Апр 6, 2010

Дамка за Вевчани

Политички реваншизам. Тепачката што се случи во Вевчани пред кафетеријата Плаза меѓу членови на ВМРО – ДПМНЕ е ескалација на веќе постоечки проблеми помеѓу членството. Тони Дејкоски активист на партијата од 1991 година, со тешки обвинувања до вевчанскиот пратеник Крсто Мукоски. Според неговите искажувања, на празникот Велигден бил повикан од пратеникот Мукоски на кафе во кафетеријата Плаза. Иако веќе подолго време помеѓу нив владело нетрпение, тој се согласил на поканата со надеж дека ќе ги надминат меѓусебните разбирања. Но, наместо мирна средба, од за него непознати причини како што вели …

Апр 5, 2010

Хотелот Дрим од Струга, го обели образот на Охридско-Струшката ривиера

Рецепт за успех постои. И покрај тоа што повеќе од хотелите во Охрид и Струга беа полупразни, хотелот Дрим од Струга за велигденските празници полн. Исто така и хотелот Београд во центарот на Струга полн. И во двата хотели најбројни гостите од соседна Грција. „Претходно на хотелот Дрим му претстоеше едно реноирање, за да на први овој месец ги пречека токму први гостите од Грција, информира шефот на продажба од хотелот, Бакал Љуљзим. Рецептот за успешно работење е едноставен“, додава тој.Од хотелот додаваат дека веќе во саботата се барало легло повеќе, па биле приморани да одбијат дури гости…

Апр 5, 2010

Едни садат, други сечат

Струшките советници протестираат против концесијата за каменолом во Лабуништа, месност Kалишта, Струшко. Тие велат дека многу дрвја биле исечени  за да се направи пат до каменоломот.  На сите кои имаат дел во овие проекти им порачуваат дека нема да ги остават на раат. Додаваат дека ако протестите не вродат со плод,  ќе го блокираат патот Струга-Дебар. „Неофицијално разбравме дека тројца концесионери се вклучени во работата. За патот до каменоломот веќе се исечени многу дрвја“, вели советникот од Нова демократија, Абдула Чезиноски.  „ Кога една држава сака да ја гради иднината засадува дрвја…

Апр 3, 2010

Глувите со полесен пристап до информации

Три генерации од охридското семејството Велиу се глуви. Ведрите членови на семејството секој ден во 20 часот се пред  малиот екран – го следат специјалниот дневник на ТВМ прилагоден за глуви и наглуви  лица. Тие не го кријат  задоволството што сега им се достапни сите информации и случувања во градот.Шкендие Ељмази Велиу вели сакаме да  гледаме телевизија со превод, не интересира. За глувите има многу малку превод за да разберат што се случува. Добро е сега што можеме да разбереме што се случува. И моите деца ги следат вестите и  ги разбираат информациите. Порано беше потешко не можев да ра…

Апр 3, 2010

Добредојдена помош

Сторијата која ТВМ ја направи за Митреви кај многу граѓани ја разбуди хуманоста. Се насмевнаа лицата на Митреви. Ова семејство денес го посети претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Атанаско Михаилов, со дел од неговиот тим. Станува збор за петтчленото семејство кое е социјален случај и за кое ТВМ во неколку наврати инфомираше. Како што е познато, Митреви живеат на раб на егзистенција и се борат со тешка немаштија, без струја и основните елементарни услови на живот. Михаилов рече дека за ваквите семејства мора да има посериозен институционален пристап и порача сите кои се во можност да помогнат кол…

Апр 2, 2010

Алкохолот се поприсутен и подостапен за младите

Пороците демнат на сите страна. Алкохолот се повеќе меѓу младите. Прекумерното користење на алкохол по себе повлекува и други негативни последици. Посебно загрижува што женската популација е на тапет и тоа на се помала возрасна граница, вели Драгица Павлеска Попеска од НО „Езерка“. Додава, дека после пијанството девојките не знаат што ги чека и што се може да им се случи.Попеска потенцираше дека очигледно родителите малку им посветуваат време на своите деца. Таа вели дека домашното воспитание недостасува кај децата. Попеска додаде дека мора да се седне на иста маса со родителите, бидејќи сп…

Апр 2, 2010

Македонија без лабoраторија за испитување на квалитетот на производите

Квалитетот на белата техника што се продава во нашата земја сеуште не се испитува во современа лабoраторија. Засега, купувачите при изборот  на производите не можат да бидат сигурни колку она што го купуваат е безбедно и квалитетно. Според најавите од пазарниот инспекторат наскоро ќе се оформи современа  лабораторија за испитување на производите и во нашата земја. „Тоа ќе биде голема придобивка за купувачите. Нема да се среќаваат случаи на небезбедни производи“ нагласува Бошалески.Владата веќе дала зелено светло за лабараторијата, формирано е и одделение кое ќе ја прати целата постапка. Пре…

Апр 1, 2010

Помор на риби во Коселска река

Еколошки инцидент во селото Орман. Претпладнево по  самостојно и нестручно чистење на сепричка јама се случи помор на риби во Коселска река која директно се влива во Охридското езеро.  „Ова не се случува по прв пат и не само овде, велат екологистите од Грашница кои го пријавија инцидентот. Кај сите  природни водотеци од Орман, Горно и Долно Лакочереј и Косел има чести појави од излевање на септичките јами во природните токови, обвинува Ванчо Стојаноски од Грашница.„Конкретно овде имаме чистење на јами, што допринесе да се случи помор на рибите“, вели Ванчо Стојаноси од ЕД Грашница.Утрово ко…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top