Мар 19, 2010

„Да спиеме добро – да останеме здрави“

За сите оние кои уживаат  во спиењето или имаат проблеми со него, ова е нивен ден. Имено денес е  Светскиот ден на спиењето, кој годинава се одбележува под мотото „Да спиеме добро – да останеме здрави“.Светскиот ден на спиењето е интернационален настан кој има за цел да го прослави самиот акт на спиење и да ја подигне свеста кај луѓето за проблемите и нарушувањата поврзани со него. Настанот е спонзориран од Светската асоцијација на медицината на спиењето, составена од експерти за спиењето од целиот свет. Од недамна е познато дека квалитетниот сон е важен за нашето здравје. Со други зборови,…

Мар 19, 2010

Добар повод за посета

СОУ „Ибраим Темо“ денес го одбележа својот патрон. Со едночасовна културно уметничка програма, на три јазици, македонски, албански и турски, учениците докажаа дека ова училиште не е веќе место на немири туку поле на меѓуетнички соживот.„Ибраим Темо“ е дел на првата гимназија во Струга која била основана во далечната 1960 год, со 123 ученици распоредени во 3 паралелки, 2 на македонски 1 на албански јазик. Во присуство на голем број ученици, гости, професори и видни личности од Струга и пошироко, учениците денес докажаа дека се надминати бариерите на меѓуетничка нетолеранција и меѓу нив попст…

Мар 19, 2010

Разрешен претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Струга

Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Струга, Славко Котески, бил разрешен на синоќешната седница на општинската организација на партијата.Во информацијата што е објавена не се наведува причината за разрешувањето, а како можен наследник на Котески се спомнува пратеничката Лилјана Затуроска.Според деловникот за работа на комитетот, идниот претседател ќе се избира преку јавен конкурс.{loadposition content9}

Мар 18, 2010

Колекторскиот систем не е во функција

Ситуацијата со испуштањето на фекални води во езерото и реката Дрим повеќе од алармантна, истакна денес на прес конференција градоначалникот на Струга Рамиз Мерко. Мерко најави средба на градоначалниците на Охрид и Струга со Министерот за Транспорт и Врски на почетокот на идната недела. Иако сите релевантни институции на централно и локално ниво беа вклучени во справувањето со ситуацијата со временските непогоди и зголемениот водостој на Охридското езеро и реката Дрим, сепак струшкиот градоначалник не е задоволен од улогата на ЕЛЕМ во сето тоа. Трошоците кои моментално се на товар само на М…

Мар 18, 2010

Маријачи во Струга

Културата, традицијата и спецификата на Маријачи Империјал де Америка прифатена насекаде. Оваа група доаѓа од Тексас САД. Тие синоќа одржаа концерт во Струга на чаршискиот мост. Музичкиот спектакл стружани долго ќе го паметат. Оваа група е на мини турнеја во три града низ државава, Струга, Штип и Скопје. Американската амбасада е организатор на оваа турнеја. Аташето за култура на САД во Р. Македонија, Џон Сурфес, рече, „идејата е да се доживее различноста на културата што постои во САД“. Додаде, дека концертот се одржал во Струга поради тоа што овој град е типичен пример на различност во кул…

Мар 17, 2010

Трагична состојба на регионалните патишта

„Дупка до дупка. Жалосно за патот. Ударните дупки во Струга кошмар за учесниците во сообраќајот, посебно за возачите. Нема ден без да се оштети некое возило. Страдаат гуми, бандаши, амортизери, крила и предници на возила. Секој месец возилата ги носиме на сервис и центрирање на гумите. Ова е неиздржливо и нема каде да се обратиме, години наназад никој нема слух за нас“. Ова се само дел од изјавите на граѓаните кои секојдневно ја минуваат оваа релација. Мештаните на струшкото село Враништа посебно се засегнати од овој проблем. Тие сметаат дека време е да се направи нешто бидејќи состојбата е…

Мар 17, 2010

Првиот Национален консултативен состанок за Дримскиот басен во Охрид

Проектот за управување со басенот на реката Дрим почнува со своја динамика. Првиот Национален консултативен состанок веќе договорен, ќе се одржи во Охрид на 27-28 мај, потврдуваат од билатералниот секретаријат.Проектот за управување со Дримскиот бесен започнува со својата динамика. Од Билатералниот секретаријат за сливот на Охридско Езеро информираат дека заедно со носителот на активностите Global Water partnership договорено е првиот Национален консултативен состанок да се одржи на 27-28 Мај 2010 година , токму во Охрид . На состанокот треба да се поделат задачите до различни институции и …

Мар 16, 2010

Невеста по нарачка

„Езерка“ будно ја демне трговијата со луѓе. Трговците не бираат начин за вовлекување на жртвата во овој вид на криминал. Во моментов во тренд е невеста по нарачка. Загрижува возрасната граница. Жртвите се најчесто на 12 години.Невеста по нарачка. Овој тренд не ја одминува и нашата земја. Во последно време млади македонки се почесто се невести по нарачка во Франција. Со тоа тие стануваат жртви на трговија со луѓе. Таму ги чека пекол и изложени се на ригорозни тортури. Овие сознанија произлегуваат од најновите податоци на Сојузот на жени „Езерка“ Струга, кои ги добиле преку МВР и Министерство…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top