Едни садат, други сечат

Струшките советници протестираат против концесијата за каменолом во Лабуништа, месност Kалишта, Струшко. Тие велат дека многу дрвја биле исечени  за да се направи пат до каменоломот.  На сите кои имаат дел во овие проекти им порачуваат дека нема да ги остават на раат.

 |  Татјана Маленкова  | 
labunishta
Лабуништа

labunishtaСтрушките советници протестираат против концесијата за каменолом во Лабуништа, месност Kалишта, Струшко. Тие велат дека многу дрвја биле исечени  за да се направи пат до каменоломот.  На сите кои имаат дел во овие проекти им порачуваат дека нема да ги остават на раат. Додаваат дека ако протестите не вродат со плод,  ќе го блокираат патот Струга-Дебар.

„Неофицијално разбравме дека тројца концесионери се вклучени во работата. За патот до каменоломот веќе се исечени многу дрвја“, вели советникот од Нова демократија, Абдула Чезиноски.  

„ Кога една држава сака да ја гради иднината засадува дрвја за иднината. Ќе видите колку ли само дрвја се уништени за да се направи пат до каманоломот. Ги молам сите министри одговорни за давањето на оваа концесија истата да ја спречат затоа што не само што и наштатува на средината, туку во прашање се става и животот на луѓето“, вели Абдула Чезиноски, советник Нова демократија.

Чезиноски додава дека во протестите нама никава политичка заднина, туку дека идејата е заедо со жителите од Лабуништа да покажат единство, со цел да се прекине проектот.

„ Ова е почеток. Сакам да им кажам на сите кои се зафатени со овие проекти дека нема да ги оставиме на раат и мир, туку им се закануваме. Одговорно кажувам дека ако ови протести не му дадат порака на министретвото ќе го блокираме проодниот пат Струга – Дебар, се додека не се повлечат овие концесии“, вели Чезиноски.

Советниците  кои протестираа додаваат дека тие не се против да се профитира, но тоа да се прави на добар и чесен начин. Останува да го видиме потегот на министртвото во врска со изградбата на каменоломот во Лабуништа.  

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top