион? Тоа со сигурност ќе се знае во 2010 та година, најави Министерот за жиовотна средина и просторно планирање Неџати Јакупи на петтата седница на Советот за развој на југозападниот регион.Енигмата каде ќе биде регионалната депонија за југозападниот регион државата ќе ја одгатне во 2010 година . На оваа тема години наназад 13 татковци на општини од регионов, дебатираат без конечен епилог. Познато е значењето на заштита на животната средина. Во моментов на тоа поле нема конкретни резултати, бидејќи од натрупаните проблеми не се забележу…

Дек 24, 2009

Мерко со уште една одговорна позиција

Тој е избран како делегат на Генералниот совет на ДУИ. Мерко скромен и послушен на одредбите на својата опција и лидерот Ахмети.Градоначалникот на Струга Рамиз Мерко како активист на ДУИ се најде меѓу 75 те делегати  во трката од 159 кандидати. Познато е дека на вториот конгрес на Демократската унија за интеграција што се одржа во саботата 19 декември, лидерот Али Ахмети остана на кормилото на оваа политичка опција уште четири години. На Конгресот беа избрани и членовите на Генералниот совет. Мерко задоволен од своето место меѓу делегтите, и потенцира дека  конгресот се одржал на високо дем…

Дек 22, 2009

Старите тезги на исто место

Јавното комунално претпријатие наместо со шминкање на тезги, ќе работи на приоритетите на претпријатието, вели директорот Патко Кутаноски.  Новогодишни  реквизити и годинава ќе се продаваат  на тезги распоредени в долж на  струшката чаршија.„Годинава локалната самоуправа има поинаква стратегија за украсување на градот, па поради тоа ќе почекаме општината да заврши со украсувањето за да не дојде до дисхармонија на шетачката зона“, вели директорот на Јавното Комунално претпријатие, Петко Кутаноски.Директорот на Јавното Комунално претпријатие,  истакна  дека во соработка со комуналните инспект…

Дек 18, 2009

Работниците не ги знаат своите права

За нив, тие  одсега ќе можат да се информираат во канцеларијата на УНАСМ во Струга. „Работник загина во рудникот „САСА“, Кумановец паднал од скеле и починал, Струен удар повредил двајца градежници во Скопје“- ова се само дел од натписите во медиумите. Се почесто вакви вести можат да се слушнат,  бидејќи во последно време воопшто не е чудно работник да биде повреден додека е на своето работно место, без при тоа, работодавачот да одговара според законските прописи. Тие се должни да обезбедат услови за безбедност на животот и здравјето на работникот. За жал, многу малку од вработените се зашти…

Дек 17, 2009

Прозбори жртва на семејно насилство и од Струга

Нејзиниот сопруг ја малтретирал физички, но и психички. Институциите и после многу обиди од нејзина страна не и излегле во пресрет. Стрес и страв предизвикан од физичко и психичко малтретирање е дел од суровото секојдневие на жртва на семејно насилство од струшко. „Веќе 40 години, откако сум во брак, бел ден немам видено“, раскажува соговорничката. Нејзиниот сопруг, постојано ја тепал, а за да остане во домот, требало да му дава пари, во спротивно ќе ја избркал на улица.„За моите маки, знаат само соседите“, раскажува соговрничката. Моите деца со години гледаа како се однесува нивниот татко …

Дек 16, 2009

Во Вевчани, собирање смет за само 70 денари

Вевчанци му плаќаат минимална сума на Комуналното претпријатие.  За месечен надомесок за собирање смет, домаќинствата издвојуваат по 70 денари. Незнам дали воопшто во регионов има населено место каде по оваа цена се собира смет, вели директорот на претпријатието „Еремија“. „Пред некој ден бевме на семинар во Скопје, се дискутираше на оваа тема. Просечна цена во Македонина за собирање смет е од 4 до 10 евра. Замислете сега, ние наплаќаме по 70 денари. Со оваа сума не можеме ниту минималните трошоци да ги покриеме“-вели директорот  ЈП „Еремија“ од Вевчани, Науме Попески.И покрај минималната ц…

Дек 15, 2009

Високи очекувања

За разлика од лани, годинава бројот на посетители за новогодипните празници не е значително намален. Угостителите и кафулињата веќе ги нудат своите аранжмани. Ниту свинскиот грип ниту пак рецесијата ќе ги убеди граѓаните новата година да ја дочекаат дома. Бројот на резервации по хотелите или пак кафулињата во Струга вообичаено е голем. Мора да признаеме дека овие два фактори влијаат врз нашата работа, велат од хотел Дрим. За разлика од минатата година, оваа се чувствува намалениот бројот на побарувачка на аранжманите, но ние тоа го надополнуваме со нови пазари, велат од таму.  Деновиве хоте…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top