Сите физички и правни лица кои се занимаваат со традиционална и комплементарна медицина, пирсинг, тетовирање и вршат активности за нега и разубавување, ќе треба да поседуваат дозвола за работа издадена од Министерството за здравство. Од занаетчиската комора на Македонија пак, бараат Козметичарската дејност да се иземе од Законот за јавно здравство и да се разграничи од медицината.На крајот од месец јануари годинава беше доснесен Законот за јавно здравје. Во него стои дека сите физички и правни лица кои се занимаваат со традиционална и комплементарна медицина, пирсинг, тетовирање и вршат акт…
Тоа е мало национално богатство кое дава белег на еден живот и минато време кое не се враќа, вели колекционерот на ѕвонци, Вангел Наумоски. Тој во населбата Мислешево струшко, во поткровјето на својата куќа изложил 150 примероци. Скопскиот, големиот, елбасанскиот, рушениот, рајчкиот, се имиња на ѕвонци. Тие се сместени во куќата на поткровјето на Вангел Наумоски, кој секој ден со огромно задоволство и нескриени страсти ги гледа, 3 – 4 пати. Наумоски кажа дека ѕвонците го потсетуваат на времето од неговиот татко, кога во родното место, селото Мали Влај, струшко, одгледувале добиток, околу 5…
Во 2009 до Дирекцијата за заштита на личните податоци пријава за злоупотреба на лични податоци на интернет дале 130 лица, најчесто од мрежите за дружење како Facebook. Казните за злоупотреба на личните податоци преку интернет, ако се докажaт се високи. Децата и нивните лични податоци како категорија се најзагрозени. Дали знаете што вашето дете работи на интернет? Колку е тоа заштитено? Колку се заштитени неговите лични податоци? Дирекцијата за спречување на злоупотреба на личните податоци отпочна кампања за подигање на свеста, пред се кај учениците, со цел запознавање со опасноста која дем…
Осомничениот Перо Шулески кој се терети за сторено кривично дело убиство, останува во психијатриската болница Скопје. Имено, денеска во Основниот суд во Струга, требаше да се дадат завршните зборови по претресот на ова дело. Судскиот спор го водеше судијата Фатмир Даути. Застапникот на обвинението Фикрие Бектеши, поради утврдена друга фактичка состојба согласно доказната постапка, ја измени точката еден од законот за убиство, член 123, во која стои „тој што друг ќе лиши од живот ќе се казни со затвор од најмалку 5 години“ и вметна поригорозен обвинителен акт каде законот предвивува казна н…
Вода измешана со фекалии, ги поплави граѓаните на Струга. Ул. „Кременица“, е дел од поплавените, каде живеат луѓе од сите етнички заедници во мултиетничка средина и досега како што кажаа тие меѓу нив немало проблем. Но деновиве, тие се борат со елементарната непогода. Нивните дворови се поплавени. Сами се борат со надојдената вода која како што велат смрди и е преполна со ѓубре. Канализационата мрежа и нечистените канали дополнително ја влошуваат и онака незавидната состојба.Конечно некој се сети и на нас, вели Кујтим Лимани жител на ул „Кременица“. Тој крајно е незадоволен од државните и л…
Ветената нова училишна зграда во Струга ќе почека. Тоа беше еден од условите за да се смират тензиите во струшките средношколски центри „Нико Нестор“ и „Ибраим Темо“.Без ново училиште немирите во Струга тропаат на голема врата. Префрлување на вината од еден на друг, стана добра пракса на одговорните да се оправдаат пред оние кои им ја дале довербата, граѓаните. Министерот за образование Никола Тодоров вчера од Охрид изјави дека направиле неколку обиди да добијат одобрение за градба, но од општина Струга сеуште немале добиено решение. Тодоровски и покрај бројните укажувања за можна ескалациј…
Денес во Струга со најнови информации во врска со моменталната состојба на јавноста и се обратија директорот на Центарот за управување со кризи Панде Лазаревски и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Шабан Салиу.Нивото на Охридското езеро го сруши рекордот од 1968 година, кога изнесуваше 18 цм. Денес е 20 цм над максималната кота. Директорот на Центарот за управување со кризи, Панде Лазаревски, денеска во Струга ја потврди моменталната состојбата на водостојот на Охридското езеро. Тој посочи дека надлежните структури ги преземаат неопходните чекори и го балансираат испустот н…
Останаа затворени уште две клапни од браната во Струга од каде се испушта водата од езерото. Се зголемува ризикот од поплава во населените места на охридско – струшкиот регион. Алармантната и напната состојба се повеќе се наметнува меѓу населението а одговорните смируваат. Човечкиот фактор е причината за се ова што ни се случува последниве неколку денови, вели Мате Гогоски, еколог од Струга. Доколку не се регулира хидротехничката брана на ХЕЦ „Глобочица“ во Струга може да настане катастрофа, додава тој.Опасноста ќе се зголеми доколку почнат нагло да се топат снеговите, вели Гогски. Но конкр…